Општина Неготино
СЕ УРЕДУВА ЦЕНТАРОТ ВО С. КУРИЈА – НЕГОТИНО PDF Печати

   Работници на градежното претпријатие Пер-инжинеринг ангажирани од страна на локалната самоуправа Неготино неколку денови по ред се ангажирани на изведување градежни активности за уредување на централното подрачје во неготинското село Курија. По извршеното рамнење на теренот, овој простор ќе биде поплочен со бехатон коцки и ќе бидат изградени патеки, по што ќе следува поставување на придружни елементи кои ќе служат за одмор и релаксација на месното население. Градежните работи кои ќе финишираат со уредување на центарот во Курија се очекува да завршат за десеттина денови, а за реализација на проектот од Буџетот на општина Неготино ќе бидат издвоени 1.000.000 денари.

Повеќе...
 
ВО НЕГОТИНО СЕ РЕАЛИЗИРА ПРОЕКТ ЗА ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ PDF Печати
Претставници на локалната самоуправа Неготино заедно со стручни лица ангажирани од страна на Центарот за развој на Вардарскиот плански регион и Центарот за енергетска ефикасност на Македонија – МАЦЕФ деновиве се порисутни на терен и вршат прибирање на податоци за состојбите со енергетската ефикасност во просториите на објектите на Општина Неготино, во образовните установи и во детските градинки. Собраните податоци ќе бидат искористени и вметнати во тригодишната програма за енергетска ефикасност и годишниот  Акционен план за нивна имплементација на територијата на општина Неготино.
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

 По повод одржувањето на активностите за одбележување на верскиот празник Свети Трифун, како и секоја така и оваа година ќе се одржи традиционалниот избор на најдобри домашни вина и ракии, како и интернационален избор на најдобри вина од домашни и меѓународни винарии. Сите заинтересирани лица за учество на натпреварот потребно е да достават по 2 мостри од виното или ракијата најдоцна до 8-ми февруари ( петок ) во просториите на Туристичкиот инфо центар Желкова куќа на втори спрат од 9 до 12 часот кај лицето Ивица Златковиќ. Подетални информации можат да се добијат на телефон 072-320-833.

Повеќе...
 
НОВИ КОМПЈУТЕРИ ЗА АДМИНИСТРАЦИЈАТА ВО ОПШТИНА НЕГОТИНО PDF Печати
   Со средства во висина од близу 200.000 денари обезбедени од сопствениот Буџет, локалната самоуправа Неготино изврши набавка на 6 нови компјутери и еден проектор за потребите на општинската администрација. Истите се веќе распоредени во повеќе одделенија и тоа во одделението за урбанизам и градежништво, за комунални работи, кај инспекторот по патен сообраќај, како и за потребите на останати вработени во општинската администрација.
 
ИЗГРАДБА НА ТРОТОАР НА УЛИЦА ДО БОЛНИЦАТА ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Врз основа на годишната програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино работници на градежното претпријатие Пер - инженеринг  се ангажирање на поставување на бехатон коцки на тротоарот на улицата Борис Кидрич од левата страна. Станува збор за досега неуредена градежна јавна површина која стоеше запустена, а бидејќи истата е лоцирана во непосредна близина на Здравствениот дом во градот, одговорните во локалната самоуправа решија овој тротоар да биде комплетно уреден. За реализација на проектот од Буџетот на општината се одвоени 1.000.000 денари, а тротоарот се уредува на површина од 280 метри должни.

Повеќе...
 
ПОСТАВЕНА ФОНТАНА НА ГЛАВНАТА УЛИЦА ВО НЕГОТИНО PDF Печати
   Со обезбедени финансиски средства од Буџетот на општина Неготино деновиве повторно беше поставена фонтана во склоп на изградениот парк на главната улица Маршал Тито во градот во близина на Полициската станица. Станува збор за простор кој пред извесен период беше оплеменет со изградба на патеки, поставување на клупи за седење и  негово озеленување, но од страна на несовесни граѓани фонтаната беше оштетена, што пак беше повод да се донесе одлука за поставување на нова фонтана. Одговорните во Одделението за комунални работи истакнуваа дека согласно годишната програма за работа предвидена е замена на сите постоечки фпонтани во градот, од кои најголемиот дел се во централното градско подрачје на Неготино.
 
<< Почеток < Пред 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Следно > Крај >>

Лист 153 од 189