Општина Неготино
ЕКИПАТА НА РК,,ВАРДАР,,-СКОПЈЕ ПОБЕДНИК НА ТУРНИРОТ ,,НЕГОТИНО-2013,, PDF Печати

   Екипата на Ракометниот клуб Вардар од Скопје во финалниот натпревар го совлада тимот на РК Вардар од Неготино со резултат 20 – 15 и со тоа стана победник на првиот турнир во конуренција на пионери-генерација 1999 година и помлади,, Неготино-2013 ,,  што викендов во организација на локалната самоуправа, Кроација Осигурување и РК Вардар - Неготино се одржа во нашиот град. Во полуфиналните натпревари Вардар од Неготино го совлада ГРК Кавадарци со 16-11, а скопски Вардар дури по изведување на пенали со резултат 16-15 ја победи екипата на Зоми Мак М од Струмица. На овој турнир кој оваа година се одржа за прв пат третопласирана беше екипата на Зоми Мак М која ја совлада екипата на ГРК Кавадарци со резултат 26-23. Натпреварите од турнирот се одржаа во спортската сала на СОУ Кирил и Методиј, а признанијата и наградите на најуспешните им го додели градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов.  

Повеќе...
 
ОБЈАВА 03/2013 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Неготино PDF Печати
Објава бр.3 Неготино за продажба на градежно земјиште
 
НЕГОТИНО ИЗРАБОТУВА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА ,, МАРЕНСКИ ПОРОИ ,, PDF Печати

   Одговорните во локалната самоуправа подготвија предлог-проект за изработка на техничка документација за Индустриската зона УЗ8-Маренски порои во рамките на апликацијата на Вардарскиот плански регион за потребите на регионалниот развој кој се аплицираше во ГИЗ РЕД и кој беше одобрен од страна на надлежните. Со средствата од проектот се предвидува изработка на техничка документација која ќе содржи проект за инфраструктура, основен проект, елаборат за влијанието на животната средина и ревизија на основниот проект. Се очекува потоа да се пристапи кон инфраструктурно уредување и довршување на оваа многу атрактивна индустриска зона за која постоеше и постои интерес од досегашни и потенцијални инвеститори. Површината на севкупниот опфат третира површина од 16 хектари со расположливи 63 локации за изградба на објекти во правец на развој на стопанството и локалниот економски развој.Поддршката на ГИЗ РЕД за реализацијата на овој регионален проект изнесува 50.000 евра.

Повеќе...
 
ОБЕЗБЕДЕНИ ЦЕВКИ ЗА ОДВЕДУВАЊЕ НА ВОДИТЕ ОД ЦЕНТАРОТ НА Д.ДИСАН-НЕГОТИНО PDF Печати

   По иницијатива и на барање на месното население од селото Долни Дисан, општина Неготино обезбеди и на претставниците на Месната заедница им предаде вкупно 40 цевки Ф-1000 со должина од 1 метар. Според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, намената на овие цевки е одведување на атмосферските и отпадните води кои се собирааат во централното подрачје и на тој начин им создаваат проблеми на жителите, а за нивната набавка од општинскиот Буџет се реализирани средства во висина од 250.000 денари. Инаку, ова на некој начин претставува предходница на она што следува, а тоа е комплетно партерно уредување на централното подрачје во селото Долни Дисан за што општина Неготино веќе ги има обезбедено потребните финансиски средства од 7.500.000 денари.

Повеќе...
 
ОБЈАВА 02/2013 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Неготино PDF Печати
Објава бр.2 Неготино за продажба на градежно земјиште
 
ДВОЈНИОТ СВЕТСКИ ПРВАК ЃОРЃИЕВ НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НЕГОТИНО PDF Печати

   -,, Особено сум горд што еден од најуспешните спортисти во историјата на Република Македонија-двојниот светски првак Димитар Ѓорѓиев потекнува од Неготино и со своите извонредни спортски постигнувања го афирмира нашиот град и нашата држава во светски рамки ,,- истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој во својот кабинет го прими светскиот првак во кик-бокс Ѓорѓиев кој на неодамнешното Светско првенство во Анталија- Турција ја одбрани титулата освоена пред две години на одржаното првенство во истиот ранг во Скопје. Ѓорѓиев стана двоен светски првак во категоријата до 74 кг во дисциплината кик-лајтс во која конкуренцијата од над 20 натпреварувачи била доста силна, а на патот до освојувањето на ова блескаво признаниe имал 4 борби во кои ги совладал своите противници од Литванија, Молдавија, Турција и од Полска. Ѓорѓиев во знак на благодарност за поддршката што ја добива од локалната самоуправа на првиот човек на општината му врачи благодарница, а градоначалникот Апостолов му додели пригодна награда. Градоначалникот Апостолов истакна дека и во иднина општината во рамките на расположливите финансиски средства ќе го помага настапот на Ѓорѓиев и посака што повеќе млади луѓе да се занимаваат со спорт и да го следат примерот на двојниот светски првак во кик-бокс.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај >>

Лист 142 од 196