ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Skopjediem

Beeconomy

Кодекс за административни службеници

Кодекс за административни службеници
Општина Неготино
Превентивна дезинсекција во општина Неготино PDF Печати
  Согласно годишната програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести и оперативниот план за дезинфекција, дезинсекција и дератизација на општина Неготино за 2020 година на 12 јуни( петок ) почнувајќи од полноќ се изврши превентивна дезинсекција на критични точки.
Дезинсекцијата со машинско распрскување на препаратот Aква – котрин ја изврши фирмата Зотокс ДООЕЛ Скопје под надзор на Центар за јавно здравје Велес.
Со прскање беа опфатени повеќе локации во општината и тоа : кејот на Тимјаничка река, Брестин дол, Маренски порој, потегот од Криволак до железничка станица, сите населени места како и повеќе улици на град Неготино.
 
Повеќе...
 
Седмата акција под мотото - „Со љубов за Неготино“ ја завршивме PDF Печати
   Уреден е просторот околу спомен обележјето - „Саат Кула“

И овој пат активно учество земаа волонтери, вработени во Локалната Самоуправа и ЈП „Комуналец“ - Неготино

Заедно активирани да го направиме Неготино поубаво место за живеење!

гледаме наредната недела на нова локација!

#СоЉубовЗаНеготино

Повеќе...
 
Преку добро поставени училишта до подобра иднина на нашиот град PDF Печати
   Двете основни училишта „ Гоце Делчев “ и „ Страшо Пинџур “ од Неготино се меѓу најдобрите 39 основни и средни училишта, кои со свои проекти земаа учество и се наградени во рамки на јавниот повик „ Предизвик за млади истражувачи 3“  кој Фондот за иновации и технолошки развој го спроведе во соработка со Министерството за образование и наука.
Под мотото „ Не го фрлај твојот отпад “ , основното училиште „ Страшо Пинџур “ го освои првото место и е наградено , а меѓу 39 наградени училишта е и основното училиште „ Гоце Делчев “ за проектот „ Џубокс машина за селектирање на отпад “.
„ Чест и задоволство ми е што и во вакви услови, креативноста и мотивираноста на нашите ученици и ментори за постигнување на нови успеси е на високо ниво, бидејќи токму учениците односно младите луѓе се перспективата на нашиот град.  Вашите успеси се наша голема радост, а наша цел е да вложуваме во истите и да Ве поддржуваме “ – истакна градоначалникот Тони Делков.
 
 
Увид на завршните градежни активности на СРЦ „ Младост “ PDF Печати
   Директорот на агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и градоначалникот Тони Делков денес извршија увид на завршните градежни активности на СРЦ „ Младост “.Реконструкцијата на салата чинеше 10.769.902,00 денари, средства обезбедени од Агенцијата за млади и спорт. Целосно реконструирана е кровната површина, направена е целосна замена на стариот со нов под, а реконструиран е и просторот под трибините кои не беа во функција.
  „ Драго ми е што во оваа сала Неготинчани повторно ќе можат да ги ребрендираат своите спортски клубови кои ите како се гордост. Токму во оваа сала се случуваа големи спортски натпревари кои беа обележје на градот но и на државава и верувам дека повторно токму во оваа сала ќе следиме големи натпревари и заеднички ќе се радуваме. Исто така, голема благодарност до општина Неготино за партнерското реконструирање на оваа сала “ – изјави Каевски.
Во втората фаза која следи ќе се реконструираат тоалетите, соблекувалните, трибината, прозорците и надворешната фасада. Оваа фаза ќе биде финансирана од буџетот на општина Неготино во вредност од 4.500.000 денари – истакна градоначалникот Делков.
Спортската сала, повторно е функционална и комплетно опремена според сите современи стандарди и истата ќе биде епицентарот на спортските случувања од овој регион, но и место за спорт и рекреација на сите млади од општината.
Оваа сала чија реконструкција беше изведена за само 4 месеци, повторно ќе блесне во својот сјај и ќе даде нова вредност на спортот во Неготино.
Повеќе...
 
Честита по повод успешно завршена учебна година PDF Печати
 Драги ученици,
Денес официјално заврши учебната 2019/2020 година. Дозволете ме од мое лично име како градоначалник но и од името на општина Неготино да Ви го честитам завршувањето на оваа учебна година. На полуматурантите и матурантите од општината Ви посакувам успешен избор во понатамошното средно и високо образование со желби за многу нови знаења и лични успеси.
 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
   ЛОКАЛНА САМОУПРАВА НЕГОТИНО СОГЛАСНО СО ГОДИШНАТА ПРОГРАМА ЗА СПРОВЕДУВАЊЕ НА ОПШТИ МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА НА НАСЕЛЕНИЕТО ОД ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ И ОПЕРАТИВНИОТ ПЛАН ЗА ДДД ЗА ОПШТИНА НЕГОТИНО ЗА 2020ГОДИНА, ГИ ИНФОРМИРА ГРАЃАНИТЕ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ДЕКА ВО ТЕКОТ НА   ДЕН 12 ЈУНИ (ПЕТОК ) ПОЧНУВАЈЌИ ОД ВЕЧЕРВА НА ПОЛНОЌ ЌЕ СЕ ИЗВРШИ ПРЕВЕНТИВНА ДЕЗИНСЕКЦИЈА НА КРИТИЧНИ ТОЧКИ НА ЈАВНИ ПОВРШИНИ СО МАШИНСКО РАСПРСКУВАЊЕ СО ПРЕПАРАТОТ АКВА-КОТРИН ОД СТРАНА НА СТРУЧНИ ЛИЦА ОД ЗОТОКС ДООЕЛ Скопје  ПОД НАДЗОР НА ЦЕНТАРОТ ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ОД ВЕЛЕС. СО ПРСКАЊЕТО ЌЕ БИДАТ ОПФАТЕНИ 4 ЛОКАЦИИ И ТОА - КЕЈОТ НА ТИМЈАНИЧКА РЕКА, БРЕСТИН ДОЛ, МАРЕНСКИ ПОРОЈ И ПОТЕГОТ ОД КРИВОЛАК ДО ЖЕЛЕЗНИЧКА СТАНИЦА И СИТЕ НАСЕЛЕНИ МЕСТА.
СЕ ИНФОРМИРААТ ГРАЃАНИТЕ И ЗДРУЖЕНИЈАТА КОИ ОДГЛЕДУВААТ ПЧЕЛИ И ДРУГИ ВИДОВИ ЖИВОТНИ ДА ГИ ПРЕЗЕМАТ СИТЕ НЕОПХОДНИ МЕРКИ ЗА НИВНА ЗАШТИТА.
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 8 од 252