ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Skopjediem

Beeconomy

Општина Неготино
ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Печати

Реф. CN1 - SO2.3 - SC031 no.2  05-370/2
Проект,,wa-mbrella,,
Согласно Одлуката од градоначалникот на општина Неготино бр.05-370/1 од  26.07.2019 општина Неготино  по спроведено дополнително истражување на пазарот за потреба од  набавка РАБОТИ   за изведба на главен колектор за отпадни води за поврзување на село Тимјаник со канализациониот систем  во Неготино за проектот ,,wa-mbrella”за проектниот партнер 2 –Општина Неготино за проектот,,Заштита на водните ресурси со намалување на човековото влијание врз животната средина” или“Protection of the water resources by reducing the human environmental footprint” со Aкроним ,,wa-mbrella” согласно Договорот за грант број wa-mbrella - CN1 - SO2.3 - SC031 од 02.04.2018 во рамките на ЕУ инструментот за предпристапна помош (ИПА)  Програма ,,IPA 2014-2020 Cross-Border Cooperation (CBC) Programme Greece – The North Republic of Macedonia, достави покани до 5 компании .Покрај тоа  од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА со комплетна тендерска документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG 2018-Simplified procedure ) .
Истата е  достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 30.07.2019 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена  електронски или по пошта  поставена на ЦД.

Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 29.08.2019(четврток )  до 09.00 часот согласно инструкциите во тендерската документација.Отварањето на понудите е планирано истиот ден до 29.08.2019  ( четврток )  во  10.00 часот во просториите на општина Неготино.

Општина Неготино тендерскaта документација ја доставува за објавување и на страната на Програмата: http://www.ipa-cbc-programme.eu/project-news/

Општина Неготино
Контакт 043-361-045

Invitation

List of invited

Повеќе...
 
Добиена согласност за целодневен престој на дечиња во групи во други просторни услови во селата Криволак, Пепелиште и Тремник PDF Печати
  Одговорните во Јавната установа-Општинска детска градинка „Фемо Кулаков“-Неготино информират дека со писмен извештај од Министерството за труд и социјална политика добиено е позитивно мислење и согласност дека се исполнети условите за отпочнување со работа и вршење на дејноста целодневен престој на дечиња во постојните групи во други просторни услови во селата Криволак, Пепелиште и Тремник. Станува збор за целодневно згрижување на деца на возраст од 2 до 6 години во групи кои функционираат во состав на неготинската градинка, а со проектот во Криволак ќе бидат опфатени до 25 деца, во Пепелиште до 25 и во Тремник до 20 деца. Постојните групи во други просторни услови во овие рурални средини со згрижување на деца со целодневен престој ќе започнат од 2-ри септември, оваа година. За овозможување на стартот на овој проект, во изминатиот период беа реализирани повеќе активности со цел за подобрување на условите за престој на дечињата  во групи во други просторни услови. Имено, во населените места Криволак, Пепелиште и Тремник каде што има деца во други просторни услови при  ЈУОДГ „Фемо Кулаков“ успешно беа завршени повеќе градежно-занаетчиски работи за адаптација на просториите, а  набавената беше и кујнска опрема и клима уреди. Со оваа активност се подобрија  условите за престој на дечињата и се создадоа  услови за нивен целодневен престој.
Повеќе...
 
Повеќе активности во подрачните училишта во склоп на ООУ„Страшо Пинџур“ PDF Печати
   Летниот период и неодржувањето настава и во ООУ„Страшо Пинџур“ од нашиот град се користат за изведување зафати за подобрување на условите за одвивање на образовно-воспитниот процес. Така, во подрачното училиште во Црвени Брегови после долги години целиот простор околу училишната зграда е комплетно ограден со поставување на метална ограда  со што се зголемува безбедноста на учениците кои овде следат настава, а во таа насока е и уривањето на старата и дотраена училишна зграда, со што пак се создадени услови за целосно уредување на училишниот двор. Во подрачното училиште во Пепелиште на игралиштето кое е во склоп на училиштето поставени се нови трибини, на головите поставени се нови мрежи и нова канделабра со рефлектор со што се создадени услови, покрај учениците, и повозрасните жители на Пепелиште  во вечерните часови да го користат теренот. Исто така, заради зголемена безбедност на учениците при нивното движење, во ова училиште поставен е ракофат. Како донација од АРМ, за потребите на подрачното училиште во Криволак набавени се 80 литри боја која ќе биде искористена за комплетно фарбање на оградата и создавање поубав лик на самото училиште.
Повеќе...
 
