Општина Неготино
ВО НЕГОТИНО НОВАТА ГОДИНА ДОЧЕКАНА ВЕСЕЛО И РАЗИГРАНО PDF Печати

   Илјадници граѓани на Неготино и населените места присуствуваа на организираниот дочек на Новата година организиран од страна на локалната самоуправа кој се одржа на градскиот плоштад. Се пееше, се играше и се консумираше од понудените на штандовите квалитетни неготински вина и ракии и вкусната храна што угостителите ја понудија за посетителите на новогодишната забава. За атмосферата се погрижија членовите на групата Апсајдаун, Антигона бенд и групата Чардак , а пред и после поклопувањето на стрелките на часовникот неготинци ги развеселуваше Маријана Мишева.

Повеќе...
 
НОВОГОДИШНО ОБРАЌАЊЕ НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НЕГОТИНО ПАНЕ ТРАЈКОВ PDF Печати
  Многу здравје, среќа и успех им посака градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков на сите присутни на организираниот дочек на Новата 2013-та година на градскиот плоштад, но и на граѓаните кои најлудата ноќ ја дочекаа  во некој од многубројните угостителски објекти во градот или пак во топла и пријатна атмосфера во сопствените домови. Градоначалникот во јавното обраќање кое следуваше по официјалното влегување во Новата година истакна дека и во тековната година локалната самоуправа ќе продолжи со реализација на проекти преку чие спроведување ќе дојде до подобрување на севкупните услови за живеење на жителите на Неготино и на населените места во општината.
 
СПЕКТАКУЛАРЕН ОГНОМЕТ ЗА ДОЧЕКОТ НА НОВАТА ГОДИНА PDF Печати

  Точно на полноќ кога стрелките на часовникот се поклопија, ја испративме старата и ја дочекавме новата 2013-та година, по традиционалното одбројување од страна на водителката и присутната публика на градскиот плоштад и се разбира меѓусебното честитање на новата година со желби за многу здравје, среќа, љубов и успех на личен и професионален план, на градскиот плоштад во Неготино следуваше неколкуминутен спектакуларен огномет кој ги одушеви присутните на организираниот дочек на Новата година. За миг погледите на сите присутни се свртеа кон небото проследувајќи го огнометот, за кој средствата ги обезбеди локалната самоуправа Неготино.

Повеќе...
 
МИРНО И БЕЗ ИНЦИДЕНТИ НА ДОЧЕКОТ НА ПЛОШТАДОТ ВО НЕГОТИНО PDF Печати
  Неготино и неготинци уште еднаш на дело докажаа дека живеат во еден од најмирните и најбезбедни градови во Република Македонија. Граѓаните пак, кои важат за мирни,трудољубиви и гостопримливи сите овие епитети уште еднаш ги покажаа при дочекот на најлудата ноќ во годината на градскиот плоштад. Прославата помина во една навистина прекрасна, релаксирана и весела атмосфера и без ниту еден најмал регистриран инцидент, а присутните лица од Агенцијата за обезбедување кои беа тука да се грижат за редот и мирот за дочекот на Новата година, буквално останаа без работа.
 
НЕГОТИНО УКРАСЕНО ЗА ПРАЗНИЦИТЕ PDF Печати

Повеќе...
 
АСФАЛТИРАНИ УЛИЦА И МОСТОТ НА ТИМЈАНИЧКА РЕКА ВО НЕГОТИНО PDF Печати

  Во рамки на спроведувањето на годишната Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино, работници на градежното претпријатие Градба промет ги изведоа финалните работи во делот на асфалтирањето на улицата која ги спојува двата дела од градот и  мостот на Тимјаничка река. Притоа, извршено е асфалтирање на улицата пред и после мостот во должина од над 100 метри, како и асфалтирање на самиот мост. За изведување на комплетните работи околу изградбата на мостото и спроведувањето на асфалтерските работи од Буџетот на општина Неготино беа издвоени средства во висина од 10 милиони денари. Се очекува, со ставањето на мостот и на улицата во функција да се зголеми фреквентноста на оваа обиколница околу градот, со што пак би требало да дојде до растеретување на сообраќајниот метеж во централното градско подрачје.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 241 242 243 244 245 246 247 248 249 250 Следно > Крај >>

Лист 242 од 275