ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Beeconomy

С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати
Тестирање на лицата кои аплицирале за пописот во сабота 5ти март

Државната изборна комисија Ве известува дека терминот за тестирање на лицата кои аплицирале на јавниот оглас  за ангажирање на членови на комисии на пописен реон , реонски инструктори и попишувачи од Општина Неготино ќе биде на 5 март во сабота.
Тестирањето ќе се одржи во општинското средно училиште „Кирил и Методиј“ во Неготино со почеток во 12 часот и сите пријавени кандидати се должни со себе да носат документ за идентификација.
Со оглед на големиот интерес на лица кои аплицирале на Јавниот конкурс за ангажирање на членови на комисии на пописен реон, реонски инструктори и реонски попишувачи, како и определбата на Државната пописна комисија за квалитетен и правичен избор со рамноправен пристап кон сите кандидати, се повикуваат сите кои аплицирале на јавниот конкурс да дојдат во за тестирање најдоцна до 11.20 часот и да се пријават кај лицата кои се определени од Државната изборна комисија.