Реализирана заедничка средба во општина Алмопиа-Грција во рамките на проектот ИПА:Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекуграничната област,,БЕЕ КОНОМИ,, PDF Печати

   Во деновите 14 и 15.11.2016 година во општина Алмопиа( Аридеа)Грција беше реализирана по втор пат   работна  средба   (четврта во рамките на проектот) помеѓу проектните тимови  од општина Неготино и општина Алмопиа. На 14.11.2015( понеделник) средбата се одржа во просториите на општината Алмопиа. Се дискутираше и се дадоа  појаснувања околу содржините на  електронските платформи за двете општини и водичот за инвеститори кои се во фаза на подготовка .Потоа  следуваше размена на материјали кои се дел од комуникацискиот пакет на општината Алмопиа.На 15.11.2016 ( вторник)работната средба беше одржана во новоопремената просторија  за пчеларство во местото Ексаплатанос  во близина на Аридеа.Состанокот се одвиваше согласно планираната агенда за вториот ден . Во врска со напредокот на проектот за општина Алмопиа и за општина Неготино се даде преглед за секоја активност посебно.Беше разгледана   севкупно набавената опрема за пчеларство која и по завршување на проектот ќе може да биде користена за едукативни  , практични  и демонстративни цели од здружение на пчелари во општина Алмопиа кое е во фаза на формирање.Во преостанатиот дел од средбата се разговараше за одобреното  продолжување на проектот за општина Алмопиа до 26.12.2016 наместо 26.11.2016 .Исто така беше дискутиран и предлогот за продолжување на проектот за општина Неготино, со цел да може да биде завршена и една од главните активности на проектот , а тоа е изградбата на делот од патот Г.Дисан –Вешје во должина од околу 400м за што во моментот се работи на измени во техничката документација.