ООУ “Гоце Делчев„ - Неготино PDF Печати

КОНТАКТ: 

Маршал Тито, 117

1440 Неготино, Република Македонија                                        

e-mail: Оваа е-пошта е заштитена од spambots, треба да вклучите JavaScript за да ја видите

тел./факс: ++389/ 043 361 534    

Официјална веб страница: www.gdnegotino.weebly.com

Официјален веб портал: www.gocedelcevnegotino.wetpaint.com

Историјат:

Општинското основно училиште Гоце Делчев од Неготино започна со работа во 1972 г. во месец ноември и во него образование стекнуваат над 1000 ученика од градот и приградските места. На почетокот во училиштето беа вработени 52 наставника а денес во него работат вкупно 64 наставника од кои 35 во предметна а 29 во одделенска настава.

 Подрачни училишта:

Неговите подрачни училишта се наоѓаат во селата Тимјаник, Тремник, Курија и осмолетката во с. Д. Дисан кое на училиштето се приклучи во 2004 г.

Поради зголемување на бројот на учениците, во учебната 1987/88 г. селото во с. Војшанци, кое дотогаш беше подрачно училиште на ова училиште му беше отстапено на ООУ „Страшо Пинџур“ - Неготино. 

Услови и соработка со заедницата 

Денес училиштето располага со вкупно 3.580 м2 работна површина која ја сочинуваат 17 училници, 6 кабинети, 2 занимални, 1 фискултурна сала, 5 канцеларии и 3 простории за друга намена а учениците кои тука се школуваат се распоредени во 55 паралелки. Досега тука се спровеле многу републички, регионални или училишни натпревари речиси по сите наставни предмети а воедно тоа учествува редовно во севкупниот јавен живот во општината, вклучувајќи се во разни културно-уметнички приредби, локални акции и др. Училиштето од 2007 г. е во надлежност на ЛС на Општина Неготино.