ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
Се подобруваат условите за чување материјали во Музејот на град Неготино PDF Печати

   Општинската Установа Музеј на град Неготино деновиве го реализира еден од одобрените проекти за 2018 година од страна на Министерството за култура на РМакедонија, а тоа е Санирање на влага во депото на музејот со цел да се подобрат условите за чување на музејски материјал во депоата на музејот. Музејот во минатиот период се соочуваше со проблем од подземните води од страничните делови на објектот, со тоа што се создаваше влага во депоата, а со тоа беа речиси невозможни условите да се чуваат музејскиот материјал и музејските предмети. Од таа причина оваа установа стартуваше со ваков инвестициски проект пред две години кој што Министерството за култура на РМ го одобри и санирањето се врши етапно според однапред утврдената динамика. Оваа година санирањето се реализира со промена на подот во депоата, промена на сталажите со нови поиздржливи и промена на картонските кутии во кои се чува музејскиот материјал со нивна замена со нови пластични кутии.

Повеќе...
 
Локалната библиотека „Страшо Пинџур“ набави најсовремен 3Д печатач PDF Печати

  За сопствените, но и за потребите на останатите установи и институции од општина Неготино, деновиве локалната библиотека „Страшо Пинџур“ од нашиот град изврши набавка на најсовремен 3Д модулар (печатач) кој изработува предмети испроектирани на компјутер и е прв од ваков вид во општина Неготино. Како што информираат одговорните, истиот ќе биде ставен во функција, а со почетокот на новата учебна година ќе се стартува со одржување на часови за обука за негово функционално користење од страна на учениците од основните и средното училиште од Неготино, а овој најсовремен печатач ќе им биде ставен на располагање и на талентираните ученици кои располагаат со напредни познавања од оваа област.

Повеќе...
 
Во Црвени Брегови се тампонира улица во должина од 700 метри PDF Печати

   Дел од гребениот асфалт од подготовките за асфалтирање на обиколницата околу Неготино-инвестиција на Владата на РМ преку Јавното претпријатие за државни патишта, ќе биде искористен и наменет за тампонирање на една улица во селото Црвени Брегови. Градежната механизација ангажирана за овој проект веќе неколку денови е на терен во ова неготинско село, ги заврши неопходните подготвителни активности и сега гребениот асфалт од обиколницата се транспортира до Црвени Брегови и се користи за тампонирање на споменатата улица. Станува збор за тампонирање на улица во должина од 700 метри која почнува од училиштето преку ценатрот па се до крајот на селото со што ќе дојде до санирање на најоштетените делови на оваа улица. Во своите јавни настапи градоначалникот на општина Неготино Тони Делков истакнува дека во договор со одговорните во Јавното претпријатие за државни патишта е обезбеден гребен асфалт за тампонирање на улици во сите населени места во неготинска општина.

Повеќе...
 
Се подготвува за асфалтирање ул„Индустриска“ (обиколницата) во Неготино PDF Печати

   На иницијатива на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков, а во соработка со одговорните во ЈП„Македонија“ пат, интензивно се одвиваат градежни работи за подготовка за асфалтирање на улицата „Индустриска“ во Неготино, односно обиколницата околу градот. Во моментов расположливата механизација е ставена во функција на гребење на постоечкиот оштетен асфалт, а паралелно се создаваат услови за комплетно асфалтирање на оваа исклучително фреквентна улица. Нов слој асфалт на улицата „Индустриска“ ќе се постави во должина од 1.200 метри од тоа почнувајќи од потегот кај Автобуската станица, а очекувањата се дека со нејзиното целосно асфалтирање ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот и тоа како на возачите, така и на пешаците. Реализацијата на овој проект е во вкупна вредност од околу 8.000.000 денари.

Повеќе...
 
Се врши дератизација на подрачјето на општина Неготино PDF Печати

По извршеното прскање против комарци, а согласно годишната Програма за комунални дејности на општина Неготино, денеска и утре ( 10 и 11 јули ) на територијата на неготинска општина  се врши дератизација. Во акцијата активно се вклучени вработени во локалната самоуправа и ЈП Комуналец, стручни лица од Центарот за јавно здравје од Кавадарци и работници на изведувачот на работите Зотокс од Скопје. Со дератизацијата е планирано да бидат опфатени околу 1.000 шахти со употреба на 200 килограми парафински блок и тоа со метод на фронтално поставување и поставување на висечки и статички парафински блокови. Средствата за спроведување на оваа активност се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

Повеќе...
 
Денеска (10.07) седница на Советот на општина Неготино PDF Печати

  Претседателот Диме Витанов врз основа на Законот за локална самоуправа за денеска, вторник 10 јули, го закажа одржувањето на 14-тата седница на Советот на општина Неготино на чиј дневен ред за расправа се предвидени 5 точки. Советниците најнапред ќе се произнесат по предлог-правилникот за условите и начинот на вршење авто –такси превоз на патници, предлог-одлуката за спроведување на постапките за јавна набавка на екстра лесно гориво и превоз на учениците во основните и средното училиште во општината, како и предлог-заклучокот за усвојување на годишниот план за работа на неготинското основно музичко училиште. Како последна точка од дневниот ред се советничките прашања.

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 10 од 167