Општина Неготино
По 5-ти пат се одржаа „ Џидимирските средби“ PDF Print
There are no translations available.

   Општина Неготино и оваа година во рамките на можностите со финансиски средства го поддржа одржувањето на 5-тите по ред „Џидимирски средби“ кои со упорност и истрајност традиционално ги организира Граѓанскиот форум за Џидимирци. Средбите започнаа со организирана посета, палање свеќи и положување цвеќе на спомен-обележјето поставено во 2016-та година во знак на сеќавање на починатите кои некогаш живееле во ова село, а присутните имаа можност да се потсетат на местото каде што некогаш живееле, да евоцираат спомени и да се потсетат на настани и случувања во времето кога живееле во Џидимирци. Настанот продолжи во Неготино со извонредно богата и квалитетна програма, со обраќање на претседателот на Форумот за Џидимирци Јован Лазарев, иницијаторот и главниот финансиер на манифестацијата Тасе Лазовски кои живее во Словенија, читање поезија, доделување плакети и музички настап на хорот „Франце Прешерн“ од Скопје под диригентската палка на маестро Александар Шопов. На крајот сите си посакаа довидување до следните 6-ти средби кои ќе се оджат во првата сабота во месец јуни 2023 година. 
Read more...
 
Жителите на Курија добија нова асфалтирана улица PDF Print
There are no translations available.

   На задоволство на месното население од село Курија, како и други граѓани кои транзитираат во тој реон, извршен е технички прием и во функција е ставена новоасфалтираната улица во селото во должина од 531 метри. Улицата е изградена според сите пропишани стандарди и истата ќе обезбеди побезбедно одвивање на сообраќајот и движење на пешаците на овој потег, полесен и побезбеден пристап до земјоделските површини, транспорт на земјоделски производи и други стоки .
Општина Неготино преку договорот за грант со Министерството за финансии ги обезбеди потребните финансиски средства за комплетна изградба на улица во село Курија. Станува збор за грант во висина од 3.695.970 денари кој е доделен за успешно спроведен под-заем проект MSIP2-SIG-NCB-037-22 преку проектната единица на Министерство за финансии и МСИП2 проектот за подобрување на општинските услги а со финансиска поддршка од Светска банка. При реализацијата на овој проект  општината обезбеди дополнителни средства за кофинансирање од општинскиот Буџет.
 
Read more...
 
О Г Л А С За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 67 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/02) и Одлуката бр.09-413/1 од 20.08.2019 година донесена од Градоначалникот на општина Неготино, Комисијата за спроведување на јавно наддавање го објавува следниот

О   Г   Л   А   С
За давање на времено користење на недвижност по пат на јавно наддавање со поднесување на понуди

1.    Се дава на времено користење на недвижност во сопственост на општина Неготино за поставување на реквизити за забава на локација во старата гимназија  по пат на јавно наддавање со вкупна површина од 500 м.кв. за период од 20.06.2022 до 31.08.2022 година.
2.    Почетната цена со која ќе почне наддавањето изнесува 140.000,oo  денари за целокупниот горенаведен период.Во цената не се вклучени потрошената електрична енергија и надоместокот за потрошена вода и комунални услуги. Најповолниот понудувач е должен да обезбеди електричен проклучок, да склучи договор за обезбедување комунални услуги и соодветен број тоалети.
3.    Заинтересираните понудувачи се должни да достават образец ДРД, тековна состојба од Централниот регистар и доказ за располагање со реквизити за забава, како и да уплатат по 10.000,оо денари депозит за учество на јавното  наддавање на депозитна сметка на општина Неготино со бр.748014059269616 приходна шифра 733111 програма 00.  Заинтересираните понудувачи своите понуди заедно со горенаведените документи се должни да ги достават во затворени коверти најкасно до 06.06.2022 година до 13 часот на адреса „Општина Неготино ул.„Ацо Аџи Илов“2 Неготино.
4.    На понудувачите кои нема да поднесат најповолна понуда ќе им биде вратен депозитот од 10.000,оо денари.


                                Општина Неготино
                            Комисија за јавно наддавање
 
 
Покана за циклус на обуки во рамки на проектот “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој” со скратен назив Акроним,, wine-up,, PDF Print
There are no translations available.

Покана за циклус на обуки во рамки на проектот “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој” со скратен назив Акроним,, wine-up,,

