И З В Е С Т У В А Њ Е PDF Печати

   Во врска со ПОКАНАТА ЗА ПОНУДА објавена на нашата веб страна на 05.10.2016 година  за потребата за УСЛУГИ  за  Развој на  прекугранична он-лајн дата база на процедури,производители и производи,Развој на прекугранична е-комерцијална платформа за пчелни производи и подготовка на Водич за пчелни производи- Повик за инвеститори,, во рамките на проектот,,Поддршка и развој на економија на пчелни производи во прекуграничнатa област-BEE-CONOMY,,  со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 и  АДЕНДУМ бр. 1 на Доворот број IPA2010/DN23657/CN358809  од 06.07.2016, за која беше утврден рок на достaвување на понуди до 25.10.2016 вторник  до 12.00 часот, ВЕ ИЗВЕСТУВАМЕ   дека општина Неготино го продолжува рокот за доставување на понуди до 07.11.2016( понеделник) до 12.00 часот. Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.
Тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG) е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 05.10.2016 година.Во истата извршени се промени и  прилагодени се само датумите согласно продолжениот рок.Документите во кои има промена исто така се објавени заедно со ова известување.  Доколку сте заинтересирани тендерска документација може да Ви биде пратена електронски или по пошта  поставена на ЦД.


 Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 07.11.2016( понеделник) до 12.00 часот .Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.
Ве молиме на секоја страна од обрасците  да ставете  печат и потпис од Вашата фирма.Исто така сите документи во прилог кои се бараат со понудата, а кои се однесуваат на финансиските, економските , техничките и професионалните способности на понудувачите  треба да бидат составен дел на документацијата.
Документи во прилог на понудата согласно барањата во Инструкциите за тендерот:
-Тековна состојба не постара од 6 месеци издадена од Централен регистар
-Решение за регистрирана дејност од Централен регистар
Други документи согласно Инструкциите во тендерот:
-во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари
-на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство
-на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
-понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
-понудувачот  да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
-на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција-забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење на одделна дејност
Вашата понудата може да ја доставите дирекно во општина Неготино или по пошта согласно инструкциите во документацијата :
Општина Неготино
ул.Ацо Аџи Илов Бр 2,
  1440 Неготино, Република Македонија
  Во левиот агол  на затвореното  плико на задната страна назначете:
  IPA2010/DN23657/CN358809      05-307
  Назначете ‘Not to be opened before the tender opening session’ и “Да не се отвара пред официјалното отварање на понудите”.
  име на понудувачот
Потребната УСЛУГА  треба да биде испорачана во рок од   40 дена по потпишување на Договорот со носителот на Договорот.
Ве информираме дека исплатата на средствата кон носителот на набавката е без вклучен ДДВ , па затоа и цените во Вашата понуда треба да бидат изразени без вкулчен ДДВ . Општина Неготино преку гореспоменатиот проект ќе го исплати износот без ДДВ. Економскиот оператор е ослободен од данок на додадена вредност ДДВ  и за целокупната постапка  ќе се применува член 4 и 5 од Законот за  изменување и дополнување на Законот за Данок на  додадена вредност (Сл.весник на РМ  бр.12/2014) и ,,Правилникот за формата и содржината на фактурата, формата и содржината на пријавата, начинот на пријавување на прометот, содржината на евиденцијата на фактури која ја води  надлежен даночен орган како и формата и содржината  на евиденцијата на примени фактури која ја води примателот на прометот за цели за спроведување на даночното ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на промет  на добра и услуги наменети за реализација на проект кој е финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен помеќу Република Македонија и странски донатор во кој е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци,, (Сл.весник на РМ  бр.98/2014)

1_A_1_Contract Notice services_CNP 05-307

2_A_2_Instructions to tenderers_services 05-307

b8f_annexiitorglobal_en final 05-307

CORRIGENDUM No1 05-307

Контакт:
 М-р Лолита Ристова-проект менаџер
тел:043-361-045 лок.123,факс:043-361-933
моб.070370555  
е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или  е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
25.10.2016

 
Банер

Водич за инвеститори

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Македонија вработува

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Банер

Пребарување

Кој е онлајн

Има 64 гости присутни