Општина Неготино
НЕГОТИНО ИЗРАБОТУВА ДОКУМЕНТАЦИЈА ЗА ИНДУСТРИСКАТА ЗОНА ,, МАРЕНСКИ ПОРОИ ,, PDF Печати

   Одговорните во локалната самоуправа подготвија предлог-проект за изработка на техничка документација за Индустриската зона УЗ8-Маренски порои во рамките на апликацијата на Вардарскиот плански регион за потребите на регионалниот развој кој се аплицираше во ГИЗ РЕД и кој беше одобрен од страна на надлежните. Со средствата од проектот се предвидува изработка на техничка документација која ќе содржи проект за инфраструктура, основен проект, елаборат за влијанието на животната средина и ревизија на основниот проект. Се очекува потоа да се пристапи кон инфраструктурно уредување и довршување на оваа многу атрактивна индустриска зона за која постоеше и постои интерес од досегашни и потенцијални инвеститори. Површината на севкупниот опфат третира површина од 16 хектари со расположливи 63 локации за изградба на објекти во правец на развој на стопанството и локалниот економски развој.Поддршката на ГИЗ РЕД за реализацијата на овој регионален проект изнесува 50.000 евра.

Повеќе...
 
ОБЕЗБЕДЕНИ ЦЕВКИ ЗА ОДВЕДУВАЊЕ НА ВОДИТЕ ОД ЦЕНТАРОТ НА Д.ДИСАН-НЕГОТИНО PDF Печати

   По иницијатива и на барање на месното население од селото Долни Дисан, општина Неготино обезбеди и на претставниците на Месната заедница им предаде вкупно 40 цевки Ф-1000 со должина од 1 метар. Според зборовите на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, намената на овие цевки е одведување на атмосферските и отпадните води кои се собирааат во централното подрачје и на тој начин им создаваат проблеми на жителите, а за нивната набавка од општинскиот Буџет се реализирани средства во висина од 250.000 денари. Инаку, ова на некој начин претставува предходница на она што следува, а тоа е комплетно партерно уредување на централното подрачје во селото Долни Дисан за што општина Неготино веќе ги има обезбедено потребните финансиски средства од 7.500.000 денари.

Повеќе...
 
ОБЈАВА 02/2013 за отуѓување на градежно земјиште сопственост на Република Македонија по пат на електронско јавно наддавање во општина Неготино PDF Печати
Објава бр.2 Неготино за продажба на градежно земјиште
 
ДВОЈНИОТ СВЕТСКИ ПРВАК ЃОРЃИЕВ НА ПРИЕМ КАЈ ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА НЕГОТИНО PDF Печати

   -,, Особено сум горд што еден од најуспешните спортисти во историјата на Република Македонија-двојниот светски првак Димитар Ѓорѓиев потекнува од Неготино и со своите извонредни спортски постигнувања го афирмира нашиот град и нашата држава во светски рамки ,,- истакна градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов кој во својот кабинет го прими светскиот првак во кик-бокс Ѓорѓиев кој на неодамнешното Светско првенство во Анталија- Турција ја одбрани титулата освоена пред две години на одржаното првенство во истиот ранг во Скопје. Ѓорѓиев стана двоен светски првак во категоријата до 74 кг во дисциплината кик-лајтс во која конкуренцијата од над 20 натпреварувачи била доста силна, а на патот до освојувањето на ова блескаво признаниe имал 4 борби во кои ги совладал своите противници од Литванија, Молдавија, Турција и од Полска. Ѓорѓиев во знак на благодарност за поддршката што ја добива од локалната самоуправа на првиот човек на општината му врачи благодарница, а градоначалникот Апостолов му додели пригодна награда. Градоначалникот Апостолов истакна дека и во иднина општината во рамките на расположливите финансиски средства ќе го помага настапот на Ѓорѓиев и посака што повеќе млади луѓе да се занимаваат со спорт и да го следат примерот на двојниот светски првак во кик-бокс.

Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
   Општина Неготино ги информира граѓаните дека со цел за заштита на веќе изградени објекти и поставена опрема, на повеќе локации во градот ќе бидат поставени видео-камери кои ќе вршат 24 часовен надзор над истите со единствена цел да се стави крај на нивните оштетувања или уништувања. Секој несовесен поединец или група граѓани  кои ќе бидат  регистрирани на камерите дека прават  несакани дејства ќе бидат пријавени  до надлежните институции и против нив  ќе биде поднесена соодветна пријава пред судските органи. Се замолуваат граѓаните кои ќе забележат дека одредено лице или групи вршат оштетувања на објектите од општо добро, да пријават на веб страницата на општина Неготино или да се јават на телефонскиот број 361-045.
 
ВО НЕГОТИНО ОТВОРЕНИ КАНЦЕЛАРИЈА И ИНФО-ЦЕНТАР ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ PDF Печати

   Директорот на Агенцијата за енергетика Лазар Гечевски, постојаниот кооординатор на ООН и постојан претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон и градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов денеска на пригодна свеченост ги предадоа во употреба канцеларијата за заедничко одделение за енрегетска ефикасност и информативниот центар за потребите на 8-те општини од Вардарскиот плански регион кои се сместени во централното градско подрачје во просториите на Туристичко-информативниот центар Желкова куќа во Неготино. Станува збор за реализација на проект врз основа на предходно склучен договор од страна на градоначалниците на осум општини, кој според зборовите на директорот Гечевски претставува одличен пример за меѓуопштинска соработка за заедничко спроведување на локалните надлежности и препорача примерот да го следат и имплементираат и останатите региони во земјава.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај >>

Лист 145 од 198