Општина Неготино
Наградени иновациите на ученици од Неготино PDF Печати

   Ученици од Неготино ги покажаа своите иновативни способности за што добија и вредни награди на младинското креативно творештво на  саемот “Макинова 2013”, кој се одржа во организација на Сојузот на пронаоѓачи и автори на технички унапредувања на Македонија-СПАТУМ. , информираше денес претседателот на Здружението на граѓани “Ековита” од Неготино, Сашко Тодоров. Седмоодделенецот Филип Пушкинов со експонатот “Хидрауличен багер” освои еден златен медал, две златни плакети и парична награда. Кристина Тодорова, средношколка од прва година во средното општинско училиште “Свети Кирил и Методиј”   освои  златен медал за експонатот “Производство на храна од инсекти”.

Повеќе...
 
Турнир во табла “НЕГОТИНО 2013” PDF Печати

   По повод одбележувањето на Денот на градот – 8 Ноември, општина Неготино и оваа година традиционално по петти пат го организира ТУРНИРОТ ВО ТАБЛА “НЕГОТИНО 2013”, кој ќе се одржи од 6 до 8 ноември 2013 година во туристичко-информативниот центар “Желкова куќа”. Право на учество имаат сите заинтересирани граѓани. Учеството на турнирот е бесплатно, а наградите за најдобрите во вкупен фонд од 15.000 денари ги обезбеди општина Неготино (прва награда 7.000 денари, втора награда 5.000 денари и трета награда 3.000 денари). Пријавувањето за учество на турнирот е кај лицето Зоран Недев на телефонскиот број 075/777-919. Исто така, своето учество на турнирот заинтересираните граѓани можат да го пријават во угостителските објекти - кафе бар “Јоко” и берберница “Коко” во Неготино.

Повеќе...
 
ЈАВЕН ОГЛАС PDF Печати

                     До
Невработени евидентирани лица
кои потешко се вклучуваат на пазарот на трудот
1.    Се повикуваат невработените евидентирани лица кои потешко се вклучуваат на пазарот на труд и од другите ранливи категории,кои се заинтересирани за ангажирање во сферата на социјалната заштита за потребите на граѓаните од Неготино, да се пријават во работниот клуб на Центарот за вработување на АВРМ – Неготино во периодот од 21.10-25.10.2013( 5 работни дена).

Повеќе...
 
НОВИ ИГРАЧКИ И ДИДАКТИЧКИ МАТЕРИЈАЛ ЗА 7-ТЕ ИГРАЛНИ ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати

   Општина Неготино продолжува со подршката за функционирање на игралните за деца од предучилишна возраст во 7-те рурални средини, при што се изврши и дотур со нови играчки и потребните количини на дидактички материјал за игралните со што се создадени сите услови за непречено организирање и реализирање на воспитно-образовната работа. Од финансиски аспект локалната самоуправа Неготино за функционирањето на овој сервис ги покрива и платите за ангажираните 7 воспитувачки. Овој вид на услуга се покажа како многу корисен бидејќи досега се опфатени вкупно 120 деца во руралните средини и истиот ќе продолжи и во иднина, за што поддршка е добиена и од Министерството за труд и социјална политика со превземање во еден дел на 3 од постојните 7 игрални. Концептот предизвика интерес и кај УНДП кој проектот го прифати во делот на општинско корисни вработувања, па мошне скоро се очекува работно ангажирање и на дополнителни 7 лица асистенти на постојните воспитувачи.

Повеќе...
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО ОБЕЗБЕДИ 47 КОНТЕЈНЕРИ ЗА ИНДУСТРИСКИ И КОМУНАЛЕН ОТПАД PDF Печати

   Општина Неготино обезбеди и на ЈП Комуналец му стави на располагање 47 поцинковани контејнери наменети за собирање на индустриски и комунален отпад произведени во фирмата Слобода-метал кои се наменети и ќе бидат распоредени во руралните средини во општината. Бројот на расположливите контејнери е утврден по соодветна методологија и согалсно истата направен е распоред истите да се постават во селата Долни Дисан, Тимјаник, Тремник, Војшанци, Пепелиште, Криволак, Црвени Брегови, Курија и Дуброво во зависност од бројот на жители. Следуваата состаноци со претставници на месните заедници од споменатите 9 населени места заради утврдување на соодветни локации за поставување на контејнерите со што ќе се создадат услови за отпочнување со собирање на сметот во населените места и остварување на крајната цел на проектот за почиста животна средина и околина. Инаку, предходно покрај контејнерите, со средства од Швајцарската агенција за развој и соработка и општина Неготино се изврши набавка на ново возило за собирање на смет кое веќе е дадено на користење на ЈП Комуналец.

Повеќе...
 
ОДБЕЛЕЖАНА НЕДЕЛАТА НА ДЕТЕТО ВО ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Како и во изминатите, така и оваа година првата недела од месецот октомвери во двата клона Пролет и Мајски цвет на детската градинка Фемо Кулаков во Неготино беше одбележана со низа пригодни активности во рамките на Одбележувањето на Неделата на детето и Светскиот ден на детето. Дечињата кои престојуваат во клонот Пролет во рамки на одбележувањето на Неделата на детето беа посетени и му посакаа добредојде во, како што самите рекоа, нивниот втор дом на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој извесен период беше во градинката, помина дел од слободното време со воспитно-образовниот кадар и се запозна со условите за престој во градинката. Во таа прилика, од име на општината градоначалникот Апостолов на градинката и донираше средства во висина од 30.000 денари кои според директорката Весна Нцева ќе бидат наменети за набавка на дидактички материјал кој ќе им служи на повеќе генерации дечиња кои ќе посетуваат градинка. Инаку, активности од Неделата на детето имаше во двете градинки во Неготино и трите градинки во населените места.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 131 132 133 134 135 136 137 138 139 140 Следно > Крај >>

Лист 140 од 189