Општина Неготино
ЛАЗАР ДИМОВ ДОБИТНИК НА НАГРАДАТА ,, 8-ми НОЕМВРИ ,, PDF Печати

   Врз основа на одлуките донесени од советниците во Советот на општина Неготино, на свечената седница на добитниците им беа врачени осмоноемвриските признанија и награда, како и признанието ,, почесен граѓанин,,. Оваа година признинија по повод општинскиот празник им беа врачени на Косте Волкановски- постхумно, на проф. д-р Невенка Димитрова, Ѓорѓи Ѓорчев, Димитар Ѓорѓиев, Службата за превентивна здравствена заштита при Здравствен дом Неготино, Миле Крстев, Сузан Шол, фабриката Слобода АД Неготино и на Ристо Пискачев. Признанието ,, Почесен граѓанин ,, и клуч од градот му беа доделени на долгогодишниот активист на Германскиот црвен крст од покраината Баеден – Витенберг Ханс Милер. Највисоката општинска награда ,, 8-ми Ноември,, за животно дело ја доби Лазар Димов – поранешен претседател на Извршен совет на Собранието на општината, претседател на Собранието на општина Неготино, пратеник во Собранието на Република Македонија и директор на ТЕЦ Неготино.

Повеќе...
 
ПУШТЕН ВО УПОТРЕБА УРБАНИОТ КОМПЛЕКС ,, АНТОН ПЕГАН ,, PDF Печати

   По двегодишно финансирање на проектот и изведување на градежни работи, заокружен е и ставен во функција урбаниот комплекс на улицата Антон Пеган со што на граѓаните кои овде имаат изградено или се со намера да градат станбени или стопански објекти, им се обезбедени сите неопходни услови за вселување или започнување со работа. Лани на овој простор се изврши тампонирање на дел од улиците, беа поставени бетонски рабници, по што се изврши асфалтирање за што од Буџетот беа издвоени 5 милиони денари.Исто толку средства се реализирани и оваа година за уредување на простор од 2.200 м2 при што пробиена е обиколницата со инсталирање на водоводна, канализациона и технолошка мрежа, поставена е атмосферска канализација, сето заокружено со асфалтирање на улиците во населбата. Во завршна фаза се и работите околу изградбата на мостот на Тимјаничка река за што од општинскиот Буџет се реализирани средства од 4 милиони денари, или севкупно за уредувањето на овој урбан комплекс од Буџетот на општина Неготино потрошени се 14 милиони денари.

Повеќе...
 
ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА НОВО ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ PDF Печати

   На пригодна свеченост, а во рамките на одбележувањето на празникот на општина Неготино – 8-ми Ноември, во употреба беше пуштено новоизграденото детско игралиште лоцирано на потегот помеѓу улиците Фемо Кулаков и Марксова. Вредноста на изведените работи и набавените реквизити изнесува над 2 милиони денари, а работите ги изведе ГП Градба промет. Во негов состав  има игралиште за кошарка, игралиште за мали деца и песочник, поставена е соодветна урбана опрема, корпи за отпадоци и клупи за седење, на пешаките патеки поставени се бехатон коцки, а се предвидува целата околина да биде засадена со трева, садници од липа и див костен. Со изградбата на овој објект општина Неготино продолжува со континуирано спроведување проекти преку чија реализација на младите генерации, и не само нив, им се овозможуваат услови за правилен психофизички развој преку создавање можности за спортување и рекреирање.

Повеќе...
 
НОВ ГРАДСКИ ЗАБАВЕН ПАРК ВО СААТ – КУЛА PDF Печати

  За исклучително краток период на просторот кој до неодамна претставуваше обична голина изграден е и пуштен во употреба нов градски забавен парк во населбата Саат – кула каде што во иднина населението од овој крај од сите генерации ќе може во одмор и релаксација да поминува дел од своето слободно време. Проектот е реализиран со средства од општинскиот буџет во висина од 2,5 милиони денари, а во негов состав поставена е фонтана, изградени се пешачки патеки во паркот и на околните улици, поставени се клупи за седење, како и повеќе разновидни елементи за забава и рекреација на најмладите сограѓани, а околината на ниовиот градски – забавен парк ќе биде оплеменета со зеленило. Градоначалникот Пане Трајков истакна дека во соработка со Агенцијата за млади и спорт предвидено е заокружување на овој простор со изградба на повеќенаменско игралиште од проектот за изградба на 100 маалски игралишта во Македонија, а се планира изградба  и на тениски терени.

Повеќе...
 
НОВ БИЗНИС ИНФО ЦЕНТАР ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Стопанската комора на Македонија и Регионалната комора на Братислава – Словачка ја организираа завршната конференција на проектот – Зајакнување на малите и средни претпријатија – пат кон економски раст и пристапување кон Европската унија. Проектот има за цел на македонските партнери да им обезбеди словачки искуства за интеграција во ЕУ, развој на пазарот и на бизнис-амбиентот преку проверени мерки за поддршка на претприемништвото, како и подобрување на бизнис климата.Во рамките на проектот во Неготино е отворен нов бизнис инфо центар, односно регионален инфо – пулт со лице кое ги обезбедува услугите, а врз основа на здобиените информации од одржаните обуки. Новиот бизнис инфо центар треба да го обезбеди првиот контакт се претставниците на бизнис секторот и преку нивните оперативни услуги да обезбедат поддршка на развојот на приватниот сектор од општина Неготино.

Повеќе...
 
РАБОТИЛНИЦА ЗА ПРЕВЕНЦИЈА НА МАЛОЛЕТНИЧКО ПРЕСТАПНИШТВО PDF Печати

   Претставници на општина Неготино учествуваа на работилница која ја организираа канцеларијата на УНИЦЕФ и Државниот совет за превенција од малолетничко престапништво, а на која се расправаше за активностите за имплементација на Законот за малолетничка правда согласно кој Советот на општината именува општински Совет за превенција на малолетничкото престапништво. Покрај именувањето на членови на ова тело, планирано е организирање тренинг-работилници за целите, задачите, надлежностите, составот, локалните превентивни програми, како и развивање на локални акциони програми за превенција на малолетничкото престапништво и третманот на малолетните сторители на кривични дела и прекршоци.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Следно > Крај >>

Лист 170 од 189