ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
ДЕЧИЊАТА ОД ГРАДИНКАТА ,, ФЕМО КУЛАКОВ ,, ВО ПОСЕТА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ PDF Печати

Во рамките на одбележувањето на,, Неделата на детето ,,покрај многубројните активности што ги имаат реализирано во матичната установа, десеттина дечиња од возрасната група заедно со воспитувачката Јана Коцева и директорката Весна Нацева го посетија градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој ги прими во својот кабинет. Притоа, пред градоначалникот и вработените во локалната администрација тие изведоа неколку точки од богатата наставна програма која ја реализираат во градинката, рецитираа, пееја песнички, а наедно ги искажаа и своите детски желби за тоа во каков град сакаат да живеат и што тие сакаат да има во Неготино. Градоначалникот Трајков со внимание ги проследи нивниот настап и искажаните желби, не криејќи го сопственото задоволство од остварената средба со најмладите наши сограѓани. Оваа прилика градоначалникот ја искористи во име на општина Неготино на одговорните во градинката да им врачи ваучер во висина од 30.000 денари – средства кои ќе бидат наменети за купување играчки и реквизите за потребите на градинката и дечињата кои престојуваат во неа.

Повеќе...
 
ПРЕКУ UNDP СЕ РЕАЛИЗИРА ПРОГРАМАТА ,, ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА ,, PDF Печати

  Општина Неготино во соработка со UNDP во наредните 5 месеци ќе ја спроведува пилот програмата ,,Општинска корисна работа,, која претставува една од 9-те активни мерки на Владата на РМ за вработување наведени во оперативната програма за периодот 2012-2015 година. Преку оваа програма, локалната самоуправа Неготино ангажираше 6 лица од женски пол- корисници на социјална помош и евидентирани невработени кои во времетраење од 5 месеци ќе бидат ангажирани како асистенти-помошници на воспитувачките во веќе постоечките 6 игрални за деца кои функционираат во руралните средини и тоа секојдневно во 5-те работни денови во време од 4 часови. Меѓу другото, тие ќе помогаат во секојдневниот прием и испраќање на децата, ќе водат грижа за нивната безбедност, ќе им асистираат на воспитувачките за време подготовките и реализацијата на одредени воспитни содржини, а ќе извршуваат и други работи во договор и координација со одговорниот воспитувач. Средствата за спроведувањето на овој проект ги обезбеди UNDP, а на ангажираните лица им се исплаќаат  преку општина Неготино врз основа на склучените договори.

Повеќе...
 
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА ЧРНОМЕЉ ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Печати

   Во рамките на меѓународната соработка што ја реализира локалната самоуправа, во посета на нашиот град беше делегација од општина Чрномељ- Република Словенија со која општина Неготино има потпишано меморандум за соработка. Словенечката делегација која беше предводена од градоначалничката Мојца Чемас Стјепановиќ беше примена во кабинетот на градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков, при што средбата беше искористена за поблиско меѓусебно запознавање и размена на искуства од функционирањето на двете локални самоуправи, а беа разгледани и можностите за продлабочување на веќе остварената меѓусебна соработка. За време престојот, делегацијата од Чрномењ ги посети изложбите во градскиот Музеј и ТИЦ Желкова куќа, направи прошетка со краток одмор на старата градска чаршија, заедно со домаќините го посети и се запозна со археолошкиот локалитет Стоби, а исто така б гостите од Словенија го посетија, разгледаа и уживаа во убавините на прекрасниот манастир Свети Ѓорѓи. Исто така, имаа можност да ја посетат и копаничарската работилница на Зсружението ,, Стари занаети ,, а наедно се посети и еден стопански субјект од општина Неготино.

Повеќе...
 
ОТВОРЕНИ ДВЕ ИЗЛОЖБИ ВО НЕГОТИНО PDF Печати

  Во организација на Амбасадата на Република Унгарија во Република Македонија, а во соработка со локалната самоуправа и Музејот на град Неготино, во нашиот град се изврши отворање на две изложби. Првата беше поставена во изложбениот салон на градскиот Музеј и на истата  присутните заинтересирани имаа можност да ги разгледаат 50-тината фотографии на еден од најпознатите унгарски уметници Јанош Ејферт. За значењето на изложбата говореше градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков, а изложбата за отворена ја прогласи амбасадорот на Република Унгарија во Мкедонија Јожеф Бенце. Истиот ден, во просториите на Туристичко-информативниот центар амбасадорот Бенце и градоначалникот Трајков отворија уште една изложба која претставуваше колекција на слики од Унгарската историја, со што, како што беше истакнато, заинтересираните посетители низ слика и збор имаа можност да се запознаат со историјата на оваа пријателска земја.

Повеќе...
 
УНГАРСКИОТ АМБАСАДОР БЕНЦЕ ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Печати

  За време одржувањето на тридневната стопанско-туристичка и културна манифестација Неготински панаѓур, а во рамките на соработката што локалната самоуправа ја започна со општината Ноќката, во еднодневна работна посета во Неготино престојуваше Неговата Екселенција – амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија, Јожеф Бенце. Притоа, амбасадорот беше примен и оствари средба со градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков со кого разговараа на повеќе теми, при што првиот човек на општината го запозна гостинот со функционирањето на локалната самоуправа, потенцијалите  за развој на општината, состојбите во културата и образованието, а се разговараше и за можностите за развој на соработката меѓу општините Неготино и Ноќката. За време престојот, амбасадорот Бенце имаше можност да направи кратка прошетка низ централното градско подрачје, а наедно оствари средба и со дел од советниците во Советот на општина Неготино.

Повеќе...
 
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА НОЌКАТА-УНГАРИЈА ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Печати

   Шестчлена делегација на општина Ноќката – Република Унгарија е во тридневна официјална посета на општина Неготино. Во делегацијата која е предводена од градоначалникот Јанош Кочи застапени се и претставници од бизнис секторот од оваа унгарска општина која има околу 14.000 жители. Контактите за соработка помеѓу двете општини која предвидува да резултира со збратимување се остварени благодарение на амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Јожеф Бенце при остварена средба со градоначалникот Трајков. За Унгарската делегација беше организиран прием во кабинетот на првиот човек на градот, а средбата беше искористена за меѓусебно запознавање и за реализирање на видео – презентација преку која гостите се запознаа со личната карта на општина Неготино. За време престојот во нашиот град, гостите од ноќката ќе имаат можност да се запознаат со убавините на Неготино со посета на неколку стопански капацитети и културни установи, а предвидено е и одржување на две ликовни изложби.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>

Лист 133 од 161