ЈАВНИ НАБАВКИ

Отворено со Вас

Пријави проблем

Проектот за локална и регионална конкурентност (ПЛРК)

Службен гласник

Моја - општина

Beeconomy

С О О П Ш Т Е Н И Е PDF Печати

Врз основа на член 35 став 3 од Законот за просторно и урбанистичко планирање  (Сл.Весник на РМ бр.199/14, 44/15, 193/15, 31/16, 163/16, 64/18 и 168/18), член 50 точка 4 од Законот за локална самоуправа ("Сл.весник на РМ" бр.5/02), донесената Годишна програма за изработување на урбанистички планови на Општина Неготино за 2019 година   од Совет на Општина Неготино, Градоначалникот на Општина Неготино го дава следното:

                                                          С О О П Ш Т Е Н И Е
за организирање на јавна презентација и јавна  анкета за Предлог планот -  Измена на ДУП за една градежна парцела ГП бр. 4 (КП 10165/1) Урбаназаедница 4 Урбан блок 4.2 КО Неготино,
општина Неготино

Граници на опфатот сe:  на север ул.„Маршал Тито“,  на исток граница на КП број 10161/2, 10161/1,10166, 10167 и дел од 10170, на југ е граница на КП број 10171 и крак на улица "ЈНА“  и на запад граница на КП број 10164.
Опфатот е со површина  од  1427 м2.
Јавната анкета и јавната презентација за Предлог планот -  Измена на ДУП за една градежна парцела ГП бр. 4 (КП 10165/1) Урбана заедница 4 Урбан блок 4.2 КО Неготино, општина Неготино,  со технички број  04-274/2019 од  јуни 2019 година, изработен од ,,ПАРАМЕТАР“ ДООЕЛ Скопје, ќе се спроведе со излагање на планот во просториите на  општина Неготино.
Јавната анкета ќе трае 10  (десет) работни денови и тоа   од  08.07.2019 година  до 19.07.2019 година,   секој работен ден од 8.00 до 16.00 часот.
Во споменатиот рок, заинтересираните граѓани и правни лица од конкретното подрачје опфатено со планот, можат да доставуваат писмени забелешки,  предлози и мислења на анкетните листови.
Јавната презентација со стручно презентирање на планот ќе се одржи на ден 12.07.2019 година  во  12:00 часот во просториите на општина Неготино.

Синтезен план