Општина Неготино
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ ДОДЕЛИ 28 ВАУЧЕРИ ЗА НОВОРОДЕНЧИЊА PDF Печати

   Следејќи ја политиката на Владата на РМ, на предлог на градоначалникот Ванчо Апостолов, кон крајот на септември, минатата година, Советот на општината донесе одлука за доделување вредносни ваучери во висина од 7.000 денари за секое новородено дете на подрачјето на општина Неготино. Мерката во пракса се спроведува веќе 10 месеци, а на почетокот на јули градоначалникот Апостолов на пригодна свеченост додели 28 ваучери на семејства кои имале новороденчиња во мај и во јуни. Како што истакна Апостолов во пригодното обраќање пред присутните во изминатиот период од кога е започнато спроведувањето на оваа мерка, општина Неготино има доделено вкупно 150 ваучери, што значи дека месечно се раѓаат во просек околу 15 бебиња. За реализацијата на проектот на годишно ниво од Буџетот на општина Неготино предвидено е да се издвојуваат околу 1,5 милион денари.

Повеќе...
 
ЗАВРШИ АСВАЛТИРАЊЕТО НА ПАТОТ ОД КУРИЈА ДО ПАЛИКУРА PDF Печати
   Работници на Градежното претпријатие Гранит ги зваршија асвалтерските работи на патот Курија – Паликура во должина од околу 3 километри – проект за кој беа издвоени средства во висина од 25.000.000 денари, а заеднички го спроведоа општините Неготино и Росоман со поддршка на Агенцијата за државни патишта. За разлика од порано, сега жителите на двете села на располагање имаат нов, модерен и асвалтиран патен правец од и до Курија и Паликура, а покрај нив бенефитите ќе го користат и огромниот број земјоделци кои на овој потег имаат сопствени површини со разни култури. Градоначалниците Ванчо Апостолов и Стојанче Лазов кои беа на терен искажаа задоволство од одлични изведената работа од страна на ГП Гранит, а асвалтираниот пат покрај за зголемувањето на безбедноста на сообраќајот, ќе придонесе за многу полесен и побезбеден транспорт на земјоделските производи од овој регион кои се носат до откупните центри, без разлика дали станува збор за праски, сливи, грозје или други култури. Наедно, на инсистирање на градоначалникот Апостолов, а по барање на месното население, се изврши тампонирање на една улица во Курија во должина од 150 метри, а се уред и просторот пред селските гробишта.
Повеќе...
 
ОДРЖАНА ЈАВНА РАСПРАВА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДОТ ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Во салата на општината се одржа јавна презентација за издржливоста на физибилити студијата за изводливост на проектот „Реконструкција на водоводната мрежа во Неготино и изградба на нов резервоар за вода од 500 м3“ - што претставува дел од сетот-мерки и проекти што општината ги предвидува за реализација со единствена цел за подобрување на водоснабдувањето во градот и обезбедување на 24 часовно континуирано и редовно водоснабдување на граѓаните. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов ги запозна присутните дека после 60 години ќе дојде до реконструкција на водоводониот систем во Неготино кој е во должина од околу 70 километри, со тоа што ќе бидат опфатени 15 улици во должина од 8 километри кај кои стручни лица од ангажирана реномирана фирма утврдија дека има најголеми загуби кои на некои места достигнуваат и до 70 отсто од количините кои доаѓаат до домовите на граѓаните. Инаку, во моментов до Неготино од регионалниот водовод Лукар дотекуваат 77 литри вода во секунда-количини кои би биле доволни за нормално водоснабдување, ако не се присутни големиот број на дефекти кои придонесуваат за нејзино губење. Проектот ќе се реализира со кредитни средства од Светска банка во висина од 850.000 евра со каматна стапка од 0,6 проценти, грејс-период од 3 години и рок на отплата од 10 години.

Повеќе...
 
ВО ИНДУСТРИСКА ЗОНА „НЕГОТИНО“ СЕ ПРОДАВААТ ГРАДЕЖНИ ПАРЦЕЛИ PDF Печати

   Општина Неготино ја објави Објавата за отуѓување на градежно земјиште сопственост на РМ по пат на електронско јавно наддавање кое ќе се одржи на 31 јули оваа година во 9 и во 10 часот. Станува збор за продажба на градежни парцели во Индустриската зона Неготино на вкупна површина од 12,5 хектари, при што се продаваат 10 градежни парцели со различна површина кои се движат од 4.300 до 18.315 метри квадратни со почетна цена од 61 денар за метар квадратен. Имајќи предвид дека станува збор за Индустриска зона која се наоѓа на извонредно атрактивна локација во центарот на Македонија, со регионален и автопат во близина, како и железничка пруга, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов очекува огромен инетерс за објавените парцели и апелира до сите заинтересирани домашни и странски правни и физички лица благовремено до 28 јули да ја достават потребната документација за да можат да учествуваат на јавното наддавање. Инаку, предходно во оваа индустриска зона беа продадени градежни парцели на вкупна површина од 12,5 хектари.

Повеќе...
 
4.000.000 ДЕНАРИ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА КАЈ ДУБРОВО PDF Печати

   Врз основа на извршените мерења  од страна на стручни лица во близина на селото Дуброво е констатирано дека поради настанати дефекти доаѓа до големи загуби на водата за пиење која доаѓа од регионалниот водовод Лукар, со измерена количина на загуба од 5,5 литри во секунда, загуби што не само што влијаат на водоснабдувањето на месното население и ТЕЦ Неготини и Фабриката за кабли, туку придонесува и за губење на водата која доаѓа до граѓаните на Неготино. Токму затоа општината ангажираше стручни лица кои го отстранија дефектот со што се зголеми и статичкиот притисок во наведената секција која сега достигнува и до 8-9 бари. Со средства од општинскиот Буџет во висина од 4.000.000 денари се изврши комплетна рекоснтрукција на водоводната мрежа во должина од 1 километар на потегот од местото викано Бучето до село Дуброво. Со реализацијата на овој проект ќе дојде до подобрување на водоснабдувањето кај населението од Дуброво и во ТЕЦ Неготино и Фабриката за кабли, а бенефитите ќе ги почуствуваат и граѓаните на општина Неготино.

Повеќе...
 
13 ГОДИНИ ОД ЗАГИНУВАЊЕТО НА БРАНИТЕЛОТ КОСТЕ ВОЛКАНОСКИ PDF Печати

   Во кругот на Полициската станица во Неготино, денеска беше одбележана 13-годишнината од загинувањето на бранителот Косте Волкански кој трагично го загуби животот бранејќи го територијалниот интегритет и суверенитет на Република Македонија во воениот конфликт од 2001 година. Членовите на најтесното семејство на Волканоски, делегација од општина Неготино предводена од градоначалникот Ванчо Апостолов, колеги полицајци, претставници на Полицискиот синдикат, на Армијата на РМ, Здружението на бранители, делегации на политички партии и други граѓани со полгање на свежо цвеќе на спомен бистата подигната во чест на Волканоски  му оддадоа почит на загинатиот бранител. Претседателот на полицискиот синдикат Диме Михаилов истакна дека не смее да се дозволи иднината да ги избрише спомените на Косте, а токму за таа цел беа организирани 4-тата по ред крводарителска акција и 8-иот по ред меморијален турнир во фудбал.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>

Лист 132 од 196