ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Skopjediem

Beeconomy

Кодекс за административни службеници

Кодекс за административни службеници
Општина Неготино
Просторот на излезот од Неготино кај компанијата „Дуки Дасо“ е среден PDF Печати
   Им се заблагодарувам на сите учесници во денешната акција поединечно. Огромна благодарност до приватната компанија „Мигоз - Саше'' која со своја механизација помогна денешната акција да биде комплетно завршена. Благодарност и до вработените во ТППЕ Неготино!

Се гледаме наредната недела на нова локација!

❤️#СоЉубовЗаНеготино

 

 

Повеќе...
 
Реконструкција на сливни решетки за одводнување на атмосферски води и шахти на повеќе локации на град Неготино PDF Печати

   Во изминатиот период се работеше на комплетна реконструкција на сливни решетки за одводнување на атмосферски води и шахти на повеќе локации на град Неготино. На одреден број локации се соочивме со момент каде повеќе постоечки сливни решетки и шахти биле затрупани со асфалт (на некои места бетон), а тоа резултирало до неконтролирано изливање на атмосферските води долж истата улица. Сега тој проблем е отпочнат да се санира и очекувам во периодот кој следи да биде комплетно завршен!

Повеќе...
 
Поради појавата на Коронавирусот како и моменталната состојба во државата со ширењето на истиот, музичкиот хепенинг „Неготино офф фестивал 2020“ се откажува PDF Печати

   Поради појавата на Коронавирусот како и моменталната состојба во државата со ширењето на истиот, музичкиот хепенинг „Неготино офф фестивал 2020“ кој требаше да се одржи на 6 јуни на градскиот плоштад во Неготино, годинава се откажува согласно препораките од Министерството за здравство за спречување на ширењето на КОВИД 19. Средствата кои беа наменети за одржување на манифестацијата, општина Неготино ги пренаменува за реализација на капитални инвестиции во општината.

#КоронавирусМК
#ЗаштитиСЕ

 

 
ВАЖНО СООПШТЕНИЕ ЗА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ PDF Печати

 Кооординативно тело на општина Неготино за справување со Коронавирус ги известува сите земјоделци на територијата на општина Неготино кои што вршат ДОПОЛНИТЕЛНА ЗЕМЈОДЕЛСКА ДЕЈНОСТ да се пријават утре(петок) 05.06.2020 година во периодот од 11.00 до 16.00 часот со доставување на потребни податоци по телефон, со директно јавување или на смс порака.

Пријавувањето може да го направите на следниот контакт телефон:

078 822 292 

НАПОМЕНА: Сите претходно евидентирани лица остануват во евиденција и НЕМА ПОТРЕБА да се јавуваат дополнително за деновите петок (05.06.2020), сабота (06.06.2020) и недела (07.06.2020)

Сите евидентирани лица ќе може да ги извршуваат потребните земјоделски дејности од 05.00 наутро до 20.00 часот навечер во деновите( петок, сабота и недела)
Потребните податоци за лицето кое ПРВ ПАТ се пријавува за вршење на земјоделска активност за време на полициски час се:

1.име и презиме
2.матичен број
3.адреса на живеење
4.место каде ќе се извршуваат земјоделските активности
5.контакт телефон

Добиените податоци ќе бидат доставени до ОВР-Полициска станица Неготино заради контрола на движење на граѓаните за време на полицискиот час.
Граѓаните при движењето со себе да понесат и документ за идентификација(лична карта).

Напомена:Пријавувањето е дозволено само за полнолетни лица, не постари од 67 години.

 
DEl. 4.3.2 Competitions for students in Pella and Negotino PDF Печати
https://enpolee.eu/2020/05/21/del-4-3-2-competitions-for-schools-students-in-pella-and-negotino/
 
До 30-ти јуни вежбовни боеви активности на АП Криволак PDF Печати
   Командата на Гарнизонот на Армискиот полигон Криволак го известува месното население дека во периодот до 30-ти овој месец на повеќе реони на полигонот ќе се изведуваат вежбовни боеви активности. Поради безбедно изведување на планираните вежбовни активности, во наведениот период се забранува секакво движење и престој на луѓе, моторни возила и стока во овие реони, како и земање или допирање на неексплодирани проектили или средства кои можат да бидат опасни по животот на граѓаните. Доколку се пронајдат такви средства, потребно е да се известат надлежните од АП Криволак или во најблиската полициска станица. Вежбалиштата на кои ќе се изведуваат боевите гаѓања ќе бидат видно одбележани согласно законските прописи на АРМ, а ќе биде присутно и физичко обезбедување.
 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 9 од 252