ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Skopjediem

Beeconomy

Општина Неготино
Наскоро стартуваат градежните работи во Индустриската зона „Неготино“ PDF Печати

   Најдоцна за 1 месец, според очекувањата на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, треба да започнат првите градежни работи во Индустриската зона „Неготино“ во близина на Црвени Брегови. Како што е општо познато, во изминатиот период локалната самоуправа благодарение на извонредната местоположба на зоната успеа да ги продаде сите парцели на површина од 25 хектари на кои е предвидена изградба на стопанско-индустриски капацитети од Г-2 лесна и незагадувачка индустрија- капаците со чие започнување со работа ќе се овозможи и вработување на невработени лица од општина Неготино, а можеби ќе се јави потреба и од вработување на лица и од соседните општини. Градоначалникот Апостолов потенцира дека огромниот интерес кој што беше присутен при купувањето на постоечките парцели, кај него поттикнува размислувања за проширување на оваа индустриска зона со нови парцели на површина од околу 20 хектари.

Повеќе...
 
Градоначалникот Апостолов на информативниот ден за ЕУ ЛЕАДЕР пристапот PDF Печати

   Подобрување на условите за живот во руралните средини во општина Неготино и останатите општини од Вардарскиот регион е крајната цел на имплементацијата на проектот „Воведување и спроведување на ЕУ ЛЕАДЕР пристапот„ што Центарот за развој на Вардарскиот плански регион го спроведува во рамките на проектот за експанзија на мали бизниси поддржан од УСАИД и Швајцарската влада. Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој го поддржа спроведувањето на овој проект рече дека очекува создавање на услови за подобрување на квалитетот на живеење во руралните средини преку едукација на населението, модернизација и унапредување на земјоделското производство, отворање на градинки за деца и обновување на стари училишта и слично. На информативниот ден беше истакнато дека ЛЕАДЕР претставува посебен метод во политиката на ЕУ за рурален развој и е важна компонента од заедничката земјоделска политика на земјите членки на Унијата.

Повеќе...
 
Информативен ден за ЕУ ЛЕАДЕР пристапот PDF Печати

Повеќе...
 
Градоначалникот Апостолов на отворениот ден во Центарот за вработување-Неготино PDF Печати

   Денеска во работниот клуб на Центарот за вработување во Неготино се одржа вториот отворен ден на Агенцијата за вработување на Република Македонија. Притоа, средба со невработените лица и со работодавачите остварија директорот на Агенцијата Влатко Поповски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и директорката на неготинскиот Центар за вработување Кристина Чадамова, а активно учество зедоа и стручните лица од Центарот за вработување. На отворениот ден Поповски, Апостолов и Чадамова ги презентираа активните мерки за вработување кои се актуелни во овој период и услугите на агенцијата, како и со напорите што локалната самоуправа ги прави за создавање услови за отворање нови капацитети. Директорот Поповски информираше дека во тек се повеќе мерки преку чија реализација се очекува да се зголеми бројот на вработените во општина Неготино, директорката Чадамова рече дека најголем интерес има за мерката самовработување преку грант од 3.000 евра во опрема со пријавени 39 невработени лица, додека градоначалникот Апостолов истакна дека е горд што моментално бројката на невработени е на најниско ниво од 2006 година до денес и дека очекува на местото на продадените парцели на 25 хектари во Индустриската зона Неготино да никнат нови производствени капацитети во кои ќе се вработуваат граѓаните од неготинска општина.

Повеќе...
 
Исчистен снегот и пробиен патот од Д.Дисан до Вешје PDF Печати

   Во рамките на реализацијата на годишната Програма за комунални дејности на општина Неготино во делот на зимското одржување на улици и патишта на територијата на нашата општина, викендов стручни екипи од локалната самоуправа со механизацијата на фирмата избрана за изведување на овој вид работи беа ангажирани на расчистување на наносите од снег на патниот правец Долни Дисан-Горни Дисан-Вешје во должина од 7 километри. Интревенцијата се должи на реакциите на месното население од овој регион кои се соочуваа со проблеми при движењето, по што уследи работната активност од страна на локалната самоуправа. Притоа, исчистен е снеготи долж целиот предходно споменат потег, патот е пробиен и осбособен за нормално одвивање на сообраќајот и движење на локалното население.

Повеќе...
 
Поплавените семејства од Војшанци ќе добијат помош од повеќе места PDF Печати

  Поплавите кои пред извесен период ја зафатија Македонија на територијата на општина Неготино најголеми штети предизвикаа во селото Војшанци каде што покрај оштетената инфраструктура, настрадаа и дел од домовите на тамошните семејства. Стручна комисија од локалната самоуправа која заедно со градоначалникот Апостолов континуирано беше присутна на терен и одговараше на барањата на население го изготви конечниот извештај кој ќе биде доставен до надлежните државни органи од кои се очекува одобрување помош, а свој придонес при санирањето на штетите ќе даде и општина Неготино. Па така, на над 260 домаќинства погодени од поплавени во  Македонија, меѓу кои и општина Неготино, започнаа да им се исплаќаат средствата за санирање на штетите. Семејствата, во зависност од претрпените штети ќе добијат помош од 14.000 до 110.000 денари, а потребните средства од над 10 милиони денари се дел од средствата собрани од хуманитарните акции што со донации на трите телефонски броја легнаа на солидарната сметка на Црвениот крст на РМ. Притоа, направен е попис на она што е уништено во домовите на семејствата и она што не може да се користи, направени се записници со детална проценка која покажува колку средства му се потребни на секое од семејствата за санирање на штетите. Средствата семејствата треба да ги добијат во текот на наредната недела, а финансии за санирање на штетите од поплавите ќе добијат и 10 семејства од неготинското село Војшанци.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>

Лист 139 од 219