ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Skopjediem

Beeconomy

Кодекс за административни службеници

Кодекс за административни службеници
Општина Неготино
ЦЕЛОСНО ИСЧИСТЕНИ НАНОСИТЕ НА МОСТОТ КАЈ СЕЛОТО ВОЈШАНЦИ, НЕГОТИНО PDF Print
There are no translations available.

   На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, а врс основа на достасаните реакции од месното население, искусниот алпинист Александар Василевски со асистенција на уште неколку негови колеги и со цела неопходна опрема, моторна пила и други реквизити извршија целосно расчистување на наносите од дрвја и друг материјал на носечките столбови на мостот кај селото Војшанци. Како што вели Василевски, големите дождови и надојдените води на реката Вардар придонесоа за создавање големи наноси кои претставуваа потенцијална опасност за оштетувања, покрај на едниот, и на останатите столбови од мостот. По 4-дневно работно ангажирање, наносите од дрвја и други материјали се комплетно отстранети , а еден дел е однесен од водите на Вардар, така што дојде до ослободување на столбовите и елиминирање на притисокот што врз нив го создаваа наносите.
Read more...
 
ИЗВРШЕНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА ПРОТИВ КОМАРЦИ ВО НЕГОТИНО И ДЕЛ ОД СЕЛАТА PDF Print
There are no translations available.

   Во рамките на спроведувањето на годишната Програма за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација на територијата на општината, локалната самоуправа Неготино деновиве изврши превентивна дезинсекција против комарци на територијата на целиот град, како и во населените места Тимјаник и Криволак. Како што информираат одговорните, прскањето е извршено од страна на стручни лица од Центарот за јавно здравје од Велес и тоа на критични точки на јавни површини со препаратот Аква-котрин. Меѓу останатите површини, прскање е спроведено покрај течението на реката Вардар, по целата должина на кејот на Тимјаничка река, двете главни улици во Неготино, градинките, основните и средното училиште, здравствениот дом и на други локации, односно секаде каде што е утврдено дека има потреба од реализација на овој зафат. Предходно, преку средствата за јавно информирање граѓаните и здруженијата кои одгледуваат пчели и други животни благовремено беа запознато дека ќе се одвива прскање против комарци со цел да извршат нивна заштита. Од локалната самоуправа истакнуваат дека во зависност од временските услови и јавена потреба од такво нешто, и во наредниот период ќе следуваат дополнителни третирања со прскање против комарци.
 
ВО НЕГОТИНО ПРЕЗЕНТИРАНИ МЕРКИТЕ ЗА ПОДДРШКА НА ЗЕМЈОДЕЛИЕТО PDF Print
There are no translations available.

 Локалната самоуправа Неготино во соработка со Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој  во големата сала на општина Неготино која беше исполнета од заинтересирани граѓани организираа работна средба со цел за запознавање на земјоделците и презентација на можностите и активните програми на Агенцијата кои се од непосреден интерес за потенцијалните корисници. Од страна на претставничките на Агенцијата Анета Апостоловска и Марија Марковска беа презентирани мерките 302 – Диверзификација и развој на руралните економски активности и подмерките неземјоделски активности во руралните средини, диверзификација на приходите од земјоделска дејност и услужни дејности во земјоделието, како и развојот на руралниот туризам. Исто така, се говореше и за двата објавени јавни повици за единиците на локалната самоуправа, што пак беше повод градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов да информира дека општината има аплицирано за реализација на три проекти преку Агенцијата во вредност од близу 500.000 евра.

Read more...
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО СО БЛАГОДАРНИЦА ЗА АЈХАН ЗЕЈТИН PDF Print
There are no translations available.

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го прими во својот кабинет и се задржа во краток разговор со нашиот сонародник Ајхан Зејтин кој над 25 години живее и егзистира во градот Бремен – Германија каде што има основано и семејство. Зејтин е со потекло од неготинското село Тремник, а поводот што беше примен од првиот човек на општината е фактот што тој им укажува комплетно гостопримство, се грижи за нивниот престој во Бремен, им ги покажува убавините на градот и речиси во секој момент им е на располагање на членовите на Културно-уметничките друштва од Неготино кои остваруваат гостувања во Германија претставувајќи го богатото македонско фолклорно творештво. Вратите на домот на Зејтин се отворени за сите добронамерни посетители кои престојуваат во Бремен и сите кои го посетиле имаат само пофални зборови за неговиот однос и гостопримството што им го овозможува. Во знак на благодарност, градоначалникот Апостолов од име на општина Неготино му додели благодарница и скромен подарок – копаница изработена од неготинските копаничари. Наедно, беше договорено за време одржувањето на Неготинскиот панаѓур во Неготино да престојуваат играорци од Бремен и притоа да имаат свој настап пред неготинската публика.

Read more...
 
ОДБЕЛЕЖАНА 12-ГОДИШНИНАТА ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БРАНИТЕЛОТ ВОЛКАНОВСКИ PDF Print
There are no translations available.

   ,, Твоето дело и храброст никогаш нема да бидат заборавени и засекогаш ќе останат во нашите спомени ,, - му порачаа неговите колеги и сограѓани на бранителот Косте Волкановски од Неготино кој трагично загина во воениот конфликт во 2001 година бранејќи го територијалниот интегритет на Република Македонија. По повод 12- годишнината од загинувањето, на спомен бистата подигната во чест на Волкановски пред Полициската станица во Неготино денеска свежо цвеќе положија членови на неговото потесно семејство, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и претставници на локалната самоуправа, членови на полицискиот синдикат и резервните воени старешини, претставници на АРМ и други заинтересирани граѓани. Во рамките на одбележувањето на годишнината од загинувањето на Волкановски, изминативе денови беше организирана крводарителска акција, а се одржа и традиционалниот турнир во мал фудбал.

Read more...
 
КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА ЗА 2014 ГОДИНA PDF Print
There are no translations available.

   Министерството за култура, во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година („Службен весник на РМ“ бр. 15/2013) за остварување на националниот интерес во културата, ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за поддршка на проекти од национален интерес во културата.
Проектите пријавени на Конкурсот, за да бидат поддржани од Министерството за култура како проекти од национален интерес за културата на Република Македонија, треба да исполнуваат најмалку еден од општите критериуми и најмалку еден од посебните критериуми по одделни дејности и области во културата во согласност со Правилникот за критериумите за финансирање на програмите, односно проектите по одделни дејности во културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/2011). Правилникот ќе биде објавен на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).
На Конкурсот може да учествуваат: уметници, самостојни уметници, приватни установи, локални установи, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и со другите позитивни законски прописи во Република Македонија.
Конкурсот е отворен до 7 јули 2013 година.
Повеќе информации и пријави за аплицирање можете да најдете на

http://www.kultura.gov.mk/index.php/konkursi/979-konkurs-za-finansiranje-proekti-od-naciomalen-interes-vo-kulturata-za-2014-godina

 
<< Start < Prev 201 202 203 204 205 206 207 208 209 210 Next > End >>

Page 203 of 246