ЈАВНИ НАБАВКИ

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
ОТВОРЕН ЦЕНТАР ЗА СКЛАДИРАЊЕ НА ЗАПЛЕНЕТИ РАБОТИ НА УЈП PDF Печати
  Заменик – претседателот на Владата на РМ и Министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на Управата за јавни приходи Горан Трајковски свечено го отворија новиот ,, Центар за складирање и впаричување на запленети движни работи ,, во Неготино кој е формиран со цел за модернизирање и зголемување на ефикасноста на деловните процеси поврзани со постапките на присилна наплата на даночните долгови. Основна цел на Центарот е на едно место да се сместуваат и да се чуваат, како и од едно место да се располага со работите кои УЈП ги запленува во постапките надворешна контрола и присилна наплата, функција која досега беше децентрализирана.
Повеќе...
 
АЖУРИРАЊЕ НА ОПШТИНСКИОТ Л Е А П PDF Печати
  Во рамките на  проектот на УНДП за меѓуопштинска соработка ,, Меѓуопштинска база на податоци за управување со животната средина и мониторинг, апдејтување и печатење на ажуриран Локален еколошки акционен план за општините Неготино и Д.Капија ,, превземени се активности за спроведување на проектот за кој од донаторот се обезбедени 500.000 денари, а сопствено учество ќе имаат и двете општини. Во тек е мониторинг, апдејтување и ажурирање на постојниот ЛЕАП за општина Неготино при што е спроведена анкета на примерок од 700 испитаници. Во рамките на проектот се одржа и јавна расправа за документот ЛЕАП со извршена презентација од страна на Адвисент ДООЕЛ кој во изминатиот период заедно со локалната група работеше на постоечкиот документ. Покрај ова, преку проектот е обезбедена компјутерска опрема за двете општини за подобрување на условите за работа за вработените во областа на животната средина, обезбеден е соодветен софтвер и отпочнато е креирање на база на емитери во животната средина, а проектот овозможи и воспоставување меѓу општинска соработка меѓу Неготино и Д.Капија со што се создадени услови за продолжување и унапредување на соработката не само во животната средина, туку и во други области.
 
ПРОМОВИРАН РЕГИОНАЛНИОТ ОБРАЗОВЕН ПОРТАЛ PDF Печати

Општина Неготино во соработка со Центарот за развој на Вардарскиот плански регион ја организираше првата работилница на која се изврши презентација и промоција на Регионалниот образовен портал. Како што беше појаснето од страна на стручните лица кои го промовираа проектот, образовниот портал е веб – базирано решение за колаборација, комуникација и презентација на образовни содржини кои се прилагодени на образовниот систем.

Повеќе...
 
ГРАДСКАТА КАПЕЛА РЕЧИСИ ГОТОВА PDF Печати
 Финишираат градежните работи на Градската капела во Неготино, а работниците на изведувачот Пер-инженеринг паралелно се ангажирани во изведувањето на завршните работи  на надворешноста и внатрешноста на овој објект. Во меѓувреме беше распишан јавен тендер и се избра најповолниот понудувач кој има за задача да ја опреми внатрешноста на капелата со неопходните елементи потребни за нејзино непречено функционирање. Инаку, станува збор за објект со димензии 20 на 20 метри должни, односно капелата зафаќа површина од 400 метри квадратни, а во нејзин склоп има влезен трем, сала за излагање, просторија за подготовка, соба за одржување, за најблиските и свештените лица, како и друг простор. Одговорните во стручните служби на локалната самоуправа велат дека за комплетната изградба и опремувањето на капелата ќе бидат потрошени средства во висина од 10 милиони денари кои се комплетно обезбедени од Буџетот на општина Неготино. Се очекува, доколку се тече според предвиденото, градската капела да биде предадена во употреба во втората половина од месец мај.
 
ЈАВНА ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА ЗАКОНОТ ЗА ДИВОГРАДБИ PDF Печати

   Официјално стартуваше примената на Законот за постапување со бесправно изградените објекти со што е создадена законска можност за отпочнување на процесот на легализација на дивоградбите. За таа цел, во Неготино се одржа јавна презентација на која министерот за транспорт и врски при Владата на РМ Миле Јанакиески изврши претставување на најважните делови од овој закон, истакнувајќи дека барањата за легализација ќе може да се поднесуваат до септември, а сопствениците на индивидуални дивоградби за да добијат легитимен статус за објектот, ќе треба до општината да достават три документи и да платат по едно евро за квадрат.

Повеќе...
 
ПАТРОНЕН ПРАЗНИК НА ООУ ,, СТРАШО ПИНЏУР ,, PDF Печати

   Во присуство на сегашни и поранешни вработени во оваа образовна установа, претставници на локалната самоуправа предводени од градоначалникот Пане Трајков и други гости, со низа пригодни активности беше одбележан патрониот празник на Основното општинско училиште ,, Страшо Пинџур ,, од Неготино. Претставници на училиштето, на локалната самоуправа и на боречката организација положија свежо цвеќе и се поклонија пред бистата на патронот, а потоа за присутните беше организирана богата културно уметничка програма. Во пригодното обраќање, директорката на училиштето Весна Јованова говореше за постигањата во изминатиот едногодишен период помеѓу двата празника , како и за напорите што одговорните ги прават за осовременување на образовниот процес и создавање подобри услови и за наставниците и за учениците при одвивањето на наставата. Одбележувањето на патрониот празник беше искористено на поранешни вработени во училиштето кои се пензионирале да им бидат врачени пригодни подароци, а наедно признанија добија и ученици кои освоиле награди и кои достојно го претставувале своето училиште на  домашни и меѓународни натпреварувања и манифестации.

 

 

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Следно > Крај >>

Лист 123 од 135