ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Skopjediem

Beeconomy

Кодекс за административни службеници

Кодекс за административни службеници
Општина Неготино
ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДОТ ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Во салата на општината се одржа јавна презентација за издржливоста на физибилити студијата за изводливост на проектот „Реконструкција на водоводната мрежа во Неготино и изградба на нов резервоар за вода од 500 м3“ - што претставува дел од сетот-мерки и проекти што општината ги предвидува за реализација со единствена цел за подобрување на водоснабдувањето во градот и обезбедување на 24 часовно континуирано и редовно водоснабдување на граѓаните. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ги запозна присутните дека после 60 години ќе дојде до реконструкција на водоводониот систем во Неготино кој е во должина од околу 70 километри, со тоа што ќе бидат опфатени 15 улици во должина од 8 километри кај кои стручни лица од ангажирана реномирана фирма утврдија дека има најголеми загуби кои на некои места достигнуваат и до 70 отсто од количините кои доаѓаат до домовите на граѓаните. Инаку, во моментов до Неготино од регионалниот водовод Лукар дотекуваат 77 литри вода во секунда-количини кои би биле доволни за нормално водоснабдување, ако не се присутни големиот број на дефекти кои придонесуваат за нејзино губење. Проектот ќе се реализира со кредитни средства од Светска банка во висина од 850.000 евра со каматна стапка од 0,6 проценти, грејс-период од 3 години и рок на отплата од 10 години.

Повеќе...
 
ВО ИНДУСТРИСКА ЗОНА „НЕГОТИНО“ СЕ ПРОДАВААТ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ PDF Печати

   Општина Неготино ја објави Објавата за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ по пат на електронско јавно наддавање кое ќе се одржи на 31 јули оваа година во 9 и во 10 часот. Станува збор за продажба на градежни парцели во Индустриската зона Неготино на вкупна површина од 12,5 хектари, при што се продаваат 10 градежни парцели со различна површина кои се движат од 4.300 до 18.315 метри квадратни со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Имајќи предвид дека станува збор за Индустриска зона која се наоѓа на извонредно атрактивна локација во центарот на Македонија, со регионален и автопат во близина, како и железничка пруга, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов очекува огромен инетерс за објавените парцели и апелира до сите заинтересирани домашни и странски правни и физички лица благовремено до 28 јули да ја достават потребната документација за да можат да учествуваат на јавното наддавање. Инаку, предходно во оваа индустриска зона беа продадени градежни парцели на вкупна површина од 12,5 хектари.

Повеќе...
 
4.000.000 ДЕНАРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА КАЈ ДУБРОВО PDF Печати

   Врз основа на извршените мерења  од страна на стручни лица во близина на селото Дуброво е констатирано дека поради настанати дефекти доаѓа до големи загуби на водата за пиење која доаѓа од регионалниот водовод Лукар, со измерена количина на загуба од 5,5 литри во секунда, загуби што не само што влијаат на водоснабдувањето на месното население и ТЕЦ Неготини и Фабриката за кабли, туку придонесува и за губење на водата која доаѓа до граѓаните на Неготино. Токму затоа општината ангажираше стручни лица кои го отстранија дефектот со што се зголеми и статичкиот притисок во наведената секција која сега достигнува и до 8-9 бари. Со средства од општинскиот Буџет во висина од 4.000.000 денари се изврши комплетна рекоснтрукција на водоводната мрежа во должина од 1 километар на потегот од местото викано Бучето до село Дуброво. Со реализацијата на овој проект ќе дојде до подобрување на водоснабдувањето кај населението од Дуброво и во ТЕЦ Неготино и Фабриката за кабли, а бенефитите ќе ги почуствуваат и граѓаните на општина Неготино.

Повеќе...
 
13 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БРАНИТЕЛОТ КОСТЕ ВОЛКАНОСКИ PDF Печати

   Во кругот на Полициската станица во Неготино, денеска беше одбележана 13-годишнината од загинувањето на бранителот Косте Волкански кој трагично го загуби животот бранејќи го територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија во воениот конфликт од 2001 година. Членовите на најтесното семејство на Волканоски, делегација од општина Неготино предводена од градоначалникот Ванчо Апостолов, колеги полицајци, претставници на Полицискиот синдикат, на Армијата на РМ, Здружението на бранители, делегации на политички партии и други граѓани со полгање на свежо цвеќе на спомен бистата подигната во чест на Волканоски  му оддадоа почит на загинатиот бранител. Претседателот на полицискиот синдикат Диме Михаилов истакна дека не смее да се дозволи иднината да ги избрише спомените на Косте, а токму за таа цел беа организирани 4-тата по ред крводарителска акција и 8-иот по ред меморијален турнир во фудбал.

Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
   Локалната самоуправа Неготино согласно годишната програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план за ддд за општина Неготино за 2014 година, ги информира граѓаните на општина Неготино дека во текот на ден 28 јуни почнувајќи од вечерта од 23 часот па ќе се продолжи и во утринскитечасови на ден 29.06.2014 година(недела) се до 05 часот ќе се изврши превентивна дезинсекција на критични точки на јавни површини со машинско распрскување со препаратот аква-котрин од страна на стручни лица од центарот за јавно здравје од Велес. Со прскањето ќе бидат опфатени локациите од кејот на темјаничка река, брестин дол, маренски порој, потегот од Криволак до железничка станица, рајков дол во Тимјаник, тремнички дол како војшанска река и централното подрачје во Долни Дисан.
Поради запрашување против комарци, се информираат граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други видови животни да ги превземат сите неопходни мерки за нивна заштита.
 
ФИНИШИРААТ ГРАДЕЖНИТЕ РАБОТИ НА ПАТОТ КУРИЈА – ПАЛИКУРА PDF Печати

   Бенефити за населението од селата Курија и Паликура, како и за сопствениците на земјоделско земјиште на овој потег, ќе донесе комплетното уредување на патниот правец Курија – Паликура во должина од 3 километри. На терен со цел за запознавање со текот на работите престојуваше градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој изрази задоволство од одвивањето на работите по утврдената за тоа динамика, така што работници на ГП Гранит во моментов се ангажирани околу поставувањето на тампон долж целиот пат, што е завршна фаза пред асвалтирањето кое се очекува да се реализира од почетокот на наредната недела. Вредноста на целиот проект е 25 милиони денари, а инвеститор е Агенцијата за државни патишта. Покрај овие, градежни активности по барање на жителите на Курија ќе се спроведат и во самото село со тампонирање на улица во должина од 150 метри и уредување на просторот пред селските гробишта.

 
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 191 192 193 194 195 196 197 198 199 200 Следно > Крај >>

Лист 192 од 255