Општина Неготино
И НЕГОТИНЦИ МАСОВНО ЈА ЗАСАДИЈА СВОЈАТА ИДНИНА PDF Печати

   Под мотото ,, Засади здравје, засади здрава иднина ,, голем број граѓани на општина Неготино по 12-ти пат ја засадуваа својата иднина во рамките на акцијата ,, Ден на дрвото-засади ја својата иднина ,, која се спроведуваше на територијата на цела држава. Најпрво, локалната администрација предводена од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов, претставници од установи и институции со асистенција на вработени во локалното комунално претпријатие засадија дрвја во населбата Саат-кула во непосредна близина на новоизграденото повеќенаменско игралиште и реконструираниот детски забавен парк, каде што во блиска иднина ќе се градат и тениски игралишта, со што ќе се заокружи спортско-забавниот комплекс кој пак ќе биде опкружен со дрвја и останато зеленило. Веднаш потоа стотици граѓани се упатија на локалитетот Големо брдо на 10 километри оддалелеченост од Неготино каде што се одвиваше центѕралниот настан на пошумување на тој простор. Во акцијата се вклучи и неколку дрвја засади и заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Стево Темелковски кој истата ја оцени како мошне успешна и корисна и со која се придонесува за спротиставување на климатските промени, загадувањето и глобалниот раст на индустријализацијата.

Повеќе...
 
НЕГОТИНО ИЗГОТВУВА ПРОЕКТ ЗА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов оствари работна средна со претставник на проектантска фирма која е задолжена за изготвување на основен проект за изградба на водоводна линија, технолошка водоводна линија и фекална и атмосферска мрежа на вкупно 16 улици во Неготино во различна должина од 260 до 1.175 метри кај кои се детектирани дефекти на водоводот кои пак предизвикуваат загуби на водата за пиење која доаѓа до домовите на граѓаните. Како основа за проектот ќе се користат сите расположливи подлоги од кои можат да се добијат потребните информации за микролокациите на просторот, геотехничките услови и законската и техничката регулатива. Инаку, реализацијата на овој проект е врз основа на добиените податоци од извршената анализа и изработената студија од страна на стручна фирма која изврши детални испитувања на состојбите со водоводната мрежа и констатираше голем број на дефекти кои придонесуваат за создавање на загубите од вода и до 70 отсто. Според зборовите на градоначалникот Апостолов, реконструкцијата на водоводната мрежа и евентуалната изградба на резервоар драстично поголем од постоечкиот ќе се финансираат со обезбедени средства од Германската KFV и доколку бидат одобрени и со средства од Светската банка.

Повеќе...
 
Реализирани проекти и активности во општина Неготино PDF Печати
 
ТРИБИНА ЗА ПОГОЛЕМА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Во организација на локалната самоуправа и Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата во рамките на одбележувањето на ,, Светскиот ден за сеќавање на жртвите од сообраќајни незгоди ,, денеска во големата сала на општина Неготино во присуство на голем број ученици од неготинските училишта се одржа трибина на тема ,, Како до помалку сообраќајни несреќи со фатални последици ,,.  На трибината присуствуваа и пред присутните со излагања на темата се обратија претставници на Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата, општинскиот инспектор по сообраќај, одговорните во Полициската станица во Неготино и претставници од итната медицинска помош при Здравствениот дом од Неготино. Како што изјави секретарот на општина Неготино Сашко Јанев целта на трибината е преку вакви и слични настани да се зголеми нивото на безбедност во сообраќајот и сообраќајната култура на сите учесници, со што пак се очекува и да се постигне крајниот и посакуван ефект – на ова подрачје да има што е можно помал број жртви во сообраќајни незгоди.

Повеќе...
 
ОПШТИНА НЕГОТИНО СО ПОДДРШКА ЗА ПРОЕКТОТ ,,УЧИЛИШНИ ЛИГИ,, PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на програмата за работа на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов во делот на унапредувањето на состојбите во делот на спортот и младите, како и неговите заложби за организирање училишни лиги во различни спортови ( фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и други ) во средното општинско училиште Св. Кирил и Методиј започна одржувањето на училишната лига во мал фудбал. На турнирот учествуваат вкупно 18 екипи распоредени согласно сменската настава во училиштето, а победниците од двете смени ќе се сретнат во големото финале и ќе се натпреваруваат во борбата за првото место. Според зборовите на секретарот на општина Неготино Сашко Јанев локалната самоуправа оваа година за учениците од првопласираната екипа има обезбедено пригодни награди, додека за потребите на турнирот доделена е спортска опрема.

Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
  Се известуваат граѓаните на општина Неготино дека доколку забележат евентуален проблем со уличното осветлување, можат да се обратат кај овластените лица во локалната самоуправа Борче Николов на телефонскиот број 078-484-954 и кај Јордан Трајков на телефон 070-304-499 во секое време од денот. По регистрирањето на пријавениот проблем, стручни екипи во најбрз можен рок ќе излезат на терен и ќе работат на отстранување на истиот.
 
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај >>

Лист 146 од 198