ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Skopjediem

Beeconomy

Општина Неготино
Доделени наградата и признанијата по повод празникот 8-ми Ноември PDF Печати

   Во рамките на одржувањето на свечената седница на Советот на општина Неготино, претседателот на Советот Јордан Паунов ги прогласи, а градоначалникот на општината Ванчо Апостолов ги додели наградата и признанијата по повод празникот 8-ми Ноември. Годинашен добитник на највисоката општинска награда е Трговското друштво Фабрика слобода АД Неготино, а наградата ја прими генералниот директор Цане Коцевски кој наедно и се заблагодари од името на добитниците на наградата и признанијата за укажаната доверба. Признанија им беа доделени на Лукас Мирингер-менаџер на ДММ Дрекслмајер Мануфактурниг Македонија, Здружението на граѓани Ековита, младиот планинар Ване Бошев, Ристе Волчев-магистрант на Градежен факултет и на Центарот за регионален одржлив развој. Наградата и признанијата на добитниците им беа доделени за остварените резултати и нивниот придонес во развојот, унапредувањето и афирмацијата на општина Неготино.

Повеќе...
 
Претставен Зборникот на политички затвореници – втор том PDF Печати

   Во организација на Музејот на град Неготино и локалната самоуправа беше извршена промоција на вториот том на Зборникот на политички затвореници во периодот од 1945 до 1990 година, дело кое следува неколку години по објавувањето на првиот том во 2007 година. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во своето обраќање истакна дека Зборникот е изработен и издаден на иницијатива и предлози доставени до Здружението на граѓани политички прогонувани, затворани и осудувани за самобитноста на македонскиот народ и неговата државност до авторот Никола Андонов кој по објавувањето на првиот, го издаде и вториот том од Зборникот во кој се внесени нови податоци и нови документи. Самиот факт, рече Апостолов, што станува збор за втор том, доволно говори за квалитетот на првиот и потребата од објавување на нови документи од страна на Андонов. Авторот Никола Андонов рече дека во двата тома на Зборникот се  претставени сведоштвата за човековите страдања на политички прогонетите и затворани лица и најави дека доколку постои нови и необјавен материјал, тој ќе пристапи кон изготвување и на третиот том од Зборникот на политички затвореници.

Повеќе...
 
Доделени 31 ваучер за новороденчиња во септември и октомври PDF Печати

   Продолжува континуираното и што е најважно навремено доделување на вредносните ваучери во вредност од 7.000 денари што општината од сопствениот буџет ги издвојува за родителите кои имаат новороденчиња. Така беше и денеска на пригодната свеченост што се одржа во салата на општината кога градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов додели 31 ваучер на родители кои во месеците септември и октомври имале принова во семејството. По 14 месеци од донесувањето на одлуката и нејзиното стапување во сила, градоначалникот Апостолов заедно со денешните има доделено вкупно 214 ваучери за новородени деца во општина Неготино.

Повеќе...
 
Започна реализацијата на проектот „Хидраулично мерење на притисокот на вода за пиење“ PDF Печати

   Со денешното официјално означување на стартот на работите, Неготино стана првиот град во Република Македонија во кој ќе бидат поставени уреди за хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење која доаѓа до домовите на граѓаните, а од друга страна на најсофистициран можен начин секојдневно ќе се следат и ќе се вршат неопходните мерења. Со поставување на камен темелник од страна на градоначалникот на општина Неготинио Ванчо Апостолов, претставникот на фирмата изведувач на работите Томислав Витовски и директорката на ЈП Комуналец Наташа Лазова започнаа работите на проектот, кои доколку временските услови го дозволат тоа, би требало да завршат до крајот на годинава. Изведувач на работите е фирмата ИМГД од Самобор – Хрватска која располага со сертификат дека е една од 10-те најдобро рангирани фирми во светот во делот на одведувањето на води, а проектот чини 20.000.000 денари обезбедени од Буџетот на општина Неготино. Со реализацијата на овој проект редукциите на водата за пиење ќе станат минато за граѓаните, а со реализацијата на останатите 3 проектит кои паралелно се спроведуваат, се очекува да се оствари крајната цел – обезбедување континуирано 24 часовно водоснабдување за сите неготинци независно од тоа во која зона живеат.