Интервенции за енергетска ефикасност во училишната зграда за проектниот партнер СОУ„Св Кирил и Методиј“ Неготино –проект „ЕНПОЛ-ЕЕ“ PDF Печати
   Започнаа градежните  активности во  СОУ. Св. Кирил и Методиј Неготино за  промена на постоечките прозорци во училниците и кабинетите со нови ПВЦ прозорци, како и поставување на соларни панели, односно систем на топлотна врска помеѓу училишниот центар и спортската сала во рамките на училиштето. Ова е воедно и главната компонента  во рамките на проектот,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор за политиката на животна средина„ЕНПОЛ-ЕЕ од програмата за прекугранична соработка со Грција  „Interreg – IPA CBC CCI 2014 TC 16 15CB 009”, во периодот 2014 – 2020 година, каде  СОУ. Св. Кирил и Методиј Неготино е партнер 4 на проектот.
Изведувач на работите е градежната компанија,,Анол Импекс,, од Скопје  и според договорот потпишан на 17.07.2019 времетраењето на градежните работи е планирано за период од 3 месеци , а главните интервенции се планирани за месеците јули-август,  со цел  истите да бидат завршени до почетокот на новата учебна година.Согласно потпишаниот договор вредноста на оваа компонента   за подобрување на енергетската ефикасност во училиштето изнесува 67.279 Евра без ДДВ , додека севкупната вредност на проектот  ЕНПОЛ-ЕЕ е 86.740,50Евра или 5.334.540,75.мкд.Овие срдедства се 85 процени обезбедени од Европската Унија и 15 проценти национално кофинансирање.
Повеќе...
 
Се уредува меморијалниот простор „Спомен-костурница“ во Неготино PDF Печати

   Во тек се градежни активности за комплетно уредување на меморијалниот простор „Спомен-костурница“ во нашиот град, при што досега е извршено расчистување и одбележување на теренот, а изведени се и над 80 отсто од предвидените земјени работи. Целта на реализацијата на овој проект е преку реставрација на оваа јавна површина, овој простор да стане место каде што дел од слободно време во одмор, релаксација,забава и рекреација ќе можат да го поминуваат граѓаните на неготинска општина од сите генерации. За таа цел, ќе се иврши реконструкција на постоечките и изведување на нови скали, изградба на трим и пешачки патеки, летна сцена, фиксни клупи за седење, фонтана, а ќе се обезбеди и паркинг-простор за моторизираните граѓани. Целиот простор на меморијалниот простор „Спомен-костурница“ ќе биде осветлен и ќе се изврши негово хортикултурно уредување. Средствата за спроведувањето на проектот „Валоризација на културно наследство преку доуредување на Спомен костурницата во општина Неготино“  се обезбедени од Буџетот на општина Неготино и Бирото за  регионален развој  при Министерството за локална самоуправа ,  а се спроведуваат преку  Центарот за развој на Вардарскиот плански регион.

Повеќе...
 
Со бекатон коцки се поплочува улица во с.Криволак PDF Печати

   Со средства обезбедени од Буџетот на општина Неготино  продолжуваат градежните активности за уредување на улици во населените места во нашата општина. Така, во моментов градежни активности се одвиваат во селото Криволак каде што со бекатон коцки се врши поплочување на уште една пристапна улица која води до образовна установа. Станува збор за поставување бекатон коцки на улица на вкупна површина од околу 500 метри квадратни. Се очекува градежните работи за уредување на оваа улица во Криволак да завршат во првите денови од месец август.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 6 од 205