ПОКАНА ЗА ПОНУДА PDF Печати
Врз основа на Одлука на градоначалникот на општина Неготино  бр.05-377од 29.12.2016 за утврдување на потреба од УСЛУГИ  за организирање на завршна конференција за проектот,,Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекуграничната област,,(,, Support and development the Bee-Product’s Economy in the cross-border area-BEE-CONOMY,,)со бр. на Договор за грант: IPA2010/DN23657/CN358809 ,  АДЕНДУМ бр. 1 на Доворот од 06.07.2016 и АДЕНДУМ бр. 2 на Доворот од 23.12.2016, од општина Неготино објавуваме ПОКАНА ЗА ПОНУДА за УСЛУГИ  за организирање на завршна конференција за проектот ,,BEE CONOMY”опишано во тендерскaта документација 05-377.

Тендерската документација подготвена согласно процедурите на ЕУ( PRAG) е достапна во проектната канцеларија во општина Неготино –Канцеларија за локален економски развој на 3 спрат во општина Неготино од 8:00-16:00 часот, почнувајќи од 30.12.2016 година.Доколку сте заинтересирани истaта може да Ви биде пратена електронски или по пошта  поставена на ЦД.

 Вашата понуда треба да ја добиеме најкасно до 30.01.2017( понеделник) до 12.00 часот.Отварањето на понудите ќе биде јавно во 14.00 часот истиот ден.
Ве молиме на секоја страна од обрасците  да ставете  печат и потпис од Вашата фирма.Исто така сите документи во прилог кои се бараат со понудата, а кои се однесуваат на финансиските, економските , техничките и професионалните способности на понудувачите  треба да бидат составен дел на документацијата.
Документи во прилог на понудата:
-Тековна состојба не постара од 6 месеци издадена од Централен регистар
-Решение за регистрирана дејност од Централен регистар
Други документи согласно Инструкциите во тендерот може да бидат дополнително побарани:
-во последните 5 години, на понудувачот да не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење пари
-на понудувачот да не му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство;
-на понудувачот да не му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност;
-понудувачот да не е во постапка за стечај или во постапка за ликвидација;
-понудувачот  да нема неплатени даноци, придонеси или други јавни давачки;
-на понудувачот да не му е изречена прекршочна санкција-забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење на одделна дејност
 Вашата понудата може да ја доставите дирекно во општина Неготино или по пошта согласно инструкциите во документацијата :
Општина Неготино
ул.Ацо Аџи Илов Бр 2,
  1440 Неготино, Република Македонија
  Во левиот агол  на затвореното  плико на задната страна назначете:
  IPA2010/DN23657/CN358809      05-377
  Назначете ‘Not to be opened before the tender opening session’ и “Да не се отвара пред официјалното отварање на понудите”.
  име на понудувачот
Потребната УСЛУГА  треба да биде завршена најкасно до првата половина на месец  Април 2017, со утврден датум по потпишување на Договорот со носителот на Договорот.

Ве информираме дека исплатата на средствата кон носителот на набавката е без вклучен ДДВ , па затоа и цените во Вашата понуда треба да бидат изразени без вкулчен ДДВ . Општина Неготино преку гореспоменатиот проект ќе го исплати износот без ДДВ. Економскиот оператор е ослободен од данок на додадена вредност ДДВ  и за целокупната постапка  ќе се применува член 4 и 5 од Законот за  изменување и дополнување на Законот за Данок на  додадена вредност (Сл.весник на РМ  бр.12/2014) и ,,Правилникот за формата и содржината на фактурата, формата и содржината на пријавата, начинот на пријавување на прометот, содржината на евиденцијата на фактури која ја води  надлежен даночен орган како и формата и содржината  на евиденцијата на примени фактури која ја води примателот на прометот за цели за спроведување на даночното ослободување од плаќање на данок на додадена вредност на промет  на добра и услуги наменети за реализација на проект кој е финансиран со парични средства добиени врз основа на договор за донација склучен помеќу Република Македонија и странски донатор во кој е предвидено дека со добиените парични средства нема да се плаќаат даноци,, (Сл.весник на РМ  бр.98/2014)

A_1_Contract Notice   services_CNP-05-377

 Контакт:
 М-р Лолита Ристова-проект менаџер
тел:043-361-045 лок.123,факс:043-361-933
моб.070370555 
е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите или  е-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите
30.12.2016
 

 
Банер

Водич за инвеститори

е - градежна дозвола

     Законски акти и упатства 

ЈАВЕН ПОВИК

Македонија вработува

СТРАТЕГИЈА ЗА ЛОКАЛЕН ЕКОНОМСКИ РАЗВОЈ

Банер

Програма општинско-корисна работа

Банер

Пребарување

Кој е онлајн

Има 34 гости присутни