ЖБОГАР: НЕГОТИНО Е ПРИМЕР ЗА УСПЕШНА СОРАБОТКА СО ЕУ. PDF Print
There are no translations available.

   Неговата екселенција-амбасадорот на Европската унија во Република Македонија Самуел Жбогар е исклучително задоволен од одличната соработка со општина Неготино и успешната реализација на проекти со средства од Унијата во неготинска општина и овој став тој му го пренесе и на својот домаќин-градоначалникот на општина Неготино Ванчо Апостолов и во изјавата за медиумите за време денешната работна посета на нашиот град. Имено, евроамбасадорот Жбогар присуствуваше на завршната конференција на проектот „ Bee-economy“ –Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област“ кој општина Неготино го реализираше со средства од ИПА програмата на ЕУ во соработка со партнер-општината Алмопија, а настанот беше искористен за пригодни обраќања на евроамбасадорот Жбогар, градоначалникот Апостолов и заменик-градоначалникот на Алмопија Синсиридис во кои беа пренесени информации за спроведувањето на самиот проект и проектните резултати. На завршниот настан свои излагања имаа и стручни лица кои се осврнаа на можностите за развој на пчеларството во двете општини и производството на мед и пчелни производи. Инаку, работниот дел од посетата евроамбасадорот Жбогар го започна со работна средба со градоначалникот Апостолов на која беа разгледани можностите за аплицирање со нови проекти за користење средства од фондовите на ЕУ, а градоначалникот Апостолов ја искористи можноста да го запознае високиот гостин дека неодамна на општина Неготино од страна на ЕУ и беа одобрени средства од 1.000.000 евра за спроведување на проекти во општината за подобрување на севкупните услови за живеење. Исто така, Жбогар и Апостолов го посетија тренинг центарот од проектот проектот „ Bee-economy“ –Поддршка и развој на економијата на пчелни производи во прекугранична област“ сместен во Желковата куќа, средното општинско училиште Св. Кирил и Методиј, а евроамбасадорот имаше и работна средба со претставници од бизнис секторот од општина Неготино.