За Општината
  • Сместувачки капацитети
          
     Хотел „Парк”
     
               „Хотел Парк” располага со 20 еднокреветни соби, 30 двокреветни (100 кревети) и 7 апартмани (21 кревет). Собите се комплетно опремени и климатизирани. Хотел „Парк”  ги нуди следниве услуги: ББ (ноќевање со доручек), ПП (полупансион), и ФБ (полн пансион). Располага со ресторанска сала со капацитет за 500 лица, интернет кафе, летна тераса. Сопствен паркинг обезбеден со современи уреди за набљудување, а по интернационални стандарди припаѓа на хотели со 3 *.
     
    Адреса: Партизанска бб
    Телефон/факс:  + 389 (0) 43 370-960, + 389 (0) 43 361-033   
    e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
    www.hotelpark.com.mk
     
     
    Мотел „Хавана”
     
               „Мотел Хавана”  располага со 11 соби и 2 апартмани (25 кревети). Мотел Хавана сеуште не е категоризиран и нуди услуга ноќевање со доручек. Во комплексот има сопствена бензинска пумпа, современ базен, кафе бар и ресторан. Место погодно за рекреација и забава.
     
    Адреса: Индустриска бб
    Телефон: + 389 (0) 43 371-427
     
     
    Конаците на Манастир „Св. Ѓорѓија”
     

    Конаците на манастирот „Св. Ѓорѓија” се изградени во 19 век. Располага со 2 двокреветни соби (4 кревети), 22 трокреветни соби (66 кревети), 4 четирикреветни соби (16 кревети) и 3 десеткреветни соби  (30 кревети) кои може да се искористат за сместување на туристи. Во конаците има можност за организирање на разни собири, колонии и други традиционални настани.

     

    Адреса: Месност Црквиште
    Телефон: + 389 (0)43 360-091
     
     
  • Демографија

  • Населени места
  • Природни карактеристики