ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Skopjediem

Beeconomy

Општина Неготино
Делегација на Светска банка на средба со градоначалникот Апостолов PDF Печати

   „Ние како партнери на општина Неготино во спроведувањето на дел од проектите за подобрување на водоснабдувањето денеска остваривме работна средба со градоначалникот Ванчо Апостолов на која го изразивме нашето задоволство од можноста што ја имаме да придонесеме за решавање на деценискиот проблем со водоснабдувањето во општината и се надеваме дека овој проект ќе биде успешно завршен“ – изјави по средбата Тошијаки Кеичо – менаџер на проектот на Светската банка за подобрување на општинските услуги кој беше дел од делегацијата на Светска банка која денеска престојуваше во работна посета на Неготино. Инаку, како што информираше градоначалникот Апостолов општина Неготино со проекти аплицираше до Светската банка која ги одобри потребните средства за реконструкција на водоводната мрежа на 15 улици во Неготино и изградба на нов резервоар за вода од 500 м3 во висока зона во близина на постоечкиот во Тимјаник, а се очекува до крајот на годината да дојде и до официјално потпишување на договорот помеѓу општина Неготино и Светска банка. Станува збор за проект вреден близу 1.000.000 евра кој значително ќе придонесе за подобрување на водоснабдувањето во општина Неготино, а според градоначалникот, градежните работи се очекува да започнат напролет наредната година.

Повеќе...
 
Трибина за епилепсијата како нарушување PDF Печати

   Во организација на Здружението на граѓани за лица со епилепсија и родители на деца со епилепсија „Епилепси“ утре во Неготино ќе се одржи трибина на тема „Епилепсијата како нарушување, фактори и ризици “ при што е предвидена и дискусија од страна на присутните за се онашто е во тесна корелација со епилепсијата како болест. Според агендата за работа на трибината, стручно излагање пред заинтересираните граѓани ќе има д-р Блажо Саздов, како и претставници на Здружението „Епилепси“. Трибината ќе се одржи на 13 декември ( сабота ) со почеток од 13 часот во големата сала на општина Неготино, а на истата можат да присуствуваат сите заинтересирани лица од општината и регионот.

 
ПОКАНА ЗА ОБУКА ЗА ОСНОВИ НА ЛОЗАРСТВО И ЕНОЛОГИЈА PDF Печати

ПОКАНА ЗА ОБУКА ЗА ОСНОВИ НА ЛОЗАРСТВО И ЕНОЛОГИЈА (СОМЕЛИЕРИ)
Датум: 20 и 21 декември (сабота и недела)
Време на почнување: 10.00 часот
Место на одржување: Хотел Фени, Кавадарци


Проектот "Поттикнување на одржливи врски и развој на кластери во македонската туристичка индустрија" кој Агенцијата за Индустриски Развој на Обединетите Нации (UNIDO, www.unido.org) , го имплементира заедно со Министерството за економија на Република Македонија, во Тиквешкиот регион и регионот на Охридското езеро, организира ОБУКА ЗА ОСНОВИ НА ЛОЗАРСТВО И ЕНОЛОГИЈА (СОМЕЛИЕРИ) во Кавадарци.

Покана

 
И во Неготино се спроведе акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ PDF Печати
   Стотици граѓани од општина Неготино денеска масовно се вклучија во акцијата „Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ која есенва се спроведе под мотото „Стоп за катастрофите“ при што излегоа во природа и дадоа сопстве придонес во засадувањето на својата иднина. Годинава учениците и професорите од средното и двете општински училишти, како и претставници од други институции и установи кои функционираат на ова подрачје, масовно се упатија кон локацијата место викано Падината кај Прждево каде што сите заедно садеа дрвца чемпрес и багрем обезбедени од страна на ЈП Македонски шуми. Временските услови беа идеални, а акцијата протече во најдобар ред со засадување на голем број нови дрвца според однапред изготвениот план од страна на одговорните во локалната самоуправа и КП Македонски шуми. Инаку, во текот на денот градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов заедно со дел од вработените во општината се вклучија во акцијата „Ден на дрвот-засади ја својата иднина „ со засадување на 30 дрвца полски јасен на просторот во населбата Саат-кула во непосредна близина на новоизграденото мултинаменско игралиште и реконстриуираниот и хортикултурно уреден детски забавен парк, а дрвца се садеа и на други локации во Неготино.
Повеќе...
 
„Ден на дрвото-засади ја својата иднина“ утре и во Неготино PDF Печати

   Акцијата препознатлива по својата масовност „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“ во текот на утрешниот ден среда ( неработен ден ) ќе се реализира и на подрачјето на општина Неготино со засадување на дрвца на повеќе локации однапред утврдени од страна одговорните во локалната самоуправа, а во соработка со ЈП Македонски шуми.  Дел од оваа масовна аккција ќе се спроведе и на територијата на општина Неготино со садење на багрем и чемпрес обезбедени во соработка со ЈП Македонски шуми на локацијата, место викано, Падината кај Прждево во која ќе бидат вклучени професори и ученици од средното и основните училишта. Според утврдениот план, од СОУ Св.Кирил и Методиј организираното поаѓање ќе биде од 09 и од 11 часот со по 2 обезбедени автобуси за превоз, додека од ООУ Страшо Пинџур и Гоце Делчев ќе тргнат по еден автобус со ученици, исто така од 09 и 11 часот. Во акцијата со почеток од 09 часот ќе се вклучат и вработените во локалната самоуправа Неготино и претставници од други установи и институции кои делуваат на ова подрачје кои ќе садат дрвца на локацијата кај новоизграденото мултинаменско игралиште во населбата Саат-кула. Инаку, годинава, како и лани на територијата на Република Македонија се очекува да бидат засадени околу 5.000.000 садници на вкупна површина од 1.300 хектари.

Повеќе...
 
Завршна работилница во игралните во руралните средини PDF Печати

   Со поддршка на УНДП, Агенцијата за вработување на Република Македонија и Министерството за труд и социјална политика, а во склоп на 7-те игрални кои со финансиска поддршка од општина Неготино функционираат во исто толкав број населени места, се одржа третата по ред, а наедно и последна работилница со родителите и нивните деца на тема „ Здрава храна “. Станува збор за реализација на активности од проектот „ Грижата за децата од предучилишна возраст- врвен приоритет во руралната средина “. На овие 7 работилници во период од една недела воспитувачите, асистентите, родителите и децата на едно место ги презентираа сите изработки и едукативни содржини кои ги имаа реализирано во изминатиот период, а кои се од огромна важност за правилниот раст и развој на децата. Истовремено, работилниците со родителите и нивните деца се покажаа како успешна пракса која ќе продолжи да се применува и во иднина при сспроведувањето на разни теми од особена важност за децата од предучилишна возраст.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>

Лист 136 од 209