Советодавен настан со индивидуални производители на вина и ракии PDF Печати

   По одржаната дегустација од страна на стручна комисија составена од енолози од Здружението на енолози на РМ на над 60 пристигнати мостри на вина и ракии од индивидуални производители, објавени се резултатите од истата и прогласени се најдорбите вина и ракии. Според оценките на комисијата во категоријата бели вина за најдобро е прогласено виното „Куве“ на производителот Тоше Николов, второто место го освои виното „Темјаника“ на Горан Ристов и на трето место се најде виното „Ризлинг“ на Коле Мицев. Во категоријата црни вина највисоки оценки доби и првото место го освои виното „Вранец“ на Ристе Миов, второ место освои производителот Зоран Марков, а трето место Горан Ристов и двајцата со вино „Вранец“. Во категоријата ракија за најдобар производител беше прогласен Милан Андов, второпласиран е Љупчо Јанчев, а третото место го освои мастиката произведена од Павле Петров. Денеска во големата сала на општина Неготино, а по завршувањето на дегустацијата и објавените резултати, се одржа советодавен настан со индивидуални производители на вина и ракии на кои од страна на стручни лица-енолози им беа презентирани насоки со единствена цел како да се дојде до поквалитетно производство на вина и ракии во домашни услови. Инаку, наградите на најуспешните ќе им бидат врачени во среда на 14-ти февруари на градскиот плоштад на централниот настан по повод празникот на лозарите и винарите „Свети Трифун“.