Општина Неготино
На седница на Советот ќе се усвојува Буџетот на општина Неготино за 2018 година PDF Печати

   Утре (вторник 19.12) со почеток од 17,00 часот ќе се одржи седница на Советот на општина Неготино на која е предвидено советниците да го разгледаат, да дискутираат по него и да го усвојат Буџетот на општина Неготино за наредната 2018 година, одлуката за негово извршување, а ќе се разгледа и предлог-проекцијата на општинскиот Буџет за 2019 и 2020 година. Според предложениот дневен ред, на седницата ќе се најде предлог-одлуката за согласност за имплементирање на проектот „Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина“ и учество на ЈП„Комуналец“ во овој проект, одлуката за учество на СОУ„Св. Кирил и Методиј“ во имплементирањето на проектот „Енергетска ефикасност во прекугранична област како индикативен фактор на политика на животна средина, предлог-програмата за изменување на програмата за локален економски развој на општина Неготино за 2018 година, како и измените на програмата за комунални дејности и уредување на градежното земјиште. На дневен ред ќе се најдат и други точки за расправа од делокругот на работа на Советот на општина Неготино.

Повеќе...
 
Ќе се формира координативно тело за подобрување на состојбите со водоснабдувањето PDF Печати

   Претставници на локалната администрација, на Јавното претпријатие „Комуналец“,претставници на градежни фирми и проектантски куќи и други компетентни лица зедоа активно учество на работниот состанок кој беше инициран од градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а на кој се дискутираше за актуелните состојби со водоснабдувањето во општината и преземањето на мерки и активности за нивно подобрување. Во воведното обраќање градоначалникот Делков ги запозна присутните со досега реализираните активности и зафати за подобрување на состојбите со водата за пиење и воедно предложи насоки и правци во чии рамки би се одвивале активностите за еден од приоритетите на градоначалникот и на општината-решавање на проблемот со водоснабдувањето. За таа цел, се донесе заклучок во рамките на општина Неготино да биде формирано Координативно тело кое ќе ги следи состојбите на овој план, ќе дава предлози за спроведување и насоки за конечно решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето што го имаат граѓаните на општина Неготино.

Повеќе...
 
Ќе нема организиран дочек на Нова година-средствата ќе се наменат за хуманитарни цели PDF Печати

  Драстично опаднатиот интерес кај населението од општина Неготино последниве години за присуство на овој настан и лошата финансиска состојба на локалната самоуправа, се само дел од причините поради кои е донесена одлука оваа година на градскиот плоштад во Неготино да не се организира заеднички дочек на Новата 2018-та година. Со одлука на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков ќе се изврши пренамена на средствата предвидени за организирање на оваа манифестација, истите ќе бидат наменети за хуманитарни цели и овие пари ќе бидат донирани на семејство или установа каде што ќе се утврди дека средствата се најпотребни. Инаку, наместо организиран дочек, стручните служби при локалната самоуправа во координација со надлежните институции од општината подготвуваат и ќе организираат дневен музичко-забавен хепенинг кој ќе се одржи на 27 и 28-ми декември 2017 година на градскиот плоштад во Неготино со учество на повеќе категории учесници. За содржините на овој настан граѓаните на општината ќе бидат точно и благовремени информирани во наредните неколку денови.

Повеќе...
 
Честит празник Свети Климент Охридски ! PDF Печати

   Почитувани граѓани на општина Неготино ! Би сакал од мое лично име како градоначалник на општина Неготино и од име на локалната самоуправа да Ви го честитам празникот 8-ми декември Свети Климент Охридски и да Ви посакам истиот да го поминете во пријатна домашна атмосвера. Свети Климент Охридски го славиме како македонски светец и еден од учениците на светите Кирил и Методиј кој во 886 година ја формира Охридската книжевна школа попозната како „Првиот словенски универзитет“ од кој излегле подготвени над 3.500 ученици. Исто така тој е и познат македонски и словенски учител, а Свети Климент бил и првиот Епископ Словенски со титулата Епископ Велички. Во чест на овој македонски светец го славиме и празнуваме 8-ми декември. Нека ни е за многу години празникот !

 
Градоначалникот Делков оствари работна средба со потенцијален инвеститор од Турција PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, на нивно барање, прими и се задржа во краток разговор со претставници на фирмата „Симекс груп“ од Бурса-Република Турција на која гостите ги презентираа своите намери да инвестираат во отворање производствен погон на подрачјето на општина Неготино во кој на почетокот вработување би нашле 10-тина невработени граѓани од неготинска општина. Имено, „Симекс груп“ планира во Неготино да отвори погон во кој ќе се произведува опрема за пчеларство за што веќе ги имаат обезбедено и потребните машини за старт на производството. Градоначалникот Делков истакна дека секое едно ново вработување ќе претставува бенефит за едно семејство од нашата општина и негова и интенција на општина е да се создадат што е можно повеќе и подобри услови и други компании да покажат интерес за инвестирање во општина Неготино, отворање нови работни места и намалување на бројот на невработени. Првиот човек на општината Делков ги запозна потенцијалните инвеститори со одличната местоположба на нашиот град, како и со фактот дека општината располага со веќе подготвени градежни парцели за продажба во Индустриските зони,а гостите од Турција покажаа интерес за купување на една од споменатите градежни парцели.

Повеќе...
 
Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) објави Јавен повик за финансиска поддршка на граѓански здруженија и организации PDF Печати
Европската асоцијација за локална демократија АЛДА објави Јавен повик за финансиска поддршка на граѓански организации кои работат во областа на локална демократија, креирање и спроведување јавни политики на локално ниво и соработка со локални самоуправи во рамки на проект „Граѓанските организации во служба на локалната демократија“ спроведуван од: Европската асоцијација за локална демократија (АЛДА) – Скопје, Здружението на финансиски работници на локалната самоуправа и јавните претпријатија (ЗФР) и Европското движење (ЕД).
Проектот е финанасиран од Делегацијата на Европската унија во Скопје преку ИПА програмата за поддршка на граѓанското општество и програмата за медиуми 2015.
Пријавите се доставуваат најдоцна до 24.12.2017 година до 17.00 часот, на следната e-mail адреса: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
Повикот со детални информации и образец за пријавување можете да најдете на следниот линк: http://www.alda-europe.eu/newSite/news_dett.php?id=2058
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 1 од 137