Општина Неготино
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ТРАЈКОВ ГИ ПРИМИ ДРЖАВНИТЕ ШАМПИОНИ ВО ШАХ PDF Печати

  Одличен успех на младите шахисти на ГШК ,, Неготино ,, на неодамна одржаното државно првенство  во шах. Во женска конкуренција на возраст до 12 години Ана Петрова го освои првото место и стана државен шампион, а истиот успех со освојувањето на првото место го оствари и Тони Лазов во машка конкуренција на возраст до 12 години. Со овие извонредни постигнувања, двајцата се стекнаа со право да учествуваат на Светското првенство во шах кое од 9 до 17 ноември, оваа година, ќе се одржи во Марибор-Словенија. Солиден успех постигна и Димитар Аврамов кој на Државното првенство во шах во машка конкуренција на возраст до 16 години беше третопласиран. Успесите на младите шахисти беа повод градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков да организира прием за нив, нивниот ментор велемајсторот Трајче Недев и родителите кој го искористи да се запознае со нивните резултати и да им честита на остварените постигнувањата. Притоа, градоначалникот Трајков истакна дека во рамките на расположливите финансиски можности, локалната самоуправа ќе го помогне нивното заминување на Светското шаховско првенство, од каде што исто така се очекуваат пријатни вести за нови големи успеси на младите неготински шахисти, иако и самиот настап на едно Светско првенство е успех за кој сонуваат сите спортисти.

Повеќе...
 
СЕ ОДРЖА ПРВАТА СЕСИЈА ОД ,, ФОРУМОТ НА ЗАЕДНИЦИТЕ ,, PDF Печати

   Со одржувањето на првата форумска сесија, започнаа конкретните активности од проектот Форуми на заедницата што заеднички го спроведуваат општина Неготино и невладината организација Алка која е имплементатор на Швајцарската агенција за развој. Стотина заинтересирани граѓани зедоа активно учество на почетокот од процесот на одлучување за тоа што е приоритет за реализација со средствата од проектот. Колку за потсетување, локалната самоуправа и невладината Алка имаат подеднакво учество од по 2,4 милиони денари, а конечниот збор околу утврдувањето на приоритетот ќе го имаат самите граѓани на општина Неготино. Општината излезе со три прелог-проекти за реализација – реконструкција на градскиот плоштад во Неготино, изградба на канализациона мрежа во населените места во општината и управување со сметот во руралните средини. Основна цел на проектот е преку искажани мислења и дадени предлози и сугестии од страна на учесниците на форумските сесии да се утврди кој проект е најцелисходно да се реализира, а конечниот збор за тоа да го имаат самите граѓани низ една крајно демократска процедура. Планирано е одржување на пет форумски сесии, утврдување на приоритетот за реализација,а конкретните активности на терен планирано е да завршат до септември, наредната година.

Повеќе...
 
КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА ВО ЧЕСТ НА КОСТЕ ВОЛКАНОВСКИ PDF Печати

   Во организација на полицискиот синдикат при Полициската станица- Неготино во салата на општината се спроведе втората по ред крводарителска акција во чест на бранителот Косте Волкановски кој животот го загуби во воените дејства во 2001-та година. Голем број негови колеги, но и други заинтересирани граѓани масовно се одзваа на повикот да даруваат крв и со својот хуман гест да придонесат за спасување на човечки живот, а меѓу дарители на најдрагоцената течност беше и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков, како и други лица од општинската администрација. Стручната екипа за трансфузиологија имаше полни раце работа во сите 8 часа додека траеше крводарителската акција, притоа излегувајќи им во пресрет на сите кои се одлучија да даруваат крв. Според добиените податоци, за време на акцијата реализирани се вкупно 65 крводарувања, што во овие летни месеци кога владеат пеколни горештини е извонредно висок број на крводарувања. Организаторот ветува дека оваа крводарителска акција ќе стане традиционална и ќе се одржува секоја година во чест на Волкановски.

Повеќе...
 
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ВОЛОНТИРАЊЕ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
Општина Неготино , врз основа на Програмата за волонтирање за 2012 , има потреба од ангажирање на волонтери во Општина Неготино, поради што објавува :


                                        ЈАВЕН ПОВИК
за аплицирање на кандидати за волонтирање во Општина Неготино

Се повикуваат сите заинтересирани кандидати - дипломирани економисти , дипломирани правници, дипломирани градежни инженери, дипломирани на јавна администрација  и  кандидати со  завршено средно образование да се пријават на јавниот повик врз основа на кој се организира волонтерска работа во Општина Неготино и тоа :
Повеќе...
 
