ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Beeconomy

ЈАВЕН ПОВИК PDF Печати
Врз основа на член 21 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (Сл.Весник на Република Македонија” број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), општина Неготино распишува:



                                                ЈАВЕН ПОВИК
за доставување на иницијативи за изработка и донесување на урбанистички планови

Секое заинтересирано правно и физичко лице во тек на јавниот повик може да достави иницијатива  за изработка и донесување на урбанистички планови од член 7 став 1 точка 2 алинеа 2,3 и 4 од Законот за просторно и урбанистичко планирање (,,Сл. Весник на Република Македонија” број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16,  163/16, 64/18 и 168/18).
Иницијативите можат да се достават во електронска форма преку информациски систем е-урбанизам или во писмена форма.
Предмет на иницијативата може да биде донесување на нов урбанистички план или изменување и дополнување на постоечки урбанистички  план, со дефинирани граници на опфат согласно Законот за просторно и урбанистичко планирање (,,Сл. Весник на Р.М” број 199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18).
Изработката на урбанистичките планови може да биде финансирана од страна на подносителот на иницијативата.
Јавниот повик ќе трае од 01.02.2019 година до 05.03.2019 година.