КОНКУРС ЗА ФИНАНСИРАЊЕ ПРОЕКТИ ОД НАЦИОНАЛЕН ИНТЕРЕС ВО КУЛТУРАТА ЗА 2014 ГОДИНA PDF Печати

   Министерството за култура, во согласност со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2013-2017 година („Службен весник на РМ“ бр. 15/2013) за остварување на националниот интерес во културата, ќе обезбеди средства од Буџетот на Република Македонија за поддршка на проекти од национален интерес во културата.
Проектите пријавени на Конкурсот, за да бидат поддржани од Министерството за култура како проекти од национален интерес за културата на Република Македонија, треба да исполнуваат најмалку еден од општите критериуми и најмалку еден од посебните критериуми по одделни дејности и области во културата во согласност со Правилникот за критериумите за финансирање на програмите, односно проектите по одделни дејности во културата („Службен весник на Република Македонија“ бр. 70/2011). Правилникот ќе биде објавен на веб-локацијата на Министерството за култура (www.kultura.gov.mk).
На Конкурсот може да учествуваат: уметници, самостојни уметници, приватни установи, локални установи, здруженија на граѓани, фондации и други правни и физички лица што вршат дејност од областа на културата во согласност со Законот за културата и со другите позитивни законски прописи во Република Македонија.
Конкурсот е отворен до 7 јули 2013 година.
Повеќе информации и пријави за аплицирање можете да најдете на

http://www.kultura.gov.mk/index.php/konkursi/979-konkurs-za-finansiranje-proekti-od-naciomalen-interes-vo-kulturata-za-2014-godina