Општина Неготино
ДЕН НА ВРАНЕЦОТ ВО МАНАСТИРОТ ,, СВЕТИ ЃОРЃИ ,, PDF Печати
   Десеттина винарии од општина Неготино и од соседните општини од Вардарскиот плански регион денеска во галеријата на виното во склоп на манастирскиот комплекс ,, Свети Ѓорѓи ,, се претставија и на посетителите им овозможија да дегустираат едно од најубавите неготински и македонски вина – вранец. Манифестацијата ,, Ден на вранецот ,, за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој истакна дека станува збор за една од најавтохтоните македонски сорти на грозје и вино која ги одушевува сите што ќе го пробаат, а наедно на сите винарии-учесници и на енолозите кои учествуваа во работата на дегустационата комисија им додели благодарници од име на општина Неготино.
Повеќе...
 
СТАВЕНА ВО ФУНКЦИЈА СИГНАЛИТИКА ЗА РАЗВОЈ НА ТУРИСТИЧКИТЕ ПОТЕНЦИЈАЛИ PDF Печати
   Регионот на нашата општина располага со многу природни убавини, споменици на природата, како и многу локалитети кои може да имаат повеќе намени и тоа рекреативно-туристички, научно истражувачки, студиско-воспитни си слично, но проблем беше тоа што патеките што водат до нив беа неодбележани и недоволно промовирани- истакна во своето обраќање градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на ставањето во функција на сигналитиката и опремата кои се дел од проектот ,, Промоција, заштита и развивање на природните туристички потенцијали во вардарскиот плански регион преку уредување и одбележување на патеки за планинарење ,,. Преку фотографии поставени на паноа присутните можеа да се запознаат со дел од опремата поставена на потегот Неготино-Витач-Кожув во должина од 40 километри и која се пешачи за 17 часа.
Повеќе...
 
ЗАПОЧНА ПАРТЕРНОТО УРЕДУВАЊЕ НА ЦЕНТАРОТ ВО ДОЛНИ ДИСАН PDF Печати
  Директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и престедателот на месната заедница Тони Ризов со поставување на камен-темелник го означија започнувањето на градежните работи за партерно уредување на централното подрачје во Долни Дисан. Станува збор за спроведување на проектот за партерно уредување на центарот преку Програмата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделието и руралниот развој и мерката за обнова и развој на селата во делот на инвестиции за изградба и реконструкција на плоштади, зелени површини или шеталишта во рурални средини. Вкупниот буџет изнесува 7.700.000 денари од кои 6.500.000 се обезбедени од Агенцијата, а останатиот износ од 1.200.000 денари е обезбеден од Буџетот на општина Неготино. Предвидено е поставување на бекатон коцки, хортикултурно уредување на просторот, поставување на урбана опрема и клупи за седење, скали, жардинерии и се останато што ќе придонесе за доловување на еден урбанизиран ефект. Градоначалникот Апостолов потенцираше дека реализацијата на овој проект претставува континуитет на предходно спроведените проекти со кои беа уредени и асвалтирани централните подрачја во Тимјаник, Војшанци и Курија.
Повеќе...
 
СТАРТ НА ВТОРАТА ФАЗА ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ПАТОТ ТИМЈАНИК – Д.ДИСАН PDF Печати
   По започнувањето на реконструкцијата на првите 3 километри на еден од најфреквентните патни правци во општината од Тимјаник до Д.Дисан, на пригодна свеченост директорот на Агенцијата за државни патишта Љупчо Георгиевски и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го означија стартот на работите од втората фаза за реконструкција на уште 1, 5 километар од овој патен правец. Инвеститор на реконструкцијата на првите 3 килеметри е Агенцијата за државни патишта со средства во висина од 27.000.000 денари обезбедени од Европската банка за обнова и развој, додека останатите 1,5 километар до Д.Дисан ќе се уредуваат со средства од Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој со средства од 14.750.000 денари од кои 10.492.000 ги обезбеди Агенцијата, а општина Неготино учествува со 4.258.000 денари. Градоначалникот Апостолов информираше дека според проектот предвидено е тампонирање, проширување на коловозот од 4,5 на 5,5 метри и потоа асвалтирање на целиот патен правец во должина од 4,5 километри. Директорот Георгиевски информираше дека со средства од Агенцијата на ова подрачје се реконструира и патниот правец Курија-Паликура во должина од 3 километри.
Повеќе...
 
НЕДЕЛА НА ВИНОТО - Св. Трифун 2014 (12 - 15 февруари) PDF Печати
 
ОТВОРЕНА ИЗЛОЖБА ,, БАЛКАНСКИТЕ ВОЈНИ ВО МАКЕДОНИЈА ,, PDF Печати
   Во присуство на голем број посетители во Музејот на град Неготино е отворена изложба на тема Балканските војни во Македонија на авторите проф. д-р Александар Трајановски и проф. д-р Зоран Тодоровски-директор на Државниот архив на Република Македонија. На изложбата, според зборовите на авторите, на вкупно 20 паноа се прикажани документи и фотографии кои се резултат на повеќегодишните истражувања во бугарските архиви и по Куманово, Неготино е вториот град во земјава каде што овие  документи  за прв пат се објавуваат. На дел од фотографиите се прикажани борбени дејствија за времетраењето на првата и втората Балканска војна, фотографии со бегалци, но и документи во кои се наведени имиња на доброволци од Неготино. Изложбата за отворена ја прогласи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој упати јавна благодарност до авторите за вложените напори изложбата да биде достапна и за неготинската јавност, а посетителите на поблизок начин да можат да се запознаат со нескршливиот дух и силната верба на македонскиот народ за создавање на слободна Македонија. Еден од настаните од тој период е Тиквешкото востание од 1913 година кое во Неготино го водело месното население помогнато од четите на ВМРО против тогашната српска власт на ова подрачје.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај >>

Лист 141 од 198