ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Skopjediem

Beeconomy

Општина Неготино
Во Индустриската зона „Неготино“ продадени сите 17 градежни парцели PDF Печати

   Имено, на последното одржано јавно наддавање организирано од страна на стручните служби при локалната самоуправа, по електронски пат се продадоа и преостанатите 7 градежни парцели на површина од 8 хектари, со што сите понудени парцели лоцирани во Индустриската зона Неготино кај Црвени Брегови со намена за Г-2 лесна индустрија и Г-4 стоваришта, се продадени. На предходно одржаните 2 јавни наддавања се продадоа вкупно 10 градежни парцели на површина од 16 хектари, што значи продадени се сите понудени 17 парцели на вкупна површина од околу 24 хектари. Со оглед на одличната местоположба на Индустриската зона, огромниот интерес за купување на градежните парцели беше очекуван, имајќи предвид дека зоната се наоѓа во централното подрачје на нашата држава, со автопат и регионален пат во непосредна близина, како и железничката пруга. Се очекува, по добивањето на неопходните за тоа градежни дозволи, инвеститорот со изградба на предвидената инфраструктура да започне во текот на наредната година.

Повеќе...
 
Повик за стипендирање PDF Печати

Конзулатот на Република Унгарија во Македонија достави информативен материјал до општините од Република Македонија  со цел истите да бидат достапни и проследени  во јавноста.

Информативниот материјал се однесува на    Програмата за Школарина на  Унгарската Влада за Академската 2015-2016 година која објавува повик за стипендирање и поддршка на заинтересирани лица за Магистерски студии на 3 Универзитети во Унгарија  кои ќе се спроведуваат на Англиски јазик во следниве области:

1.Животинска исхрана и безбедност на храната
2.Заштита на рaстенијата
3.Рурален развој и агробизнис

Подетално околу условите на повикот  и начинот на аплицирање  можете да се запознаете преку достапните документи  на веб страната на општина Неготино
www.negotino.gov.mk

-Опис на Програмата за школарина
-Е-маил процедура за аплицирање

2015_Application_Form

2015_Hungary_Course_Description

 
Заврши вториот по ред ракометен турнир за генерации помлади од ‘99 PDF Печати

   Во рамките на програмата за спорт за Општина Неготино, конкретно поттикнување, поддршка и развој на младинскиот спорт во општината, во коорганизација со ракометниот клуб “Вардар - Неготино” на 20 декември (сабота) во салата на СОУ “Св.Кирил и Методиј” се оддржа турнирот во ракомет за генерации помлади од ’99. На овој веќе традиционален турнир учество зедоа четири екипи во машка и две екипи во женска комнкуренција. Победник на турнирот во машка конкуренција е екипата на РК “Вардар – Неготино” која во финалето го совлада тимот на РК “Вардар – Бисинов” од Велес, додека третото место и припадна на екипата на РК “Валандово” која што во малото финале го совлада тимот на РК “Торо – Спорт” од Виница. Во женска конкуренција во единствениот натпревар кој што се одигра во оваа конкуренција екипата на РКЖ “Вардар – Неготино” ја совлада екипата на ЖРК “Торо – Спорт” од Виница. Во продолжение се комплетните резултати од турнирот:

Повеќе...
 
Санирани ударните дупки на „Маршал Тито“ и „Партизанска“ PDF Печати

  Работници на градежното претпријатие „Изолација“ од Скопје во текот на само еден ден извршија санирање на сите ударни дупки на најфреквентните и главните улици во Неготино „Маршал Тито “ и „Партизанска“ со што се подобрија условите за безбедно одвивање на сообраќајот и движењето на пешаците. Изведените работи се дел од Програмата за комунални дејности на општина Неготино, за што од општинскиот буџет беа издвоени средства од близу 200.000 денари. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов информира дека по празниците ќе се пристапи кон санирање на ударните дупки и на други улици во Неготино.

Повеќе...
 
Традиционален турнир во ракомет за млади категории - генерација 1999 PDF Печати
   Во организација на ракометниот клуб Вардар Неготино и со финансиска поддршка на општина Неготино, оваа година по втор пат ќе се одржи традиционалниот турнир во ракомет за младински категории - генерација 1999. Турнирот ќе се одигра во спортската сала на СОУ “Св. Кирил и Методиј”, а ќе започне на 20 декември (сабота) во 10.00 часот. На истиот учество ќе земат 4 екипи во машка конкуренција и 2 екипи во женска конкуренција. Во машка конкуренција ќе настапат екипите на РК “Торо Спорт” од Виница, РК “Валандово” од Валандово, РК “Бисинов” од Велес и домаќинот РК “Вардар Неготино”, кои ќе играат по турнирски систем. Во женска конкуренција силите ќе ги одмерат екипите на РКЖ “Вардар Неготино” и ЖРК “Торо Спорт” од Виница. Спонзор на турнирот е Кроација Осигурување – Неживот.
Повеќе...
 
Продолжуваат работите за хидраулично регулирање на притисокот на водата PDF Печати

  Првичните ефекти од реализацијата на проектот за хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење се повеќе од задоволителни – Неготино веќе нема редукции и има 24 часовно водоснабдување. Ова меѓу другото беше истакнато на заедничкиот состанок помеѓу градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова и претставникот на фирмата-изведувач на работите ИМГД од Самобор-Хрватска што денеска со одржа во кабинетот на првиот човек на општината. На состанокот беше истакнато дека во моментов претставниците на ИМГД работат на терен на поставување на далечински надзори во сите зони во градот кои ќе придонесат за алармирање на„ комуналци “ при настанување на дефекти на водоводната мрежа и нивно итно интервенирање, за што ќе следува изведување и на дополнителна обука. Градоначалникот Апостолов истакна дека на состанокот ќе бидат дефинирани  активностите од проектот од фазите кои допрва следуваат, а изрази и задоволство од досега изведените работи на терен кои уште на стартот придонесоа за укинување на рестрикциите и обезбедување континуиран доток на вода во водоводната мрежа, а аналогно на тоа, и до домовите на граѓаните. Директорката на Комуналец Наташа Лазова додаде дека со поставувањето на мерните инструменти значително ќе им се олесни работата, бидејќи по откривањето на дефектите, нивни екипи веднаш ќе можат да излезат на терен и брзо и ефикасно да интервенираат на локацијата каде што истиот е настанат. Сите учесници на состанокот заеднички констатираа дека е крајно време да се отстранат дивите приклучоци во градот и населените места, за што ќе следуваат и дополнителни активности за нивно откривање и елиминирање, со што ќе се зголемат количините на вода во водоводната мрежа.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>

Лист 135 од 209