О Т Ч Е Т

GUIDE FOR INVESTORS

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
СЕ ГРАДИ НОВА ФИСКУЛТУРНА САЛА PDF Печати

     Во рамките на реализацијата на проектот финансиран со средства од Владата на РМ за изградба на спортски сали на територијата на цела држава, еден таков објект започна да се гради и во Неготино. Имено, од неодамна се започнати активностите за изградба на најсовремена фискутурна сала која ќе функционира во склоп на СОУ Св. Кирил и Методиј. Согласно изготвениот проект, фискултурната сала ќе биде со должина од 44 и ширина од 29 метри, односно ќе опфаќа корисна површина од околу 1.300 метри квадратни. Истата се предвидува да биде повеќенаменска, а во нејзини рамки ќе бидат изградени и трибини. Изведувач на работите е ГП Гранит, а надзорот го вршат стручни лица од Градежниот институт од Скопје. Со изградбата и ставањето во функција на новата фискултурна сала средношколците од СОУ Св. Кирил и Методиј наставата по физичко воспитување ќе можат да ја реализираат во нови и стандардизирани услови, без притоа секојдневно да се упатуваат кон блиската спортска сала со што се ризикува нивната безбедност или пак часовите по физичко да се одржуваат во импровизирани услови во училниците. Се очекува фискултурната сала да биде завршена во согласност со утврдените рокови за нејзина изградба.

 
РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ЛОКАЛНИ ПАТИШТА PDF Печати
     Локалната самоуправа Неготино секоја година од Агенцијата за државни патишта добива на располагање средства во висина од околу 5 милиони денари. Употребата на овие средства е строго наменска и се однесува на реконструкција и изградба на патната инфраструктура на територијата на општината, се разбира со утврдени приоритети од страна на надлежните органи, додека еден дел е наменет за зимско одржување на уличната мрежа во градот. Според предлозите на стручните служби, се очекува оваа година овие средства да бидат искористени за изградба и реконструкција на два патни правци и тоа Неготино – Тимјаник и Неготино – Курија. Направените пресметки говорат дека средствата ќе бидат доволни за комплетно уредување на 3,5 километри од патот Неготино – Курија и 1 километар од потегот Неготино – Тимјаник. Со реализацијата на овој проект се очекува да дојде до значително зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот на овие два патни правци.
 
30 НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА АНГАЖИРАНИ НА ЈАВНИ РАБОТИ PDF Печати
     Во рамките на проектот Уредување на јавно прометни површини во градот преку расчистување, оззеленување, хортикултурно уредување, поправка на постојната и поставување на нова урбана опрема инициран и финансиран од Владата на РМ, 30 невработени лица од општина Неготино кои ги исполнуваа неопходните критериуми за тоа се работно ангажирани на изведување јавни работи. Во периодот до 31 декември оваа година тие врз основа на изготвени оперативни планови ќе работат на уредување на јавно – прометни површини, а за секој месец поединечно надлежните ќе изготвуваат извештај за се она што како ангажман го имаат реализирано. Овие лица работат на повеќе локации како на пример чистење на речното корито на градскиот кеј од плоштадот до спортската сала, метење и окопување долж улиците Маршал Тито и Партизанска, косење на тревата и окопување на паркот околу зградата на општината, уредување на парковските површини во населбата Антигона, кај спортската сала и МВР, а извшени се и други зафати согласно оперативните планови.
 
ИМПЛЕМЕНТАЦИЈА НА СТАНДАРДОТ ISO 9001 – 2008 PDF Печати
     Активностите околу имплементацијата на стандардот ISO 9001:2008 се одвиваа според изготвен термински план за работа, однапред утврден помеѓу работниот тим и консултантот. Имено, преку дефинирање и утврдување на процeсите со кои општина Неготино се јавува како сервис на граѓаните, воспоставен е Систем за менаџмент со квалитет (СМК) во кој се вклучени сите функции и расположивите ресурси, како и нивните овластувања и одговорности. Со воспоставувањето на СМК всушност се документирани следните документи – Политика за квалитет и цели за квалитет, Прирачник за квалитет, Процедури на СМК, како и работни документи и записи на СМК. Преку овие документи, општина Неготино ги дефинира својата мисија, визија и стратегија со воспоставување на целите и нивната реализација, како и мерките за зголемување на задоволството кај граѓаните преку добиените услуги.
 
ОТВОРЕН НОВИОТ ГРАЃАНСКИ УСЛУЖЕН ЦЕНТАР PDF Печати
  Градоначалникот на општина Неготино и евроамбасадорот Ерван Фуере го предадоа во употреба новиот Граѓански услужен центар сместен на приземјето во зградата на општината. Со спроведувањето на проектот СУДЕП досегашпниот информативен центар прерасна во Граѓански услужен центар кој функционира на принципот на едношалтерски систем, што пак значи примена на стандарди кои гарантираат подигнување на квалитетот на јавните услуги што ќе им бидат давани на крајните корисници – граѓаните. Граѓанскиот услужен центар е опремен со современа техничка опрема, мебел, компјутери и работни бироа, а инсталирани се хардвер и софтвер со реализирана обука за дел од администрацијата. Со ставањето во употреба на услужниот центар, граѓаните на општина Неготино можат сите потребни процедури и услуги да ги завршуваат на едно место во оваа канцеларија која им дава брзи, ефикасни и стандардизирани услуги, а не како досега за една работа да се упатуваат на неколку места. Со инкорпорирањето на овие современи стандарди во комуникацијата на општинските власти со населението, на прво место се става граѓанинот, бидејќи токму тој е и причината за постоењето на локалната самоуправа.
 
Неготинска вечер (19 септември) и Традиционален неготински панаѓур (21-23 септември) PDF Печати

Повеќе од 100 години во чест на верскиот празник Мала Богородица – 21 септември, во Неготино се одржува познатиот Неготински панаѓур.

Последните неколку години празнувањата започнуваат на 19 септември, кога се одржува познатата Неготинска вечер. Ова е вечер на староградска песна, музика и дружење за сите генерации, вечер кога Старата чаршија и градскиот плоштад во Неготино се претесни за да ги соберат посетителите, кои ги забавуваат познати и реномирани музички имиња на македонската естрада. Програмата е збогатена и со настапи на акробати и жонглери као и театарски перформанс на помали театарски групи.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 121 122 123 124 125 126 127 Следно > Крај >>

Лист 126 од 127