Општина Неготино
БАДНИКОВИТЕ ОГНОВИ ГОРЕА И ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
   Речиси во сите маала на територијата на град Неготино, како и во сите населени места во општината беа запалени бадниковите огнови  каде што голем број граѓани во добро и весело расположение и со чаша греана ракија или вино поминаа пријатна вечер. Централниот оган беше запален во централното подрачје во Неготино на градскиот пазар пред Пензионерскиот дом-место каде што традиционално се одржува овој настан, а меѓу големиот број присутни посетители беше и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов. Свештени лица од Македонската православна црква Свети Атанасиј извршија осветување на бадниковата погача, а најсреќниот кај кого се падна паричката ќе биде кум на прославата наредната година.
Повеќе...
 
ПРЕКРАСЕН ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Можеби и најмасовно досега, со присуство на неколку илјади граѓани од општина Неготино, но и од соседните општини, помина заедничкиот дочек на Новата 2014-та година што локалната самоуправа Неготино по петти пат го организираше на градскиот плоштад. Забавата помина во најдобар ред, расположението беше лесно забележливо кај сите присутни, се играше и пееше заедно со гостите кои беа задолжени за создавање позитивна атмосфера, со еден збор-незаборавен дочек на најлудата ноќ во нашиот град. Покрај организацискиот дел,за  се да помине во најдобар ред се погрижија хрватскиот поп-пеач Ален Славица, групата Чардак, како и талентираните и надежни музичари од групата Кој го уби Кени. Кога стрелките на часовникот се поклопија и влеговме во 2014-та година следуваше спектакуларен огномет, а прв Новата година на присутните на плоштадот, но и на сите граѓани на општината, им ја честиташе градоначалникот Ванчо Апостолов.
Повеќе...
 
ПОСТАВЕН КРОВОТ НА ТРПЕЗАРИЈАТА НА ЦРКВАТА ВО НЕГОТИНСКО ВОЈШАНЦИ PDF Печати
   На иницијатива и со средства од месното население, од црквата и од донации, во неготинското село Војшанци интензивно се одвиваат градежните работи за изградба на трпезарија која ќе функционира во склоп на локалната црква Света Петка. Според зборовите на претседателот на месната заедница Благоја Пановски интензитетот на изградбата е диктиран во зависност од собраните средства и досега е изградена карабината, а деновиве беше поставен и кровот на овој објект. Со цел да се запознаат со текот на работите, во Војшанци престојуваа градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и советникот во општинскиот Совет Петар Манчев кои на лице место ги следеа работите околу поставувањето на кровната конструкција. Претседателот на месната заедница Пановски е оптимист оти објектот ќе биде комплетно завршен и ставен во функција до крајот на годината.
Повеќе...
 
