ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Beeconomy

ЈАВЕН ПОВИК ДО ГРАДЕЖНИ КОМПАНИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА РЕЧНИ КОРИТА PDF Печати
  Согласно Одлуката  на  Владата  на Република Македонија  за отстапување  на дизел гориво  Еуродизел  БС  од стоковите резерви  на Општина Неготино  бр.51-1402/20 од 22 март 2011  година  (Службен весник на РМ бр.42/2011)  и Акциониот план за чистење  на речни корита  во Република Македонија  за 2011 година,  Општина Неготино објавува

Ј А В Е Н      П О В И К
1. Предмет  на јавниот повик е: ангажирање на градежна механизација за  чистење на речни корита согласно Одлуката  на Владата  на Република Македонија  за отстапување  на дизел гориво  Еуродизел  БС  од стоковите резерви  на Општина Неготино  бр.51-1402/20 од 22 март 2011  година  (Службен весник на РМ бр.42/2011)  и Акциониот  план за чистење  на речни корита  во Република Македонија  за 2011 година.
2. Право на учество во јавниот повик: се повикуваат сите заинтересирани  правни лица кои  поседуваат градежна механизација и имат интерес да се  вклучат   во Акцијата за чистење на  речни корита  да  поднесат барање со листа на расположиви градежни машини и транспортни возила заклучно со ден 12.05.2011(Четврток) во архива на Општина Неготино.
Поднесените барања ќе ги разгледа Комисија во состав :
1.Зоран Лазов
2.Александар Јованов
3. Бранко Вељанов
Со правните  лица ќе биде склучен  Договор за нивно ангажирање.