ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Службен гласник

Beeconomy

Влада на Р.Македонија

Моја - општина

Здружение на К.И на Р.М

  www.zki.org.mk

Народен правобранител

Skopjediem

Општина Неготино
ПРЕЗЕНТИРАНА ПП ОПРЕМА И ИЗЛОЖБА НА СЛИКИ PDF Печати

   По повод Денот на професионалните и доброволните пожарникари на градскиот плоштад во Неготино во организација на Општинскиот противпожарен сојуз беше извршена презентација на противпожарна опрема и се поделија флаери со информативна содржина. Паралелно, беше отворена и изложба на слики на која со свои дела се претставија ученици од двете основни училишта од Неготино и од училиштето од Д.Капија. Во подготовката и спроведувањето на овие активности се вклучија повеќе правни и физички лица, а обраќање пред присутните имаше и градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој ги поздрави активностите на противпожарните служби за превенција, подготвеност и гаснење на пожари. Комисијата составени од познати ликовни уметници од општината изврши избор на најдобрите ликовни творби и притоа додели две награди за трето место и по една награда за освоено второ и прво место.

Повеќе...
 
ЖИТЕЛИТЕ НА ЦРВЕНИ БРЕГОВИ ДОБИЈА ТЕХНОЛОШКА ВОДА PDF Печати

   Во рамките на реализацијата на проектот за намалување на сиромаштијата во населените места во Македонија, со средства обезбедени од невладина организација на чие чело е Симон Поликарп – Џими, во село Црвени Брегови во употреба беше предаден систем со кој се обезбедува вода за наводнување на дворните површини и површините засадени со земјоделски култури. Популарниот Џими информираше дека за комплетното спроведување на проектот се потрошени средства во висина од 27.000 евра и притоа изрази надеж дека дополнително обезбедените количини вода за наводнување во многу ќе им го олеснат животот на локалните жители, пред се во делот на одгледувањето на земјоделски производи во нивните дворни места и други расположиви површини и нивен пласман на пазарите, со што пак ќе се придонесе за благо подобрување на нивниот стандард. На свеченоста на која присуствуваа голем број жители на селото, благодарност до донаторот со надеж за продолжување на соработката изразија  градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков и претседателот на месната заедница Црвени Брегови Душко Дураков.

Повеќе...
 
ТРЕТО МЕСТО ЗА ГФК,, НЕГОТИНО ,, НА МЕЃУНАРОДЕН ТУРНИР PDF Печати

   Одличен успех на младите фудбалери на Градскиот фудбалски клуб ,, Неготино ,, на меѓународниот турнир во фудбал што во периодот од 22 до 25 овој месец се одржа на спортските терени ,, Истатов ,, во Струмица. Благодарение на одличните игри кои ги прикажаа во текот на целиот турнир, на крајот неготинските фудбалери сосема заслужено го освоија третото место во исклучително силна конкуренција. Вклучувајќи го и натпреварот за третото место, фудбалерите на ГФК ,, Неготино ,, забележаа три победи, а за тренерот Зоран Недев посебно значајна е победата над екипата на ЦСКА од Софија. Фудбалерите и тренерот беа примени и од градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков кој се задржа во краток разговор со нив интересирајќи се за случувањата на самиот турнир, им честита на освоеното одлично трето место и истакна дека како и досега, и во иднина во зависност од расположивите средства, општината ќе ги помага спортот и спортистите од општина Неготино.

 

 

Повеќе...
 
МЕЃУНАРОДНА СОРАБОТКА - ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА НЕГОТИНО ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ГРАДИШКА-РЕПУБЛИКА СРПСКА PDF Печати
   Во терминот од 22 до 24 април 2011 година делегација од општина Неготино во состав: Јованка Камчева – член на Советот на општина Неготино, Александар Јованов – раководител на Одделението за правни и општи работи, Лилјана Нечева – советник во Одделението за урбанизам, комунални дејности и заштита на животната средина и Јане Мелов-возач оствари меѓународна соработка со општина Градишка-Република Српска по повод празникот „ 24 април, Ден на општина Градишка“.При оваа посета покрај учеството на нашата делегација во празнувањата на домаќинот, беа разменети и искуства во поглед на активностите на органите на локалната самоуправа на двете општини.Делегацијата на општина Неготино за време на целиот престој беше придружувана и од Начелникот на општина Градишка г-дин Никола Крагуљ.
 
Проект од програмата Европа за граѓаните 2007-2013г. PDF Печати

  Мерка збратимени градови

Во рамките на спроведување на програмата Европа за граѓаните, општина Неготино аплицираше, доби и стана носител на проект,, Креирање на мрежа на Европско вино, традиција, култура и експертиза” чија главна цел е остварување на соработка на различни нивоа преку заеднички активности со партнерите и за меѓународна соработка преку воспоставување на мрежа на тим на експерти од винарии, на домашни производители на вино и менаџери од винарии со угостителски објекти, а со цел да се промовираат и шират знаењата и да се поврзат повеќе луѓе од овој сектор.
Покрај општина Неготино која ја има улогата на лидерска организација, во проектот како партнери се вклучени и општините Черномелј-Словенија, Минервино Ди Лече-Италија и Попово-Бугарија.
Повеќе...
 
ПОТПИШАН ДОГОВОР ЗА КРЕДИТНО ЗАДОЛЖУВАЊЕ НА ,, КОМУНАЛЕЦ ,, PDF Печати

  Заменик-претседателот на Владата на РМ и Министер за финансии Зоран Ставревски, градоначалникот на општина Неготино Пане Трајков и директорот на ЈП ,, Комуналец ,, Диме Недев го потпишаат договорот за финансирање на реализацијата на Проектот Водовод и канализација – фаза 1. Со истиот на неготинското комунално претпријатие му се одобрени средства во износ од 249.569 евра со рок на отплата од 28 години, грејс период од 10 години и со годишна каматна стапка од 2 отсто.

Повеќе...
 
<< Почеток < Пред 161 162 163 164 165 166 167 168 169 170 Следно > Крај >>

Лист 162 од 175