НОВОГОДИШНА ЧЕСТИТКА НА ГРАДОНАЧАЛНИКОТ ВАНЧО АПОСТОЛОВ PDF Печати
   ПОЧИТУВАНИ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО !
ДОЗВОЛЕТЕ МИ ОД МОЕ ИМЕ КАКО ГРАДОНАЧАЛНИК НА ОПШТИНА НЕГОТИНО И ОД ИМЕ НА ЛОКАЛНАТА САМОУППРАВА  ДА ВИ ПОСАКАМ ПРИЈАТНО И ВЕДРО РАСПОЛОЖЕНИЕ ЗА ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈНИТЕ ПРАЗНИЦИ !КАКО ОПШТИНА ВЛОЖИВМЕ МАКСИМАЛНИ НАПОРИ ЗА ДА ГО УКРАСИМЕ ГРАДОТ И ДА ДОЛОВИМЕ АТМОСФЕРА ДОСТОЈНА ЗА НОВОГОДИШНИТЕ И БОЖИКНИТЕ ПРАЗНИЦИ, А СЕКАКО СВОЈ ПРИДОНЕС ДАДОА И ГРАЃАНИТЕ КОИ УБАВАТА СЛИКА НА ГРАДОТ  ЈА НАДОПОЛНИЈА СО УКРАСУВАЊЕ НА СОПСТВЕНИТЕ ИНДИВИДУАЛНИ И  СТАНБЕНИ ОБЈЕКТИ ЗА ДОМУВАЊЕ !И ОВАА, КАКО И ПРЕДХОДНИТЕ ГОДИНИ, ЛОКАЛНАТА САМОУПРАВА ОРГАНИЗИРА ЗАЕДНИЧКИ ДОЧЕК НА НОВАТА ГОДИНА НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД ВО НЕГОТИНО СО АНГАЖИРАЊЕ НА ЕДЕН ОД НАЈПОЗНАТИТЕ ХРВАТСКИ ИЗВЕДУВАЧИ НА ЗАБАВНА МУЗИКА АЛЕН СЛАВИЦА, А СЕКАКО СВОЈ ПРИДОНЕС  ЗА СОЗДАВАЊЕ  ВЕСЕЛО РАСПОЛОЖЕНИЕ ЌЕ ИМААТ И ДВЕ ЛОКАЛНИ ГРУПИ ОД НАШИОТ ГРАД !ЈА КОРИСТАМ ОВАА ПРИЛИКА ДА УПАТАМ ЈАВЕН АПЕЛ ДО СИТЕ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО, НО И ДО ГРАЃАНИТЕ ОД СОСЕДНИТЕ ОПШТИНИ, МАСОВНО ДА ПРИСУСТВУВААТ НА НОВОГОДИШНИОТ ДОЧЕК НА ГРАДСКИОТ ПЛОШТАД И СИТЕ ЗАЕДНИЧКИ ВО ПОЗИТИВНА АТМОСФЕРА ДА ЈА ДОЧЕКАМЕ И ДА  СИ ЈА ЧЕСТИТАМЕ НОВАТА ГОДИНА !НА СИТЕ ГРАЃАНИТЕ КОИ СЕ ОДЛУЧИЛЕ НАЈЛУДАТА НОЌ ВО ГОДИНАТА ДА ЈА ДОЧЕКААТ ВО УГОСТИТЕЛСКИ ОБЈЕКТ ВО ЗЕМЈАВА ИЛИ ВО СТРАНСТВО, КАКО И НА ОНИЕ КОИ ВО ДРУШТВО НА НАЈБЛИСКИТЕ НОВАТА ГОДИНА ЌЕ СИ ЈА ЧЕСТИТААТ ВО ДОМАШНА АТМОСФЕРА ИМ ПОСАКУВАМ НОВОГОДИШНАТА НОЌ ДА ЈА ПОМИНАТ ВО ВЕСЕЛА И ПРИЈАТНА АТМОСФЕРА !НА КРАЈ, НА СИТЕ ГРАЃАНИ НА ОПШТИНА НЕГОТИНО ИМ ЈА ЧЕСТИТАМ НОВАТА ГОДИНА СО ЖЕЛБИ ЗА ДОБРО ЗДРАВЈЕ, МНОГУ СРЕЌА ВО ЖИВОТОТ И УСПЕХ НА ПРИИВАТЕН И ПРОФЕСИОНАЛЕН ПЛАН !
 
НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА ЗА ДЕЧИЊАТА ОД ГРАДИНКАТА ,, ФЕМО КУЛАКОВ ,, PDF Печати
   Сите дечиња кои престојуваат во двата клона  Мајски цвет и Пролет при Детската градинка Фемо Кулаков од Неготино денеска добија новогодишни пакетчиња обезбедени со средства од општинскиот Буџет, а истите им ги врачи градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов заедно со вработени од локалната администрација. Дечињата не го криеја одушевувањето од посетата на ,, таткото на градот ,, се заблагодарија на подароците и за присутните изведоа пригодна програма преку која ги искажаа сопствените желби за тоа што тие очекуваат да им донесе Дедо Мраз за најлудата ноќ во годината. Градоначалникот Апостолов не го криеше задоволството од фактот што неговата посета и подароците предизвикаа радост кај децата, на сите нив и нивните воспитувачки и негувателки им ја честиташе Новата година во која им посака да имаат многу здравје, среќа и успех во учењето и работата.
Повеќе...
 
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ НА СРЕДБА СО МИНИСТЕРОТ ЈАНАКИЕСКИ PDF Печати
   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов заедно со министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и други официјални лица денеска присуствуваа на, по 45 години, стартот на градежните работи за ремонт на железничката делница од Ногаевци до Неготино на Коридорот 10. Вкупната цена на ремонтот на оваа делница во должина од 30.963 метри изнесува 9.399.755 евра обезбедени со заем од Европската банка за обнова и развој. По завршувањето на ремонтот на оваа делница за период од околу една година уште 31 километар од Коридорот 10 ќе биде функционален за брзини до 120 километри на час. Проните на стојалиштата во Ногаевци, Стоби и Црвени Брегови и во станиците Градско, Кукуречани и Криволак ќе бидат рекоснтруирани, а со проектот се планира реконструкција и на железничката станица во Неготино.
Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај >>

Лист 143 од 198