ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
САНАЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА ЛИНИЈА НА УЛИЦА ВЛАДО АРСОВ ШПАНАЦ PDF Печати

   Долги години наназад жителите од населбата Саат – кула имаа големи проблеми со недоволниот дотур на вода до нивните домови, проблем кој посебно го чуствуваа граѓаните кои живеат во зградите лоцирани во населбата. По утврдувањето на причините за ваквата состојба -  нефункционалноста на постојната мрежа и честите дефекти кои се јавуваа поради слабата издржливост на притисок на цевките и обезбедената финансиска конструкција, општина Неготино го реализираше проектот за санација на водоводната линија на улицата Владо Арсов Шпанц во должина од 200 метри  преку која водата доаѓа до жителите од Саат – кула. Констатирано е дека постоечките цевки се пластични, стари и дотраени од 6 бари, па токму затоа истите беа заменети и беа поставени нови полиетиленски цевки од 10 бари кои обезбедуваат далеку поквалитетен и стабилен проток на водата, а исто така се променија и приклучоците за домаќинства кои живеат на оваа улица. По комплетното спроведување на овој зафат дојде до драстично подобрување на состојбата со водоснабдувањето на жителите од населбата Саат – кула, а со цел за регулирање на протокот, поставени се и 2 вентили за регулирање на дототкот на вода во водоводната мрежа. Потребните средства за реализирање на проектот од 1.600.000 денари се обезбедени од Буџетот на општина Неготино.

 

Повеќе...
 
СЕ РЕКОНСТРУИРА ВОДОВОДНАТА И ФЕКАЛНАТА МРЕЖА НА УЛ ,, 11 ОКТОМВРИ ,, PDF Печати

   Во изминатиот период работници на градежната фирма ,, Стојменов ,, од Кочани беа и се ангажирани околу комплетна реконструкција на водоводната и фекалната мрежа на улицата 11 –ти Октомври – проект кој се наметна за реализација поради застарените мрежи и проблемите со кои долги години се соочуваат граѓаните кои живеат на оваа улица. Имено, согласно потпишаниот договор за финансирање проекти помеѓу Република Македонија и Европската инвестициона банка за проектот – Водоснабдување и одведување на отпадни води, општина Неготино аплицираше, а од Министерството за транспорт и врски и беше одобрен проектот за комплетна реконструкција на водоводната и фекалната мржа на улицата 11-ти Октомври. Финансиската рамка на овој проект е определена согласно предвидената инвестициска вредност на истиот и изнесува над 5.000.000 денари. Инаку, со проектната програма дефинирана е потребата од изградба на нова фекална мрежа во должина од 270 метри, како и реконструкција на постоечката линија на оваа улица која е со азбестно-цементни цевки, недоволен профил и со старост на истите од над 60 години, по што е утврдена потребата од нивна итна замена. Со конечната реализација на проектот се очекува да дојде до значително подобрување на квалитетот на услугите во делот на водоводната и фекалната мрежа за над 500 граѓани кои живеат на улицата 11-ти Октомври.

 

 

Повеќе...
 
УРЕДУВАЊЕ НА ПАРК ВО ЦРВЕНИ БРЕГОВИ PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на годишната Програма за уредувањена градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино и остварувањето на заложбите на локалната самоуправа за уредување на централните подрачја во населените места, во селото Црвени Брегови се пристапи кон уредување на парк, за што од Буџетот на општина Неготино се издвоени близу 300.000 денари. Истите се намменети за поставување на бехатон коцки на споменатиот простор, изградба на пешачки патеки, оградување на бунарот, а наедно во околината на овој простор е засадена и трева. Предвидено е по завршувањето на јавниот тендер работници на локалното комунално претпријатие да постават и клупи каде што населението во  одмор и релаксација ќе може да минува дел од слободното време, а целиот простор ќе биде соодветно осветлен.

Повеќе...
 
СООПШТЕНИЕ PDF Печати
Се известуваат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино дека на ден 01.11.2012 година (Четврток) ќе се одржи пета и последна  по ред форумска сесија од проектот “Форуми во заедницата“ на која ќе се утврди конечниот предлог за реализација. Петата сесија ќе се одржи во просториите на хотел Памела и ќе започне од 18 часот.
 
ИТАЛИЈАНСКИОТ АМБАСАДОР КРИСТИЈАНИ ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Печати

  Во рамките на реализацијата на проектот ,, Недела на италијанскиот јазик во светот ,, кој се одвива под мотото ,,Италија на територии, Италија на иднината ,, во работна посета на општина Неготино престојуваше амбасадорот на Република Италија во Република Македонија Фабио Кристијани. За време престојот, амбасадорот Кристијани оствари средба со градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој го запозна со личната карта на градот, а потоа присуствуваше на работилницата што се одржа во ТИЦ ,, Желкова куќа ,, каде што беше презентиран проектот за соработка и размена помеѓу италијанските училишта од општина Вале ди Сан Николао и ООУ ,, Страшо пинџур ,, од нашиот град. Имено, токму од нашето осносно училиште е покрената иницијатива за изучување на италијанскиот јазик преку негово воведување како дополнителен предмет за изучување за учениците кои ќе пројават интерес за тоа, идеја која сесрдно беше поддржана од амбасадорот Кристијани кој рече дека е радосен што и надвор од Скопје, во помалите средини, ќе може да се изучува овој јазик, се разбира по завршувањето на процедурите кои се во тек во Министерствиото за образование и давањето согласност за реализацијата на проектот.

Повеќе...
 
Организирана Средба за Вмрежување PDF Печати

На ден 05-06 октомври во Хотел Дрим -Струга, Швајцарската агенција за развој и соработка  за програмата ,,Форуми во заедницата" организираше средба за вмрежување на општините кои реализираат проекти од истоимената програма. На средбата присуствуваа претставници од 13 општини, меѓу кои свое претставување со претставници од бизнис сектор, невладин сектор и општинска администрација имаше и општина Неготино. Тема  на оваа средба беа Предизвици и проблеми при организирање и одржување на форумските сесии и Дискусија и предлози за можни решенија за надминување на идентификуваните предизвици и проблеми на која претставниците на секоја од општините имаа можност да ги  разменат и споделат стекнатите  искуства.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 121 122 123 124 125 126 127 128 129 130 Следно > Крај >>

Лист 128 од 158