Општина Неготино
ФИНИШИРА УРЕДУВАЊЕТО НА УЛ ,, 11 ОКТОМВРИ ,, ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов придружуван од стручни лица од локалната самоуправа присуствуваше на изведувањето на финалните работи на ул. 11 Октомври. Во моментов на оваа улица се врши бетонирање и асфалтирање во должина од околу 270 метри, по предходно изведената замена на старите и дотраени азбестно-цементни цевки од водоводната мрежа и замената на канализационата мрежа, при што за потребите на жителите беа инсталирани 45 нови приклучоци, а беа поставени нови шахти. Вредноста на целокупниот проект изнесува околу 5 милиони денари-средства обезбедени од Европската банка за обнова и развој со гаранција од ресорното Министерство за транспорт и врски.

Повеќе...
 
ВО НЕГОТИНО СЕ ИЗВЕДУВА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО УРБАН БЛОК 5 PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на годишната Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино започнаа градежните активности во урбаниот блок 5 во градот. Станува збор за проект со чија реализација се врши поставување на водоводна и канализациона мрежа  во должина од 220 метри за потребите на жителите кои во овој урбан блок имаат изградено индивидуални станбени домови и кои ги имаат подмирени своите обврски во делот на комуналните давачки. Градежните работи се финансирани со средства од Буџетот на општина Неготино во висина од околу 2 милиони денари.

Повеќе...
 
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ ВО ПОСЕТА НА ПП ЕДИНИЦА ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Во рамките на одбележувањето на Денот на пожарникарите, 12-те припадници на Противпожарната единица Неготино беа посетени од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и секретарот на општината Сашко Јанев  со кои  се задржаа во краток разговор и ги информираа за нивното тековно функционирање. Притоа, тие извршија и практична демонстрација со ставање во функција на трите противпожарни возила и останатата опрема со која вршат гаснење на пожарите, додека командирот Иле Илиев ја потенцираше одличната соработка што ја имаат и поддршката што ја добиваат од локалната самоуправа. Градоначалникот Апостолов ја истакна подготвеноста на општината секогаш во рамките на расположливите можности и финансиски средства да го поддржуваат функционирањето на ПП единица од Неготино и им посака да имаат што е можно помалку работа. На свеченоста присуствуваа и демонстрацијата ја проследија и дечиња од Детската градинка Фемо Кулаков од Неготино.

Повеќе...
 
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ НАЈАВИ ИЗГРАДБА НА НОВ РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА PDF Печати
   Во рамките на континуираните напори за подобрување на состојбите со водоснабдувањето, покрај проектот што се спроведува со поддршка од Германската банка за обнова и развој со кој во првата фаза старите се менуваат со нови автоматизирани водомери, а во втората фаза комплетно ќе се реконструира старата и дотраена  водоводна мрежа која придонесува за создавање на загуби на водата која доаѓа од регионалниот водовод  Лукар, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на кординативниот состанок со одговорните од ЈП Комуналец иницираше иградба на нов и поголем резервоар за вода. За таа цел, Комуналец е задолжен да ангажира консултантска фирма која во рок од 2-3 недели ќе изготви извештај за тоа каде е најпогодно да се гради новиот резервоар и со колкав капацитет да биде, по што стручните служби при локалната самоуправа ќе изработата основен проект. Се верува дека со изградбата на новиот резервоар ќе се обезбедат дополнителни количини вода кои ќе придонесат за укинување на дневните и ноќните редукции, односно крајната цел е долгорочно решавање на овој децениски проблем со кој се соочуваат граѓаните на Неготино и добивање на 24 часовно континуирано и редовно водоснабдување.
 
НЕГОТИНСКИТЕ МАТУРАНТИ ТАНЦУВАА ,, КВАДРИЛ ,, PDF Печати

   Стотина матуранти од Средното општинско училиште Св. Кирил и Методиј денеска им се придружија на своите врсници од повеќе градови од Македонија и од Европа и во ритамот на музиката танцуваа ,, квадрил ,, во присутво на голем број посетители кои го проследија нивниот настап на градскиот плоштад. Од име на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов претставник на локалната самоуправа на матурантите им го честиташе матурирањето истакнувајќи дека сите понатамошни успеси на матурантите се важни, но најважно од се е да ги исполнат очекувањата на нивните родители, бидејќи станува збор за млади луѓе полни со позитивна енергија кои располагаат со се што е потребно да зачекорат кон нови почетоци и предизвици. Н аматурантите кои денеска танцуваа на градскиот плоштад, матурирањето им го честиташе и директорката на СОУ Св. Кирил и Методиј Неготино, Маја Тефова.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 141 142 143 144 145 146 147 148 149 150 Следно > Крај >>

Лист 150 од 192