ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Skopjediem

Beeconomy

Кодекс за административни службеници

Кодекс за административни службеници
Општина Неготино
Започна турнирот во улична кошарка “Street Ball 2014” PDF Печати
   Како дел од програмата за спорт на Општина Неготино, синоќа на градскиот плоштад започна седмото издание на турнирот во улична кошарка “Street Ball 2014”. За учество на турнирот се пријавени вкупно 20 екипи од Неготино и регионот. Истите ќе разигруваат во четири конкуренци и тоа една женска и три машки конкуренции – сениори (над 18 години) и јуниори (од 14 до 18 години) и конкуренција под за играчи под 14 години. Во сениорска конкуренција се пријавени 8 екипи кои ќе разигруваат во 2 групи по четири екипи, а најдобрите две екипи во секоја група ќе се сретнат во полуфиналето. Во јуниорска конкуренција се пријавени 6 екипи кои во единствена група ќе разигруваат по бод систем, додека во конкуренцијата до 14 години се пријавени 4, а во женска конкуренција 2 екипи. Исто така турниот ќе биде збогатен и со натпревар во шутирање тројки, со цел истиот да добие на атрактивност и да понуди повеќе забава за гледачите.
Турнирот кој ќе трае 3 дена (од 19 до 21 август), синоќа за отворен го прогласи градоначалникот на општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов, кој е воедно и покровител на оваа спортска манифестација.
За најдобрите екипи и поединци на турнирот општина Неготино обезбеди богат награден фонд кој изнесува над 40.000 денари.
Натпреварите на турнирот во деновите додека трае истиот, започнуваат во 18.00 часот.
Повеќе...
 
О Г Л А С PDF Печати
    Врз основа на член 67 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и Одлуката бр.08-277/1 од 14.08.2014 година донесена од Градоначалникот на општина Неготино, Комисијата за спроведување на јавно наддавање го објавува следниот

                                                          О   Г   Л   А   С
За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди

1. Се дава на времено користење на недвижност во сопственост на општина Неготино за поставување на туристичко вовче и реквизити за забава на локација во СРЦ „МЛАДОСТ“(асфалтни терени) по пат на јавно наддавање со вкупна површина од 2.9000 м.кв. за период од 01.09.2014 до 24.09.2014 година.
2. Почетната цена со која ќе почне наддавањето изнесува 9.000,оо денари од ден за вкупната површина и туристичкото вовче.Во цената не се вклучени потрошената електрична енергија и надоместокот за потрошена вода и комунални услуги. За целокупниот горенаведен период, најповолниот понудувач е должен да плати надоместок за електрична енергија, вода и комунални услуги во износ од 30.000,оо денари.
3. Заинтересираните понудувачи се должни да достават образец ДРД, тековна состојба од Централниот регистар и доказ за располагање со реквизити за забава, како и да уплатат по 15.000,оо денари депозит за учество на јавното  наддавање на депозитна сметка на општина Неготино со бр.748014059269616 приходна шифра 733111 програма 00.  Заинтересираните понудувачи своите понуди заедно со горенаведените документи се должни да ги достават во затворени коверти најкасно до 21.08.2014 година до 16 часот на адреса „Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“2 Неготино.
4. На понудувачите кои нема да поднесат најповолна понуда ќе им биде вратен депозитот од 15.000,оо денари.


                                                                                                          Општина Неготино
                                                                                                  Комисија за јавно наддавање
 