ЈАВЕН ПОВИК ЗА ЧИСТЕЊЕ НА РЕЧНИ КОРИТА PDF Печати
Согласно Одлуката  на  Владата  на Република Македонија  за отстапување  на дизел гориво  Еуродизел  БС  од стоковите резерви  на Општина Неготино  бр.51-7393/1 од 28 декември 2011  година  и Акциониот план за чистење  на речни корита  во Република Македонија  за 2012 година,  Општина Неготино објавува

                                                              Ј А В Е Н      П О В И К
1. Предмет  на јавниот повик е: ангажирање на градежна механизација за  чистење на речни корита согласно Одлуката  на Владата  на Република Македонија  за отстапување  на дизел гориво  Еуродизел  БС  од стоковите резерви  на Општина Неготино  бр.51-7393/1 од 28 декември 2011  година    и Акциониот  план за чистење  на речни корита  во Република Македонија за 2012 година.
2. Право на учество во јавниот повик: се повикуваат сите заинтересирани  правни лица кои  поседуваат градежна механизација и имаат интерес да се  вклучат   во Акцијата за чистење на  речни корита  да  поднесат барање со листа на расположиви градежни машини и транспортни возила со краен рок на достава на ден 22.06.2012 (петок) во архивата на Општина Неготино.
Поднесените барања ќе ги разгледа Комисија во состав :
1.Зоран Лазов
2.Александар Јованов
3.Ѓоке Темелков
Со правните  лица ќе биде склучен  Договор за нивно ангажирање
 
ПАРАЛЕЛНИОТ СИСТЕМ ЗА ПОЛЕВАЊЕ НА ДВОРНИТЕ ПОВРШИНИ СТАВЕН ВО ФУНКЦИЈА PDF Печати

 ПО ПОСТИГНУВАЊЕТО НА КОМПРОМИСЕН ДОГОВОР ПОМЕЃУ ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА И ИСПОРАЧАТЕЛОТ НА УСЛУГАТА ВОДОСТОПАНСТВО ТИКВЕШ, НА ЗАДОВОЛСТВО НА ГРАЃАНИТЕ НА НЕГОТИНО  ВОДАTA ПОВТОРНО ПОТЕЧЕ НИЗ ПАРАЛЕЛНИОТ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ НА ДВОРНИТЕ ПОВРШИНИ. ИНАКУ, НЕГОТИНО Е ЕДНА ОД РЕТКИТЕ ОПШТИНИ ВО МАКЕДОНИЈА КОЈА ИМА ИЗГРАДЕН ПАРАЛЕЛЕН СИСТЕМ, А ОСНОВНАТА ЦЕЛ Е ПРЕКУ КОРИСТЕЊЕ НА  ВОДАTA ЗА ДРУГИ НАМЕНИ, ДА ДОЈДЕ ДО ЗАШТЕДА НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ.  ПРИДОБИВКИТЕ ОД СИСТЕМОТ УШТЕ ПОВЕЌЕ ДОБИВААТ НА ТЕЖИНА АКО СЕ ЗНАЕ ДЕКА ВО ЛЕТНИОТ ПЕРИОД НЕГОТИНЦИ СЕ СООЧУВААТ СО НЕДОСТИГ ОД ВОДА ЗА ПИЕЊЕ, ПА ОД ЛОКАЛНОТО КОМУНАЛНО ПРЕТПРИЈАТИЕ СЕ ПРИМОРАНИ НА ДВА ПАТИ ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ ДА ВОВЕДУВААТ НЕКОЛКУЧАСОВНИ РЕДУКЦИИ. ОДГОВОРНИТЕ ВО ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА СЕ ДЕЦИДНИ ДЕКА НЕМА ДА ИМА ПРОМЕНИ ВО ЦЕНАТА НА  ВОДАTA ЗА ПОЛЕВАЊЕ.  ЗА ГРАЃАНИТЕ ТАА ИЗНЕСУВА О,25 ДЕНАРИ ПО КВАДРАТ ДВОРНО МЕСТО, ШТО ЗНАЧИ АКО СЕ НАВОДНУВА ПОВРШИНА ОД 400 КВАДРАТНИ МЕТРИ, ЌЕ ТРЕБА ДА СЕ ПЛАТИ СИМБОЛИЧНА ЦЕНА ОД 100 ДЕНАРИ МЕСЕЧЕН НАДОМЕСТ ЗА КОРИСТЕЊЕ ВОДА. ОПШТИНАТА ПАК, СО СРЕДСТВА ОД 1 МИЛИОН ДЕНАРИ МЕСЕЧНО ЌЕ ГО СУБВЕНЦИОНИРА КОМУНАЛНОТО ПРЕТПРИЈАТИЕ КОЕ Е ЗАДОЛЖЕНО ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЗЕЛЕНИТЕ ГРАДСКИ ПОВРШИНИ.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Следно > Крај >>

Лист 173 од 199