Општина Неготино
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА РЕЧНИ КОРИТА PDF Печати
Согласно Одлуката  на  Владата  на Република Македонија  за отстапување  на дизел гориво  Еуродизел  БС  од стоковите резерви  на Општина Неготино  бр.51-7393/1 од 28 декември 2011  година  и Акциониот план за чистење  на речни корита  во Република Македонија  за 2012 година,  Општина Неготино објавува

                                                              Ј А В Е Н      П О В И К
1. Предмет  на јавниот повик е: ангажирање на градежна механизација за  чистење на речни корита согласно Одлуката  на Владата  на Република Македонија  за отстапување  на дизел гориво  Еуродизел  БС  од стоковите резерви  на Општина Неготино  бр.51-7393/1 од 28 декември 2011  година    и Акциониот  план за чистење  на речни корита  во Република Македонија за 2012 година.
2. Право на учество во јавниот повик: се повикуваат сите заинтересирани  правни лица кои  поседуваат градежна механизација и имаат интерес да се  вклучат   во Акцијата за чистење на  речни корита  да  поднесат барање со листа на расположиви градежни машини и транспортни возила со краен рок на достава на ден 22.06.2012 (петок) во архивата на Општина Неготино.
Поднесените барања ќе ги разгледа Комисија во состав :
1.Зоран Лазов
2.Александар Јованов
3.Ѓоке Темелков
Со правните  лица ќе биде склучен  Договор за нивно ангажирање
 
ПАРАЛЕЛНИОТ СИСТЕМ ЗА ПОЛЕВАЊЕ НА ДВОРНИТЕ ПОВРШИНИ СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА PDF Печати

 ПО ПОСТИГНУВАЊЕТО НА КОМПРОМИСЕН ДОГОВОР ПОМЕЃУ ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ИСПОРАЧАТЕЛОТ НА УСЛУГАТА ВОДОСТОПАНСТВО ТИКВЕШ, НА ЗАДОВОЛСТВО НА ГРАЃАНИТЕ НА НЕГОТИНО  ВОДАTA ПОВТОРНО ПОТЕЧЕ НИЗ ПАРАЛЕЛНИОТ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ДВОРНИТЕ ПОВРШИНИ. ИНАКУ, НЕГОТИНО Е ЕДНА ОД РЕТКИТЕ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА КОЈА ИМА ИЗГРАДЕН ПАРАЛЕЛЕН СИСТЕМ, А ОСНОВНАТА ЦЕЛ Е ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА  ВОДАTA ЗА ДРУГИ НАМЕНИ, ДА ДОЈДЕ ДО ЗАШТЕДА НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ.  ПРИДОБИВКИТЕ ОД СИСТЕМОТ УШТЕ ПОВЕЌЕ ДОБИВААТ НА ТЕЖИНА АКО СЕ ЗНАЕ ДЕКА ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД НЕГОТИНЦИ СЕ СООЧУВААТ СО НЕДОСТИГ ОД ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, ПА ОД ЛОКАЛНОТО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СЕ ПРИМОРАНИ НА ДВА ПАТИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ДА ВОВЕДУВААТ НЕКОЛКУЧАСОВНИ РЕДУКЦИИ. ОДГОВОРНИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СЕ ДЕЦИДНИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА ПРОМЕНИ ВО ЦЕНАТА НА  ВОДАTA ЗА ПОЛЕВАЊЕ.  ЗА ГРАЃАНИТЕ ТАА ИЗНЕСУВА О,25 ДЕНАРИ ПО КВАДРАТ ДВОРНО МЕСТО, ШТО ЗНАЧИ АКО СЕ НАВОДНУВА ПОВРШИНА ОД 400 КВАДРАТНИ МЕТРИ, ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАТИ СИМБОЛИЧНА ЦЕНА ОД 100 ДЕНАРИ МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ВОДА. ОПШТИНАТА ПАК, СО СРЕДСТВА ОД 1 МИЛИОН ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА КОМУНАЛНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ КОЕ Е ЗАДОЛЖЕНО ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИТЕ ГРАДСКИ ПОВРШИНИ.

Повеќе...
 
ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА ПРОЕКТОТ ,, ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА ,, PDF Печати

  СО ПОТПИШУВАЊЕТО НА ДОГОВОРОТ ОД СТРАНА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ПАНЕ ТРАЈКОВ И ДИРЕКТОРОТ НА ЦЕНТАРОТ ЗА ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ ,, АЛКА ,, ОД СКОПЈЕ ЖАРКО ЏИПУНОВ КОЈА Е ФИРМА ИМПЛЕМЕНТАТОР ВО ИМЕ НА ШВАЈЦАРСКАТА АГЕНЦИЈА ЗА РАЗВОЈ И СОРАБОТКА, ЗАПОЧНА РЕАЛИЗАЦИЈАТА НА ПРВАТА ФАЗА ОД ПРОЕКТОТ ФОРУМИ ВО ЗАЕДНИЦАТА.  ВКУПНАТА РАСПОЛОЖЛИВА СУМА ИЗНЕСУВА 4,8 МИЛИОНИ ДЕНАРИ, СО ПОЛОВИЧНО ФИНАНСИСКО УЧЕСТВО НА ПОТПИСНИЦИТЕ НА ДОГОВОРОТ. ОПШТИНА НЕГОТИНО ИЗЛЕГУВА СО 3 ПРЕДЛОГ-ПРОЕКТИ И ТОА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД, УПРАВУВАЊЕ СО СМЕТОТ ВО НАСЕЛЕНИТЕ МЕСТА И ИЗГРАДБА НА КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО РУРАЛНИТЕ СРЕДИНИ, НО СЕПАК КАКО ВРВ НА ДЕМОКРАТСКОТО ОДЛУЧУВАЊЕ, ГРАЃАНИТЕ ЌЕ БИДАТ ТИЕ КОИ ЌЕ ОДЛУЧАТ ЗА КОЈ ПРОЕКТ ДА СЕ УПОТРЕБАТ ПАРИТЕ.  ВО НАРЕДНИОТ ПЕРИОД СЛЕДУВА ОДРЖУВАЊЕТО НА ФОРУМСКИТЕ СЕСИИ НА КОИ ЌЕ СЕ УТВРДУВА ПРИОРИТЕТОТ ЗА РЕАЛИЗАЦИЈА, А ПО ЗАВРШУВАЊЕТО НА ИСТИТЕ И ИЗБОРОТ НА ИЗВЕДУВАЧ, ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ ТРЕБА ДА ЗАВРШАТ ВО РОК ОД 6 МЕСЕЦИ.

Повеќе...
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО НА РАДОВИШ ЕКСПО 2012 PDF Печати

  Во рамките на одржаниот саем  на Региони во Југоисточна Европа во период од 07 до 09 Јуни 2012 година во Радовиш , на покана од општина Радовиш свој придонес , учество и презентација  во рамките на програмата на организираниот саем даде Вардарскиот плански регион во чии рамки се претстави и општина Неготино.
Вардарскиот плански регион и општина Неготино, реализираа претставување  во рамките на Програмата ,,Радовиш Експо 2012” кој се состоеше од два дела – Изложбено саемско претставување на регионите (општините) и Претставување на Централна презентација ,,Форумски панели”.

Повеќе...
 
ПОВИК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРЕДЛОГ- ПРОЕКТИ - ЛУДВИГ БОЛЦМАН ИНСТИТУТ PDF Печати

Повик за доставување на предлог проекти 2012

Предлог проект

Предлог буџет

 
Хит театарска претстава “НИ ВАМУ НИ ТАМУ” PDF Печати

   Во организација на општина Неготино, а во рамките на програмата за култура, во чест на одбележувањето на Денот на културата, на 7 јуни (четврток) со почеток од 20.00 часот, ќе биде одиграна хит театарската претстава “Ни ваму, ни таму”. Жанрот на оваа претстава е урнебесна комедија со тематика од современиот живот. Инаку оваа комедија е моментален хит во Македонија со преку 20 изведби за само неколку месеци од премиерата, а истата е учесник и на реномираниот театарски фестивал “Војдан Чернодрински 2012”. Кратко сиже на претставата....Двајца Македонци, едниот иселеник, а другиот доселеник, случајно најдени на еден европски аеродром, на смешен начин ги фалат и кудат предностите и недостатоците на Mакедонија и „светот“. Кој, кај, што било, како ќе биде...Овде било вака, таму онака...Расправии - до тепање. Извонредна актерска игра. Де смешна, де озбилна. Длабока доживеаност и емотивно соголување. Реченици и изрази како пресадени од обичниот, секојдневен живот...Автор на претставата е Бојан Трифуновски, а играат Љупчо Тодоровски Упа, Мони Дамевски, Никола Крумев и др. Одлична можност за сите љубители на театарската уметност: четврток, 7 јуни, 20.00 часот, Центар за култура “Ацо Ѓорчев” - Неготино.                                  Влезот за претставата е бесплатен.

 

 
<< Почеток < Пред 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Следно > Крај >>

Лист 171 од 196