Општина Неготино
ВО НЕГОТИНО ПРЕТСТАВЕНА ПРОГРАМАТА ЗА ОПШТИНСКО КОРИСНА РАБОТА PDF Печати

   Во големата сала на општина Неготино во организација на локалната самоуправа, Агенцијата за вработување и УНДП се одржа информативна средба на која пред заинтересираните беше извршено претставување на Програмата за општинско корисна работа. Според зборовите на Снежана Мирчевска-Дамјановска –претставник на УНДП оваа програма претставува активност која на долгорочно невработените лица им нуди можност за социјална вклученост преку работно ангажирање со скратено работно време -20 работни чаови неделно, а со единствена цел за стекнување на одредени вештини и постепено вклучување на пазарот на трудот. Програмата, како што беше речено, преку обезбедување на услуги од социјалната сфера треба да им помогне на лицата од општина Неготино. Во рамките на евентуалниот иден ангажман, право да се вклучат во програмата имаат долгорочно невработени лица, членови на социјално загрозени семејства, деца без родители и родителска грижа, жртви на семејно насилство, бездомни и други лица. Инаку, општина Неготино во изминатиот период ја воведе пилот-програмата од областа на социјалните услуги и вработи асистенти-воспитувачи во веќе постоечките игрални за деца од предучилишната возраст во 6 рурални средини- проект кој е оценет како еден од најдобрите во Македонија. Притоа, ангажираните вопситувачки секојдневно беа вклучени во редовната настава во градинките и се грижеа за спроведување на воспитно-образовниот процес.

Повеќе...
 
ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО НА РАБОТНА СРЕДБА ВО ГРЦИЈА PDF Печати
   Во врска со повикот за Прекугранична соработка градоначалникот на општина Неготино  и дел од општинската  администрација остварија посета  на општина Алмопија Република Грција  со цел за  доставување и заедничко потпишување на потребната  документација  за поднесување на проект во рамките на ИПА програмата за  прекугранична соработка меѓу Македонија и Грција.
На одржаната средба градоначалниците од  двете општини г-дин Ванчо Апостолов и г-дин  Пасоис Димитриос ги потпишаа документите за заедничкиот проект,,Подршка и развој на Економија за пчелно производство  во прекуграничната област,,кој ке биде поднесен  во следниот период.
Оваа работна средба беше искористена за размена  и на други искуства и беа согледани  и други можности за понатамошна соработка .
Повеќе...
 
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ ВО ПОСЕТА НА АГЕНЦИЈАТА ЗА ЕНЕРГЕТИКА PDF Печати

   Во просториите на Агенцијата за енергетика, Директорот Г-дин Гечевски Лазар одржа работна средба со Градоначалникот на Општина Неготино, Г-дин Ванчо Апостолов, на која му го врачи позитивното мислење по Предлог- Програмата за енергетска ефикасност. На работната средба беше разговарано за идните развојни планови и инвестиции во областа на обновливите извори на енергија и енергетската ефикасност во оваа Општина како и  потребата за поголема заедничка соработка во оваа област.

Повеќе...
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО ГИ ПОПРАВИ ОШТЕТЕНИТЕ УЛИЦИ ВО ГРАДОТ PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на годишната програма за комунални дејности локалната самоуправа Неготино  со сопствени средства во висина од 150.000 денари обезбедени од  општинскиот Буџет изврши поправка на ударните дупки и регистрираните оштетувања на повеќе улици во градот. Најнапред се изврши поправка на двете главни улици во градот – Маршал Тито и Партизанска, а потоа се продолжи со крпење на ударните дупки на улицата кај Здравствениот дом, двете основни општински училишта и други јавни установи, односно секаде каде што стручните служби детектирале потреба од такво нешто или пак самите граѓани до надлежните во локалната самоуправа алармирале дека има оштетувања на улиците каде што тие живеат. Во реализацијата на проектот беа вклучени и работници на ЈП Македонија пат и на локалното комунално претпријатие Комуналец.

Повеќе...
 
НА ПЛОШТАДОТ ВО НЕГОТИНО ПОСТАВЕНА ОПРЕМА ЗА ДЕТСКО ИГРАЛИШТЕ PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на годишната програма за работа со средства во висина од 1.200.000 денари обебзедени од сопствениот Буџет општина Неготино започна со реализација на проект за поставување реквизити за детски игралишта на неколку локации во градот. Како што информираат од Службата за односи со јавност и медиуми при општината, реквизитите најпрво се поставени во централното подрачје на градскиот плоштад-едно од најфреквентните места во Неготино, и на задоволство на најмладите, и не само на нив, истите во текот на целиот ден и покрај високите температури беа исполнети со дечиња кои овде најдоа пред се безбедно и пријатно катче за поминување на слободното време во одмор, забава, другарување и релаксација. Посетителите имаат можност да уживаат во справата за одење со раце од дрвена конструкција, рачки и пожарникарска шипка, детска куќичка од дрвена конструкција со метални огради, 2 клупи и масичка, нишалка со две седишта, лулашка со седиште птичјо гнездо, платформа од дрвена конструкција со метална ограда и многу други реквизити кои се поставени на заштитен под од гумени панели наменет исклучително за детски игралишта. Предвидено е опрема за детско игралиште да биде поставена на уште 2 локации во Неготино.

Повеќе...
 
УНГАРСКИОТ АМБАСАДОР БЕНЦЕ ВО ПОСЕТА НА НЕГОТИНО PDF Печати
   Во рамките на реализирањето на програмата за меѓународна соработка на локалната самоуправа, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов го прими и се задржа во краток и конструктивен разговор со амбасадорот на Република Унгарија во Република Македонија Јожеф Бенце. На средбата Неговата Екселенција – амбасадорот Бенце од страна на домаќинот беше информиран за тековните активности во локалната самоуправа, за активностите што општината ги спроведува за решавање на долгогодишниот проблем со водоснабдувањето, како и за напорите за привлекување домашни и странски инвеститори со цел за отворање на нови производствени капацитети, а аналогно на тоа и нови работни места, при што беше промовирана и новата индустриска зона Неготино во близина на селото Црвени Брегови. Градоначалникот Апостолов и амбасадорот Бенце разговараа и за други прашања од делокругот на работата на локалната самоуправа Неготино.
 
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај >>

Лист 144 од 189