Работници на градежното претпријатие Гранит кои беа ангажирани од страна на локалната самоуправа Неготино деновиве извршија асфалтирање на улицата Владо Арсов Шпанац. Станува збор за улица на која предходно беа изведени градежни работи во делот на промената на водоводната и канализационата мрежа, а во меѓувреме лошите временски услови не дозволуваа да се извршат интервенции на оштетувањата кои настанаа при изведувањето на работите. По изведените работи, сега оваа улица е доведена во првобитната состојба и по истата безбедно можат да се движат возила и пешаци. За нејзиното асфалтирање во должина од 100 метри од Буџетот на општина Неготино беа издвоени над 1 милион денари. |
Повеќе...
|
|
Врз основа на реакцииите на граѓаните кои живеат во тој дел на градот и направените согледувања на фактичката состојба на терен од страна на стручни лица при локалната самоуправа Неготино, во изминатиот период работници на ГП Гранит беа ангажирани на санирање на оштетувањата на една од најфреквентните улици во градот – Ленинова. Предходно на оваа улива работници на локалното комунално претпријатие Комуналец интервенираа за отстранување на одреден дефект, по што се наметна потребата од асфалтирање на делот каде што имаше оштетувања на асфалтот. За реализација на овој зафат од Буџетот на општина Неготино се реализирани средства во висина од над 200.000 денари. |
Повеќе...
|
 Деновиве во општина Неготино потпишани се Договорите за набавка на возило за собирање на смет и набавка на контејнери, согласно Грантот на Швајцарската агенција за развој и соработка-СДЦ и учеството на општина Неготино , а во рамките на Проектот –,,Управување со отпадот во руралните средини во општина Неготино,, Имено со овој Грант во вкупна висина од 5.360,000 денари ќе биде обезбедено возило за собирање на комунален смет од руралните средини на општина Неготино .Согласно најповолната понуда вредноста на возилото изнесува 4.472.000,00 денари и истото ќе биде набавено преку избраниот понудувач ,,ЕРКА БМЦ 2007,, Охрид. |
Повеќе...
|
Градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков денеска додели 10 решенија за трајно вработување на 10 наставници од образовните институции кои функционираат на подрачјето на општината. Така, 6 решенија им беа доделени на наставници од Средното општинско училиште Свети Кирил и Методиј, 3 на наставници од Основното општинско училиште Гоце Делчев и 1 решение на наставник од Основното општинско училиште Страшо Пинџур. Градоначалникот Трајков на сите кои се стекнаа со статус редовно вработени им посака многу успех во понатамошната работа, изразувајќи надеж дека денешниот чин овие наставници уште повеќе ќе ги стимулира за поквалитетно извршување на редовните работни обврски. |
Повеќе...
|
Спиро Ристовски, Министерот за труд и социјална политика присуствуваше на пуштањето во употреба на детски градинки во неготинските села Пепелиште, Криволак и Тремник.Во овие градинки ќе бидат згрижени околу 50 дечиња. „Владата уште еднаш покажа дека децата се нашиот врвен приоритет. И понатаму ќе продолжиме да инвестираме во детските градинки не само во централните градски подрачја, туки и на сите нивоа и сегменти, вклучувајќи ги и руралните средини“, изјави Ристовски.
|
Повеќе...
|
Оштетувањата на носечките столбови, континуираното деформирање на мостот и неговото распукување по средина, придонесоа за итно делување на надлежните органи и донесување одлука од страна на државниот инспектор по патишта Петар Змејковски за целосна забрана за движење на сите видови возила по Пепелишкиот мост. Извршените мерења на терен покажаа дека столбовите и мостот се спуштени 12 сантиметри со тенденција состојбата да продолжи да се влошува ако продолжи движењето на возила по мостот – истакна професорот на градежниот факултет Горан Марковски. Од попладнево стручни екипи се на терен и работат на расчистување на дрвјата и гранките кои заедно со водата вршат голем притисок врз столбовите на мостот. |
Повеќе...
|
|
|
|
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај >>
|
Лист 144 од 182 |