Општина Неготино
ЗАВРШЕН НАСТАН ПО ПОВОД ПРОЕКТОТ - ЕФИКАСНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ЗАКОНОТ ЗА АНТИДИСКРИМИНАЦИЈА PDF Печати

  Општина Неготино во соработка со МТСП и Британски Совет го спроведуваше проектот – Ефикасно спроведуваење на Законот за заштита и спречување на дискриминација , кој имаше за цел запознавање на јавноста со овој Закон и подигање на свеста за заштитата на човековите права и почитувањење на различностите.
По успешната реализација на проектот кој се спроведуваше во 12 општини во Р. Македонија , МТСП организираше завршен настан во просториите на Влада на РМ на кој беа поканети градоначалниците на 12 –те општини , и на кој Министерот за труд и социјална политика им додели на Градоначалниците Сертификат за општини без дискриминација.

Повеќе...
 
ДИПЛОМИ ЗА ЗАВРШЕНА ОБУКА ВО РАБОТНИЧКИ УНИВЕРЗИТЕТ PDF Печати

  Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков и директорот на Работничкиот универзитет Коста Солаков на посетителите кои успешно ја завршија обуката за компјутери и странски јазици  им врачија дипломи. Станува збор за реализација на проектот Стручна квалификација – предуслов за подобра перспектива во чие спроведување учество зедоа 100 кандидати од општина Неготино кои предходно се пријавија по распишаниот оглас од страна на локалната самоуправа. Кандидатите кои ја следеа наставата беа поделени во 10 групи и тоа по информатика 5 групи со по 8 учесници, англиски јазик 4 групи со по 13 кандидати, додека францускиот јазик го изучуваше една група од 8 кандидати. Проектот беше финансиран со средства од Буџетот на општина Неготино во висина од 300.000 денари, а градоначалникот Трајков најави дека доколку во буџетот за наредната година се предвидат средства, реализација на уште еден ваков проект може да се очекува и во 2012 година.

Повеќе...
 
ДОДЕЛЕНИ 21 РЕШЕНИЕ ЗА ТРАЈНО ВРАБОТУВАЊЕ НАСТАВНИЦИ PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на 21 наставник и помошен кадар од двете основни и општинското средно училиште од градот им ги подели согласностите за вработување на неопределено време. Станува збор за наставници кои повеќе од 2 години работеле по договор на дело и кои на пригодната свеченост добија решенија за трајно вработување притоа не криејќи го сопственото задоволство од конечното решавање на нивниот егзистенцијален проблем. Градоначалникот Трајков на наставниците им посака во својот работен век на прво место да ги стават учениците и нивното образование. Инаку, доделувањето на согласностите се должи на измените и дополнувањата на Законот за работни односи со кои наместо дотогашните 5, решенијата за трајно вработување се доделуваат по 2 години непрекината работа во образовните установи.

Повеќе...
 
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД НЕГОТИНО ВО ПОСЕТА НА ПОПОВО – БУГАРИЈА PDF Печати

   Општина Попово беше домаќин на активностите од вториот проектен настан на тема ,, Европски ракотворби во руралниот туризам-важен декор за винската маса, Презентација и работилница за креирање на ракотворби и натпревар Највештиот готвач на домашна храна ,, од проектот ,, Креирање на мрежа на Европска винска традиција, култура и експертиза ,, од програмата Европа за граѓаните 2007-2013 година. На овој интернационален настан се претставија по 12 учесници од Неготино – Македонија и Минервино Ди Лече – Италија, како и 15 учесници од градот домаќин Попово – Бугарија, со тоа што групат од нашиот град се состоеше од претставници на институции, установи, здруженија и фирми.

Повеќе...
 
НЕГОТИНО НА САЕМОТ НА ОПШТИНИ ,, ЗЕЛС-ЕКСПО 2011 ,, PDF Печати

  Општина Неготино зеде активно учество на традиционалната саемска манифестација на општините ,, Зелс-експо 2011 ,, која во организација на Зедницата на единиците на локална самоуправа се одржа на Скопскиот саем. Саемот беше можност општината да  ги претстави своите досегашни активности, да ги презентира најдобрите проекти и да ги промовира идните планови за работа, а претставник на локалната самоуправа изврши презентација на проектите чија реализација е во тек. Општина Неготино во текот на двата саемски денови, на својот штанд имаше изложено пропаганден материјал преку кој на посетителите им овозможи да се запознаат со природните,  културните убавини и традицијата, како и можностите за локален економски развој. Годинашниот саем на општините беше во знакот на носечката тема ,, Локален економски развој и можностите на општините во Република Македонија ,, а причината за тоа е донесувањето на еден од позначајните закони за локалните власти – Законот за градежно земјиште.

Повеќе...
 
КРЕИРАЊЕ НА ЛОКАЛНА МЛАДИНСКА СТРАТЕГИЈА PDF Печати

   Неготино е една од трите општини во Македонија каде што во организација на Коалицијата на младински организаци СЕГА и Агенцијата за млади и спорт се имплементира проектот Креирање на локални младински стратегии чија основна цел е да се зголеми активното учество на младите во политичкиот, економскиот, социјалниот и културниот живот во локалната заедница. Во тие рамки, во просториите на ТИЦ Желкова куќа се одржа јавна расправа по драфт-верзијата на Локалната младинска стратегија на општина Неготино – документ кој говори дека младите имаат план и визија за улогата на младиот човек во општественото делување, чекор со иновативните трендови на политиките на младинско делување, но и помош при формирањето на млади и успешни кадри. Општина Неготино во изминатиот период го поддржа креирањето на овој документ, што во иднина ќе значи делување во согласност со релевантните приоритети на сите засегнати страни. Во процелот на изработка на ЛМС беа вклучени претставници од локалната самоуправа, Советот на општината, граѓанскиот сектор, јавните институции, средношколци и студенти, претставници на политичките подмладоци и други.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 171 172 173 174 175 176 177 178 179 180 Следно > Крај >>

Лист 176 од 196