Повеќе...
 
Жителите на Д.Дисан добија нов партерно уреден центар на селото PDF Печати

   „Реализацијата на овој проект е само уште еден доказ за нашата посветеност кон спроведувањето на мојата и програмата за работа на општина Неготино за подобрување на условите за живеење како во градот, така и во населените места во општината. Проектот „ Партерно уредување на центарот на Д.Дисан “ е реализиран на иницијатива на општина Неготино преку програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со мерката обнова и развој  на селата во делот на инвестициите за изградба или реконструкции на плоштади, зелени површини или шеталишта во руралните средини „ - истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој заедно со претседателот на Советот на општината Јордан Паунов и претседателот на месната заедница Тони Ризов на пригодна свеченост во употреба го предадоа новоизградениот и партерно уреден центар во Д.Дисан. Вкупниот буџет на проектот изнесува 7.660.000 денари од кои од страна на Агенцијата се обезбедени 5.600.000, додека општина Неготино од сопствениот буџет издвои 1.600.000 денари. На целиот простор се поставени бекатон коцки, изградени се скали, поставена е урбана опрема, клупи и жардинерии со што е остварена целта за доловување на урбанизиран ефект во центарот на селото.

 

Повеќе...
 
8 Ноември 2014 - Празнична програма PDF Печати

ЧЕТВРТОК 06.11.2014

10.00 Ставање во функција на партерно уредениот центар во село Долни Дисан                                                                

11.00 Свечено отпочнување на работите на проектот “Хидраулично регулирање на притисокот на водата за пиење”                                                              
                                                           
12.00  КВИЗ – противпожарна заштита                            
 - Доделување на награди
Место: Голема сала на Општина Неготино      

12.30  Доделување на ваучери за новородени деца во Општина Неготино                                                                        
Место: Голема сала на Општина Неготино
            
13.00  Промоција на Зборник на политички затвореници, II том
Место:  Музеј на град Неготино

13.30  Традиционални осмоноемвриски трки
- Организирање на настанот
- Доделување на награди
(настанот се организира во соработка со Сојуз на училишни спортови Неготино)
Место: Градски плоштад Неготино                                                                

17.00  Традиционален осмоноемвриски турнир во табла
 - Отварање на турнирот
Место: ТИЦ Желкова куќа                                                            

18.00 Ревијален спортски настан - Натпревар во мал фудбал помеѓу Општина Неготино и Општина Кавадарци
Место: Сала на СОУ “Св.Кирил и Методиј”                                                 
19.00 Ликовна изложба на локални ликовни уметници
- Отварање на традиционална ликовна изложба на локални уметници
- Литературно читање (во организација на ЛУ Библиотека  “Страшо Пинџур”
Место:  Музеј на град Неготино                

ПЕТОК 07.11.2014
09.30  Прием на членовите на делегациите кај градоначалникот на Општина Неготино                                             

10.30  Полагање на свежо цвеќе пред бистите на борците од НОБ
Место: Спомен бисти пред Собранието на Општина Неготино
                                                                                                             
11.00  Традиционална изложба на олд тајмери
Место: Градски плоштад                                                                   

12.00 Свечена Седница на Советот на Општина Неготино
         - Концерт на класична музика - Кристина Палија
 Место: Сала на НУЦК “Ацо Ѓорчев”   

САБОТА 08.11.2014
08.00  Традиционална осмоноемвриска планинарска тура            

10.00 Регионални игри “Гол Бал” во организација на Здружение на слепи лица и Општина Неготино
     - Oтворање на игрите                      
Место: Сала на СОУ “Св.Кирил и Методиј”     

11.00  Ревијален одбојкарски турнир - женска конкуренција
Место: Сала на СОУ “Св.Кирил и Методиј” 
                                             
13.00  Риболовен натпревар во чест на 8 Ноември
          - Доделување на награди
Место: Манастир “Св.Ѓорѓи”                                                   

18.00  Традиционален осмоноемвриски турнир во табла
 - Доделување на награди
Место: ТИЦ Желкова куќа
 

 
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>

Лист 138 од 209