ОДРЖАНА ИНФОРМАТИВНА СРЕДБА И ПОСЕТА НА ДЕЛ ОД ЛОКАЦИИ PDF Печати

   Денес во општина Неготино  градоначалникот на општина Неготино и општинската администрација  во салата за состаноци одржаа информативна средба и  понудија можност за  дирекна посета на терен  со заинтересирани компании  во врска со Отворената постапка која е во тек , а која се однесува  на замена на уличното осветлување со ЛЕД светилки  во општина Неготино .Оваа постапка  е во  рамките на  проектот,,ЕНПОЛ-ЕЕ,,ИПА проект за прекугранична соработка со Грција кој предвидува замена на вкупно 1410  во општина Неготино и тоа  1100 на 67 улици  и локации во градот ( утврени со распоред) и  310 во  селата:Тимјаник, Пепелиште и Криволак .По завршување на постапката во периодот кој следува ќе се започне со дирекна имплементација на оваа компонента од проектот,,ЕНПОЛ-ЕЕ,,