Општина Неготино
ВО НЕГОТИНО СЕ ИЗВЕДУВА ВОДОВОДНА И КАНАЛИЗАЦИОНА МРЕЖА ВО УРБАН БЛОК 5 PDF Печати

   Во рамките на спроведувањето на годишната Програма за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Неготино започнаа градежните активности во урбаниот блок 5 во градот. Станува збор за проект со чија реализација се врши поставување на водоводна и канализациона мрежа  во должина од 220 метри за потребите на жителите кои во овој урбан блок имаат изградено индивидуални станбени домови и кои ги имаат подмирени своите обврски во делот на комуналните давачки. Градежните работи се финансирани со средства од Буџетот на општина Неготино во висина од околу 2 милиони денари.

Повеќе...
 
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ ВО ПОСЕТА НА ПП ЕДИНИЦА ВО НЕГОТИНО PDF Печати

   Во рамките на одбележувањето на Денот на пожарникарите, 12-те припадници на Противпожарната единица Неготино беа посетени од градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и секретарот на општината Сашко Јанев  со кои  се задржаа во краток разговор и ги информираа за нивното тековно функционирање. Притоа, тие извршија и практична демонстрација со ставање во функција на трите противпожарни возила и останатата опрема со која вршат гаснење на пожарите, додека командирот Иле Илиев ја потенцираше одличната соработка што ја имаат и поддршката што ја добиваат од локалната самоуправа. Градоначалникот Апостолов ја истакна подготвеноста на општината секогаш во рамките на расположливите можности и финансиски средства да го поддржуваат функционирањето на ПП единица од Неготино и им посака да имаат што е можно помалку работа. На свеченоста присуствуваа и демонстрацијата ја проследија и дечиња од Детската градинка Фемо Кулаков од Неготино.

Повеќе...
 
ГРАДОНАЧАЛНИКОТ АПОСТОЛОВ НАЈАВИ ИЗГРАДБА НА НОВ РЕЗЕРВОАР ЗА ВОДА PDF Печати
   Во рамките на континуираните напори за подобрување на состојбите со водоснабдувањето, покрај проектот што се спроведува со поддршка од Германската банка за обнова и развој со кој во првата фаза старите се менуваат со нови автоматизирани водомери, а во втората фаза комплетно ќе се реконструира старата и дотраена  водоводна мрежа која придонесува за создавање на загуби на водата која доаѓа од регионалниот водовод  Лукар, градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов на кординативниот состанок со одговорните од ЈП Комуналец иницираше иградба на нов и поголем резервоар за вода. За таа цел, Комуналец е задолжен да ангажира консултантска фирма која во рок од 2-3 недели ќе изготви извештај за тоа каде е најпогодно да се гради новиот резервоар и со колкав капацитет да биде, по што стручните служби при локалната самоуправа ќе изработата основен проект. Се верува дека со изградбата на новиот резервоар ќе се обезбедат дополнителни количини вода кои ќе придонесат за укинување на дневните и ноќните редукции, односно крајната цел е долгорочно решавање на овој децениски проблем со кој се соочуваат граѓаните на Неготино и добивање на 24 часовно континуирано и редовно водоснабдување.
 
НЕГОТИНСКИТЕ МАТУРАНТИ ТАНЦУВАА ,, КВАДРИЛ ,, PDF Печати

   Стотина матуранти од Средното општинско училиште Св. Кирил и Методиј денеска им се придружија на своите врсници од повеќе градови од Македонија и од Европа и во ритамот на музиката танцуваа ,, квадрил ,, во присутво на голем број посетители кои го проследија нивниот настап на градскиот плоштад. Од име на градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов претставник на локалната самоуправа на матурантите им го честиташе матурирањето истакнувајќи дека сите понатамошни успеси на матурантите се важни, но најважно од се е да ги исполнат очекувањата на нивните родители, бидејќи станува збор за млади луѓе полни со позитивна енергија кои располагаат со се што е потребно да зачекорат кон нови почетоци и предизвици. Н аматурантите кои денеска танцуваа на градскиот плоштад, матурирањето им го честиташе и директорката на СОУ Св. Кирил и Методиј Неготино, Маја Тефова.

Повеќе...
 
Отворено градско првенство во шах – Неготино 2013 PDF Печати

   Во организација на општина Неготино, а во соработка со Градскиот шаховски клуб “Неготино”, оваа година по втор пат ќе се одржи Отвореното градско првенство во шах – Неготино 2013. Првенството ќе започне на 24 мај (петок) во 17.00 часот, а истото ќе го отвори покровителот на овој настан – Градоначалникот на општина Неготино г-нот Ванчо Апостолов. Право на учество на првеството имаат сите заинтересирани граѓани на општина Неготино. Наградниот фонд за најдобрите учесници на турнирот изнесува 17.000 денари. Пријавувањето за учество се врши кај претседателот на ГШК Неготино Трајче Недев, на тел. број 075/416-496, надоцна до 24 мај (петок) до 13.00 часот.

Повеќе...
 
С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

                                     С  О  О  П  Ш  Т  Е  Н  И  Е

ООУ ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ Неготино од 01.05.2013 до 31.05.2013 година ќе врши упис на ученици во I(прво) одделение.
Уписот ќе се врши од 12,00 часот до 15,00 часот при што детето треба да дојде заедно со родителот и со себе да понесе лична карта.
Потребни документи за упис на ученикот се:
1.Извод од матична книга на родените;
2.Потврда од Здравствен дом за примени вакцини.
3.Потврда за систематски преглед на оралната празнина од стоматолог.
Во учебната 2013/2014 ќе се врши упис на деца-ученици во прво одделение родени во општина Неготино 2007 година и месец Јануари 2008 година.
 
<< Почеток < Пред 151 152 153 154 155 156 157 158 159 160 Следно > Крај >>

Лист 157 од 198