Дисанци добија игралишта за фудбал и кошарка и детско игралиште PDF Печати

   Учениците и нивните наставници кои наставата по предметот физичко воспитување ја следат и ја реализираат во подрачното училиште во селото Долни Дисан на располагање добија игралишта за фудбал и за кошарка лоцирани во непосредна близина на школото со што ќе им се овозможи часовите по овој предмет да ги спроведуваат на адекватно и пред се за тоа  безбедно место. Инаку, покрај учениците, двете игралишта ќе можат да ги користат и останатите жители на селото кои овде исто така можат да спортуваат и да се рекреираат. Паралелно, веднаш до двете игралишта, изградено е уште едно детско игралиште наменето за потребите на најмладите дисанци кое ја гарантира нивната безбедност, а за нивна разонода, забава и игра поставени се и повеќе детски реквизити. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов при посетата на игралиштата истакна дека тие се изградени со средства обезбедени од општинскиот буџет во висина од 2.000.000 денари и додаде дека се надева оти со нивното ставање во функција ќе се постигнат очекуваните резултати, пред се младите и не само тие, поголем дел од времето да поминуваат во реализирање на спортско-рекреативни активности.

Повеќе...
 
Tурнир во улична кошарка “Street Ball 2014” PDF Печати

Општина Неготино и оваа година на градскиот плоштад ќе го организира традиционалниот турнир во улична кошарка “Street Ball 2014”. На турнирот ќе земат учество екипи од Неготино, Кавадарци, Велес и други општини, кои ќе се натпреваруваат во три конкуренции, и тоа: машка конкуренција до 18 години, машка конкуренција над 18 години и женска конкуренција. Системот на натпреварување ќе биде одреден во зависност од бројот на пријавените екипи на турнирот.
Турнирот кој ќе трае 3 дена – 19, 20 и 21 август (вторник, среда и четврток), започнува на 19 август (вторник) во 18 часот на градскиот плоштад во Неготино, а ќе го отвори покровителот на оваа спортска манифестација - градоначалникот на општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов.
Пријавувањето на екипите се врши на телефонските броеви 076/960-606 и 077/679-559, најоцна до 19 август до 17 часот. За најдобрите екипи на турнирот општина Неготино обезбеди вредни награди.

 
Заврши партерното уредување на центарот во Д.Дисан PDF Печати
  Во рамките на предвидените рокови за тоа, работници на Урбан инвест завршија со изведувањето на градежните работи во делот на партерното уредување на централното подрачје во Долни Дисан. Со цел за запознавањето со изведените работи во Д.Дисан престојуваше градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој притоа се задржа и во краток разговор со локалното население кое не го криеше задоволството од успешно и квалитетно завршеното партерно уредување на центарот со што тие добија пријатно катче за одмор и релаксација. Сликата на просторот пред локалната црква е сосема изменета со поставени бекатон коцки, урбана опрема и клупи за седење, целиот простор е и допрва хортикултурно ќе се доуредува, изградени се скали и други градежни зафати. Проектот се спроведе со средства во висина од 7.700.000 денари од кои 6.500.000 се обезбедени преку Програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој, а општина Неготино учествуваше со средства од 1.200.000 денари обезбедени од општинскиот буџет.
Повеќе...
 
Благодарница за градоначалникот од Здружението на слепи лица PDF Печати

   На нивно барање, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска во својот кабинет ги прими претставниците на Здружението на слепи лица од нашиот град. Членовите на ова Здружение во знак на благодарност за успешната и одлична соработка што ја имаат со првиот човек на општината и контиунираната поддршка што ја добиваат од него и од локалната самоуправа, на градоначалникот Апостолов му врачија благодарница , притоа изразувајќи надеж дека нивото на соработка во иднина ќе биде на уште повисоко ниво. Градоначалникот во своето обраќање истакна дека од денот на стапувањето на функцијата има одлични релации со членовите на ова Здружение и во рамките на расположливите финансиски средства ги помага нивните активности, но и активностите и на останатите категории ранливи групи граѓани. Така, поддршка е дадена за организацијата на турнирот за слепи лица во „ Гол-бал “, за учество на членовите на манифестации кои се одржуваат во други градови во Македонија, а на предлог на Апостолов Советот на општината донесе одлука за ослободување од плаќање на водарина- придобивка која можат да ја користат над 25 членови на Здужението на слепи лица од Неготино.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 181 182 183 184 185 186 187 188 189 190 Следно > Крај >>

Лист 190 од 256