Информации за проектот
Проектот  “Подобрување на прекуграничното винско искуство за локален развој” со акроним “wine-up” се реализира во период од октомври 2021 до април 2023 година, водечки партнер е Општина Пела – Република Грција, а проектен партнер е Општина Неготино, РС Македонија. Проектот има за цел поддршка и развој на економијата во овој регион.
Специфична цел на проектот: Подобрување на атрактивностите и промовирање на туризмот во прекуграничната област со цел подобрување на вработувањата во туризмот.
Активности кои ги предвидува проектот:
•    Активности кои ќе придонесат кон нови вработувања во правец на јакнење на човечките капацитети со обуки од областа на туризмот
•    Планирање на дирекни вработувања (времени) со намера истите да станат одржливи по завршување на проектот како во јавниот така и во приватниот сектор.
•    поддршка во организирање на настани, по повод Св Трифун и Неготинскиот панаѓур во Неготино за времетраењето на проектот, заради поголема промоција на општината, но истовремено како можност за размена на искуства со прекуграничните и други странски партнери
Циклус на обуки:
Општина Неготино заедно со компанијата О3 Инвест Скопје, планираат да организираат три циклус обуки на следните теми:
1.    Управување со дестинација
2.    Организирање на настани
3.    Градење на вештини за туристички водичи
Обуките се наменети за студенти и невработени лица со цел поддршка за вработување во туризмот. Обуките ќе бидат во временски период од 1 месец, односно 20 работни денови по 1 до 2 часа во салата на Општина Неготино. Планирано е да се одржат за време на летниот период од јуни до септември, во зависност од потребите на граѓаните на општината и формирањето на групите. Подтемите како и динамиката на реализација ќе бидат дополнително споделени со сите заинтересирани.
Сите заинтересирани лица, повеќе информаци може да добијат на а This e-mail address is being protected from spambots. You need JavaScript enabled to view it
Пријавувањето може да се направи електронски на следниот линк или телефонски на 070/786-808.


П О К А Н А 

https://docs.google.com/forms/d/17CxYBbx26KsoEVY0IkA8Li4ZwIC85zJULjWrlOHiT64/edit  

 
Општина Неготино со иницијатива за спас на браната Липа PDF Print
There are no translations available.

  Како градоначалник на општина Неготино во соработка со стручните служби при локалната самоуправа покренавме иницијатива за спас на браната Липа на која се регистрирани сериозни оштетувања. За таа цел, деновиве се одржа координативен состанок на кој беа утврдени насоките за дејствување, а на кој присуствуваа претставници на изведувачот на работите Стентон градба, на надзорниот орган ДООЕЛ Столб од Битола и двајца еминентни професори од Градежниот факултет во Скопје Милорад  Јовановски и Предраг Миливојевиќ. На состанокот беше договорено комплетната документација за браната Липа да се достави до Градежниот факултет за да може да се изготви соодветно решение за санирање на оштетувањата и повторно ставање на браната во функција во интерес на земјоделците кои користат вода за наводнување на земјоделските површини во тој реон, како и за потенцијал развој на руралниот туризам. 
 
 
Read more...
 
Седница на Совет на општина Неготино 31.05.2022 година PDF Print
There are no translations available.

Врз основа на член 2 и член 42 од Законот за локална самоуправа ( „Службен весник на РМ “ бр.5/02 ), член 76 од Статутот на општина Неготино ( „ Службен гласник на општина Неготино “ бр. 3/06, 2/11, 9/11, 16/12 ,16/14 и 13/20) и член 57 став 1 од Деловникот на општина Неготино ( „Службен гласник на Општина Неготино “ бр.3/06 и 2/11), претседателот на Советот на Општина Неготино ја свикува дванаесеттата редовна седница на Советот на општина Неготино.
Седницата ќе се одржи во салата на општина Неготино на ден 31.05.2022 година (вторник) во 14:30 часот.
За седницата го предлагам следниот

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Усвојување на записник од 10 редовна седница на Совет на Општина Неготино
2. Усвојување на записник од 11 редовна седница на Совет на Општина Неготино
3. Предлог – Програма за измена и дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови на просторот на општина Неготино за 2022 година
4. Предлог – Одлука за распишување на јавен повик за формирање на облици на месна самоуправа во општина Неготино
5. Предлог – Правилник за работа на облици на месна самоуправа во општина Неготино
6. Предлог – Решение За давање согласност на измена и дополнување на Годишниот план за вработување за 2022 година на Општина Неготино
7. Предлог- Решение за давање согласност на Годишниот план за вработување за 2023 година на Локална библиотека „ Страшо Пинџур “ Неготино
8. Предлог – Одлука за проширување на дејноста на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино
9. Предлог – Статутарна одлука за измена и дополнување на Статутот на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино
10. Предлог – Решение за давање согласност на Пречистен текст на Статутот на Јавното претпријатие за јавни паркиралишта „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино
11. Предлог – Заклучок за усвојување на Финансискиот извештај на ЈП „ ПАРКИНЗИ НЕГОТИНО “ Неготино за периодот од 01.01.2022 – 31.03.2022 година
12. Предлог – Заклучок за усвојување на Извештај за финансиското работење на ЈП „ КОМУНАЛЕЦ “ Неготино за периодот 01.01.2022- 31.03.2022 година
13. Предлог – Решение за давање на согласност на Одлука бр. 02-259/6 од 06.05.2022 на ЈП„ Комуналец “ Неготино за висина на цена за извршени активности според договори склучени со Општина Неготино
14. Информација за Одлука на Државна комисија за спречување на корупција бр. 12-1423/10 од 17.05.2022 година, а во врска со Одлука за избор на најповолен понудувач бр. 02-510/4-1 од 26.11.2021 година на ЈП „ Комуналец “ Неготино ( точка 25 од дневниот ред на 4 редовна седница на Совет одржана на ден 29.12.2021 година и точка 24 од изменетиот дневен ред на 7 редовна седница на Совет одржана на 15.03.2022 година).
 
<< Start < Prev 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Next > End >>

Page 7 of 308