Повеќе од 100 години во чест на верскиот празник Мала Богородица – 21 септември, во Неготино се одржува познатиот „Неготински панаѓур”. Последните неколку години празнувањата започнуваат на 19 септември, кога се одржува познатата “Неготинска вечер”. Ова е вечер на староградска песна, музика и дружење за сите генерации, вечер кога Старата чаршија и градскиот плоштад во Неготино се претесни за да ги соберат посетителите, кои ги забавуваат познати и реномирани музички имиња на македонската естрада. Програмата е збогатена и со настапи на акробати и жонглери као и театарски перформанс на помали театарски групи. |
Повеќе...
|
|
Празникот “Св. Трифун“ се празнува на 14 февруари, а за Неготино овој датум има посебно значење. Според народното толкување, Св.Трифун е познат како покровител на меанџискиот еснаф и заштитник на лозјата и винарите. Во Тиквешијата и Повардарието кои се познати по лозовите насади, виното и ракијата, во чест на овој ден се изведува обредно закројување на виновата лоза. На тој начин се верува дека лозјата ќе бидат заштитени од разни штети, болести и несреќи. |
Повеќе...
|
Локална Установа МУЗЕЈ НА ГРАД НЕГОТИНО Адреса: ул. "Маршал Тито" бр.119 тел: 043/361-712 Работно време: 8.00 - 16.00 |
Повеќе...
|
|
|
<< Почеток < Пред 211 212 213 214 215 Следно > Крај >>
|
Лист 215 од 215 |