ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
Посета на вработени кои се грижеа за здравјето и безбедноста на граѓаните PDF Печати
   Додека најголемиот број од граѓаните во пријатна и весела атмосфера ја испраќаа 2018 и го прославуваа дочекот на Новата 2019 година, десеттина службени лица се наоѓаа на своите работни места и поради нивната специфичност ги извршуваа своите редовни работни обврски. Станува збор за лица кои во текот на новогодишната ноќ се грижеа за здравјето и безбедноста на населението. На неколку часа пред полноќ нив ги посети градоначалникот на општина Неготино Тони Делков кој им посака да имаат што помалку работа притоа честитајќи им ги претстојните празници. Во знак на внимание градоначалникот Делков на 9 припадници на Полициската станица Неготино, 2 пожарникари и 6 вработени во Итната помош при Здравствениот дом во нашиот град им врачи пригодни подароци. Дежурните работници се заблагодарија и на Делков му посакаа среќни Новогодишни и Божикни празници.
Повеќе...
 
ПРВА ВОВЕДНА СРЕДБА ВО ОПШТИНА ПЕЛА PDF Печати

   ПРОЕКТ ,,ЕНПОЛ-ЕЕ,,
,,Енергетска ефикасност во прекуграничната област како индикативен фактор на политиката за животната средина ,, или ,, “Energy efficiency in the cross border area as an indicative factor for environmental policy”  со акроним, ENPOL-EE,,

Јаница, Декември28  и 29 ,2018

На 28 и 29 Декември 2018 година проектниот  тим  од општина Неготино и  од СОУ,,Св Кирил и Методиј,,Неготино заедно со градоначалникот на општина Неготино Тони Делков,присутвуваа на дводневна работна посета во  општина Пела-во местото Јаница .Ова е прва  воведна средба на која сите проектни партнери  меѓусебно се сретнаа и го формираа Управувачкиот Комитет .На средбата  се договорија за проектните активности што како обврски следуваат за сите 4 проектни партнери.Беа договорени официјалните алатки за комуникација за проектот,,ЕНПОЛ-ЕЕ,,.Се утврдија сите превземени досегашни активности во правец на развој на проектот, а посебен акцент беше ставен на заедничките активности кои всушност ја одразуваат и прекуграничната соработка.Се подготви сет од активности за следните 3 месеци, а беа договорени и сите менаџмент процедури кои е потребно да ги следат проектните партнери.На средбата градоначалниците на двете општини  г-дин Тони Делков и г-дин  Григорис Стамкос  остварија посебна посета, на која беа разменети информации за двете општините, а воедно беа договорени и потребните процедури околку потребното кофинансирање од 20% кое Водечкиот партнер –општина Пела во следните денови треба да го изврши кон општина Неготино и кон Св,;Кирил и Методиј,,Неготино, со што   ќе може реално  да се спроведуваат и да се покриваат трошоците  за дел од планираните проектни активности.

Повеќе...
 
Делков: Со љубов, единство и слога да го направиме Неготино уште поубаво место за живеење PDF Печати

Почитувани граѓани на општина Неготино !

Празниците се момент за нова надеж и верба дека ни претстои подобра и поуспешна година за сите нас и кога си посакуваме многу здравје, радост и среќа во годината што доаѓа. Новата 2019 година е нова шанса да продолжиме да работиме за доброто на Неготино и населените места во општината, затоа што од нас самите зависи иднината и развојот на општината. Само со љубов, единство и слога заедно можеме да го изградиме нашиот сакан град и да ја реализираме програмата за работа. Јас како градоначалник на општина Неготино од мое лично име и од име на локалната самоуправа Ви посакувам пријатно и ведро расположение за време на престојните празници. Ви посакувам празничните моменти да Ви бидат исполнети со најдобри желби за здравје, среќа, бериќет и разбирање.

СРЕЌНИ НОВОГОДИШНИ И БОЖИКНИ ПРАЗНИЦИ, ДРАГИ МОИ СОГРАЃАНИ !

 
Новогодишни пакетчиња за дечињата од ромската заедница PDF Печати

   Секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ, претставници на Здружението на граѓани Вардарски тек и на Црвениот крст од нашиот град денеска другаруваа со најмладите припадници на ромската заедница. Средбата која се одржа во селото Криволак беше искористена на дечињата да им бидат доделени новогодишни пакетчиња со желби за добро здравје и многу среќа во Новата 2019 година. 

Повеќе...
 
И дечињата од 7-те игрални добија новогодишни пакетчиња PDF Печати

   Секретарот на општина Неготино Ивица Златковиќ и претставници на локалната администрација остварија посети на 7-те игрални кои делуваат во 7 рурални средини во неготинска општина чие функционирање е финансирано од локалната самоуправа. Целта на посетата беше во пресрет на Новогодишните и Божикните празници на сите дечиња да им се поделат новогодишни пакетчиња, а за возврат дечињата од сите игрални подготвија и изведоа пригодна програма во која доминираа песнички и пораки за Новата 2019 година. Секретарот Златковиќ од негово име и од име на градоначалникот на општина Неготино Тони Делков на сите дечиња им посака многу среќа и здравје во Новата година, а дечињата се заблагодарија на подароците и на убавите желби.

Повеќе...
 
Проект „wa-mbrella“ PDF Печати

Проект,,wa-mbrella,,

Согласно Одлуката од УО на ЈП,,Комуналец,, Неготино бр. 02-527/5 од 12.12.2018 ЈП,,Комуналец,, Неготино спроведува постапка за јавна набавка од УСЛУГИ за организирање на настан за Светскиот ден на водите на 22 Март 2019 за проектниот партнер 4 – ЈП,,Комуналец,,Неготино за проектот ,,wa-mbrella”.

http://www.jpknegotino.com.mk/Struktura.html

 
<< Почеток < Пред 1 2 3 4 5 6 7 8 9 10 Следно > Крај >>

Лист 2 од 179